Спорт
Кичевчанецот Демир Имери потпиша за украинскиот Олимпик Донецк
Олимпик Донецк го ангажираше фудбалерот од средниот ред Демир Имери. Договорот со фудбалерот е на 2,5 години, а во новиот клуб ќе настапува со бројот 31.
[sg_popup id=”25235″ event=”onLoad”][/sg_popup]
Последен клуб му беше Моста од Малта. Тој е поранешен репрезентативец на младите репрезентации на нашата земја. Во минатото играше во Шкендија, Хоризонт и Ренова, потоа во албанскиот тим Камза, финскиот Кеми.
– Сакам да му помогнам на тимот за што подобар пласман на табелата. Од првиот ден во екипата, можам да приметам дека атмосферата е добра, и има здрава конкуренција. Се надевам дека со работа ќе се наметнам за следните натпревари, изјави Имери на промоцијата.
Инаку ние го знаеме како наше дете познат како Демуш, исклучително добар фудбалер од мали нозе со големи амбиции. Во почетоците ги бранеше боите и на кичевскиот Ф.К. Напредок како и Вразрими.
Честито момче, само напред!
Спорт
Во недела град Велес е домаќин на футсал финале во рамките на „Купот на Македонија“, за трофејот ќе се борат „Клими“ и „Форца 2015“
Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македонија. Финалната пресметка помеѓу Клими и Форца 2015 ќе биде одиграна на 21. април во недела.
Домаќин на финалниот натпревар ќе биде градот Велес, а мечот ќе биде одигран во спортскиот центар Гемиџии.
Финалниот футсал натпревар помеѓу Клими и Форца 2015 ќе започне со почеток во 18. часот.
Спорт
(ФОТО) ФФМ и ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ втор пат по ред организираа инклузивен фудбалски турнир
На тренинг центарот „Петар Милошевски”, втора година по ред Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, организираше инклузивен фудбалски турнир со цел заеднички да испратиме порака дека е важен пристапот и вклученоста на лицата со попреченост на спортските терени.
-ООУ „Марко Цепенков“ – Скопје со една женска екипа
-ООУ „Димитар Миладинов“ – Скопје со машка екипа
– ДСУ „Искра“ – Штип со една машка и една женска екипа
– ДСУ „ Св. Наум Охридски“ – Скопје со две машки екипи и една женска екипа
– ОУРЦ „Маца Овчарова“ – Велес со една машка екипа
Mенаџерот на секторот „Поддршка” во рамките на Фудбалската федерација на Македонија, Горанчо Костовски, заедно со претставникот на училиштето „Св. Наум Охридски“, Станислав Мирчевски го отворија денешниот турнир и им додели симболични награди и признанија на учесниците.
„Почитувани фудбалери и почитувани присутни,особено ми е драго што веќе втора година ФФМ го поддржува фудбалскиот проект на училиштето Свети Наум Охридски и по втор пат сме покровители на Инклузивниот фудбалски турнир. Со овој проект се покажува дека фудбалот покрај спортскиот и натпреварувачкиот дел, служи и како интегративна алатка која го обогатува животот на нашите фудбалери.Ви посакувам да се гледаме почесто.” – за медиумите, преку ФФМА изјави Горанчо Костовски.
Официјална фотогалерија од ФФМ, од самиот настан:
Спорт
Младата женска фудбалска репрезентација учествува на турнир во БиХ ќе одиграат мечеви со Словенија, Украина и домаќинот БиХ
Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април учествува на меѓународниот Уефа развоен турнир што се одржува во Босна и Херцеговина, така што нашите млади фудбалерки ќе одиграат три натпревари, а за противници ќе ги имаат селекциите на Словенија, Украина и домаќинот БиХ.
Првиот натпревар го играме против домаќинот на турнирот, селекцијата на БиХ. Во втората пресметка ќе се соочиме со Украина. Во последното коло играме против селекцијата на Словенија.
Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 16 години Катерина Милеска, за развојниот турнир, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Теа Сапунџиев Истатов
Евгенија Вењановска Скопје
ОДБРАНА:
Арба Мерко Ас Јунајтед
Јована Јованоска Цевитана
Андреа Коловска Љуботен
Искра Смилевска Скопје
Михаела Марковска Топ Гол
Теодора Јоновска Топ Гол
Ема Нановска Истатов
Лина Луканова Ас Јунајтед
СРЕДЕН РЕД:
Леонтина Пржолева Тиверија
Теона Галабовска Тиверија
Ева Величковска Љуботен
Блехана Алиевска Топ Гол
Теодора Настова Скопје
НАПАД:
Настасја Накова Скопје
Розита Пецева Тиверија
Уна Јосевска Скопје
Меланија Грозданова Скопје
Ана Марија Цветкова Лангус, Холандија
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (19 април)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Кичево1 ден
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Култура11 часа
Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Балкан14 минути
Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа
-
Хроника1 ден
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Кичево54 минути
(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..