Спорт
Кога решителноста го надминува системот, се создаваат вистински херои, кичевчанецот Милошевски доби највисока судиска лиценца од Панамериканската Карате Федерација

Дејан Милошевски од Кичево, Македонија доби највисока судиска лиценца од Панамериканската Карате Федерација и практично се здоби со најголемиот историски успех за македонец кој живее во Америка.
Кога решителноста го надминува системот, се создаваат вистински херои. Тоа најдобро го покажа Дејан Милошевски, Македонец кој живее во САД, со своето постигнување на Панамериканското карате првенство кое неодамна се одржа во Монтереј, Мексико.
На најмасовното првенство досега, со учество на 563 натпреварувачи од 28 држави, за првпат беа вклучени и категории како У21 и Пара Карате. Во таква конкуренција, Милошевски влезе во историјата како првиот Македонец што ја освои највисоката судиска лиценца – „Referee A“ – од Панамериканската Карате Федерација (PKF). Ова признание е едно од најценетите во светот на карате судењето и се добива по долги години работа и стекнување неколку пониски лиценци.
Особено впечатливо е што Милошевски не само што ја доби највисоката лиценца директно, туку тоа му беше одобрено лично од претседателот на федерацијата – нешто што досега не се случило. Дополнително, на теоретските тестирања постигна 100% точност – резултат кој никој друг од 105 кандидати не успеа да го повтори. Освои и лиценца за кати, со што стана првиот Македонец со истовремена европска и панамериканска судиска лиценца.
Овој успех следи по неговото враќање на натпреварувачката сцена на USA Open 2025, по неколкугодишна пауза. Сето ова го постигна без никаква поддршка од Карате федерацијата на Македонија.
– „Се подготвував со срце и цел. Сакав да покажам кој сум и од каде доаѓам. Судев финалиња со гордост и секогаш велев: Јас сум од Македонија. Сега, после ова првенство, секој во PKF знае каде е Македонија“ за Порта.мк изјави Милошевски.
Имено неговиот успех не е само лична победа – тоа е инспирација за сите млади спортисти. Тоа е доказ дека со посветеност и вера во себе, можеш да стигнеш до врвот, дури и без поддршка од системот, додека тој вели „Никој не може да ти ја одземе светлината што сам ја создаваш со својот успех. Таа светлина ќе ги осветлува патиштата на сите што ќе дојдат по тебе.“
Честитки Чобачо!
Спорт
Меѓународната скијачка федерација „FIS“ воведува нов систем за санкционирање, ќе се користат жолти и црвени картони како во фудбалот

Меѓународната скијачка федерација „FIS“ од следната сезона воведува нов систем на санкционирање во скијачките скокови и нордиските дисциплини, користејќи жолти и црвени картони, слично како во фудбалот. Оваа промена има за цел построга контрола и казнување на неправилностите со опремата.
Според новите правила, натпреварувач кој ќе користи недозволена опрема ќе добие жолт картон. Ако го повтори прекршокот, следува црвен картон, што значи суспензија од следното натпреварување и загуба на квотата за националниот тим.
Одлуката беше донесена по бројни контроверзии за време на Светското првенство во Трондхајм 2025. Директорот на натпреварите во „FIS“, Сандро Пертиле, истакна дека последните месеци биле многу предизвикувачки и дека новите мерки се чекор кон подобра контрола и регуларност во спортот.
Покрај картичките, ќе се воведат и построги проверки на опремата – како 3Д мерења на телото за време на натпревари, детална инспекција на оделата, обувките и ракавиците, како и постојан надзор на стартот. Идентификациските чипови ќе се користат само по официјално одобрување на опремата.
Имплементацијата на новиот систем ја предводи Јирген Винклер, во соработка со техничкиот експерт Матијас Хафеле, кој ќе организира обуки за националните федерации.
Со овие промени, „FIS“ има за цел да обезбеди поголема транспарентност и фер-плеј, и планира дополнително да го развива системот за контрола на опремата во иднина.
Извор: fis-ski.com
Спорт
Македонија до 14 години ќе одигра два контролни натпревари против Албанија, кичевчаните Матески и Димоски ќе бидат на списокот на селекторот Станковски

Македонската фудбалска репрезентација до 14 години во јуни ќе одигра два пријателски натпревари против врсниците од Албанија. Првиот меч ќе се одигра на 17 јуни во албанскиот град Корча, на стадионот на ФК Скендербег, со почеток во 17 часот.
Вториот дуел е закажан за 19 јуни и ќе се одигра во Охрид, на стадионот „Билјанини Извори“, со почеток во 11 часот. Селекторот на македонската репрезентација, Горан Станковски, ги објави фудбалерите кои ќе настапат на овие два контролни натпревари против Албанија, истакнаа од ФФМ.
За претстојните натпревари во составот се земени нашите деца од Кичево, кој матичен клуб е „ФК Кичево“, тоа се Борис Матески и Павел Димоски, им посакуваме среќа и успех!
Ова се момчињата кои се најдоа на располагање на селекторот Станковски:
ГОЛМАНИ:
Марио Стојановски – Кул Здравје
Огнен Божиновски – Кул Здравје
Јован Даноски – ФФМ Академија
ОДБРАНА:
Дин Рожајац – ФФМ Академија
Калин Аврамоски – ФФМ Академија
Ариан Исаку – Шкендија
Андреја Блажев – ФФМ Академија
Филип Богоевски – ФФМ Академија
Ејман Емини – ФФМ Академија
Давид Рамадан – Фер Плеј
Хамза Зибери – Парк
СРЕДЕН РЕД:
Давор Танески – ФФМ Академија
Павел Димоски – ФФМ Академија
Дин Баталоски – Пелистер
Борјан Костовски – ФФМ Академија
Давид Петрески – Фер Плеј Охрид
Доротеј Христов – Парк
Васко Трајков – ФФМ Академија
Стефан Стојаноски – ФФМ Академија
НАПАД:
Виган Таири – ФФМ Академија
Драган Петков – Валандово
Борис Матески – Кичево
Јован Јанчевски – ФФМ Академија
Нено Бафтијар – Бутел
Дијар Алиу – Шкупи
Спорт
Медведев и Качанов елиминирани во четвртфиналето на тенискиот турнир во Хертогенбош

Рускиот тенисер Данил Медведев беше елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Хертогенбош, откако загуби од Американецот Рајли Опелка, кој е 87-ми на АТП листата. Натпреварот заврши во два тајбрејка – 6:7, 6:7 – и траеше еден час и 38 минути. И покрај борбата, ниту еден од двајцата не успеа да направи брејк.
Опелка доминираше со 24 аса, додека Медведев имаше седум поени директно од свој сервис. Во полуфиналето, Опелка ќе игра против победникот од мечот меѓу Белгиецот Зизу Бергс (63) и Естонецот Маркус Љал (195).
И другиот руски претставник, Карен Качанов, не успеа да стигне до полуфинале. Тој загуби од Канаѓанецот Габриел Дијало, кој е 55-ти на светот, со резултат 6:7, 4:6. Мечот траеше еден час и 53 минути. Качанов, 24-ти на светската листа, успеа да направи еден брејк, но Дијало возврати со два брејка и вкупно 19 аса, наспроти седумте сервис-поени на Качанов.
Дијало во полуфиналето ќе се соочи со Французинот Уго Ембер (20), кој убедливо го победи Португалецот Нуно Борхес (38) со 6:1, 6:4.
-
Lifestyle23 часа
Кичево овој викенд добива ново место за ноќен живот, добредојде за „Клиника Клуб“, официјално отворање со Катарина Грујиќ во живо!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (18 јуни)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за четврток (19 јуни)
-
Македонија4 часа
Полнете гориво, дизелот значително поскапува од ноќеска
-
Македонија1 ден
Во Скопје лице со остар предмет се обидел да нападне полицаец, бил веднаш лишен од слобода
-
Скопје23 часа
МВР: Расчистен вчерашниот инцидент во Чаир, поднесена кривична пријава против едно лице
-
Скопје2 часа
Во училиште на подрачјето на населба Ѓорче Петров, жена со стол фрлила по вработена во училиштето, МВР го расчистува случајот
-
Lifestyle8 часа
Природен летен пијалок што го чисти телото и ги топи мастите – потребни се само две состојки