Следете не

Македонија

Денес 88 нови случаи на Ковид-19, 5 лица починаа..

Објавено пред

на

Во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 45
-Куманово 4
-Штип 1
-Прилеп 7
-Тетово 6
-Струга 3
-Битола 2
-Охрид 3
-Гостивар 1
-Струмица 7
-Крива Паланка 2
-Кочани 3
-Македонски Брод 1
-Виница 1
-Кичево 2

Починати се 5 лица, пациент од Тетово (53г), од Гостивар (60г), од Прилеп (57г), од Струга (60г) и еден пациент од Битола (60г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 135 оздравени пациенти од:

-Скопје 42
-Куманово 17
-Штип 7
-Прилеп 16
-Тетово 10
-Велес 1
-Битола 2
-Охрид 4
-Гостивар 10
-Гевгелија 4
-Крива Паланка 5
-Радовиш 2
-Кочани 4
-Пробиштип 2
-Пехчево 2
-Кратово 1
-Свети Николе 2
-Кичево 3
-Ресен 1

Досега во земјата се направени вкупно 177.635 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16867, бројката на оздравени пациенти е 14084, на починати е 705, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2078.

Македонија

МВР набави 40 нови дрегери до поголема безбедност за граѓаните

Објавено пред

на

Министерството за внатрешни работи набави нови 40 етилометри (познати уште и како дрегери) кои ќе бидат предадени на сообраќајната полиција за санкционирање на возачите што управуваат возила под дејство на алкохол. По неодамнешната набавка на 50 модерни, технички високо-софистицирани радарски уреди, продолжуваме со опремувањето на сообраќајната полиција со цел уште поголемa безбедност на патиштата.

Токму возачите кои управуваат возило под дејство на алкохол се причинители на голем број тешки сообраќајни незгоди и затоа нивното санкционирање е еден од приоритетите на сообраќајната полиција. Сега сообраќајната полиција има 145 етилометри, за разлика од само осум етилометри во 2017 година.

Постојаното вложување во сообраќајната полиција и професионалното работење на полициските службеници придонесуваат за континуирано намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди. Со новата опрема дополнително ја зголемуваме безбедноста на патиштата, а и во наредниот период продолжуваме со сите потребни набавки за да обезбедиме максимални услови за сообраќајната полиција. Како резултат на посветеноста за создавање безбедни средини за граѓаните, минатата 2020 година е година со најмал број на жртви, а од 2017 година наваму бројот на жртви континуирано се намалува.

/МВР

Прочитај повеќе...

Македонија

Од денес и авто-плинот со нова покачена цена, невообичаено за овој период од годината

Објавено пред

на

Од денес на повеќето малопродажни објекти плинот е со покачена цена за литар. Цената на авто-плинот (тнг) се зголеми 1,5 денар и моментално се продава 36,00 денари за литар, додека за останатиот дел објекти новата цена на плинот ќе стапи на сила од вечерва.

Како што знаеме авто-плинот не е под Регулаторната Комисија за Енергетика.

Прочитај повеќе...

Македонија

Затворен сообраќај на делница помеѓу клучките Штип-запад до Штип-југ, сообраќајот ќе биде пренасочен преку регионален пат

Објавено пред

на

АМСМ известува дека поради изведување на градежни работи од страна на фирмата „СТРАБАГ АГ“ почнувајќи од среда – 21.07.2021 година, целосно ќе биде затворен сообраќајот на делницата помеѓу клучките Штип-запад до клучка Штип-југ.

Сообраќајот ќе биде пренасочен на веќе постоечкиот Регионален пат кој минува низ Штип преку Ново Село до клучка Штип-југ.

Извор: АМСМ

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 15 часа

Хороскоп за денес (24 јули) сабота

ОВЕН Се чувствувате подготвени да прифатите дополнителна работа што може да биде отскочна даска за вас и која може многу...

СветПред 1 ден

Повеќе од 200 американски официјални лица добија мистериозна болест, ЦИА ја повикува Русија

Околу 100 вработени во ЦИА и членови на нивните семејства се меѓу 200-те американски службеници кои страдаат од мистериозниот синдром...

СветПред 1 ден

Автомобилот Тесла повторно ќе може да се купи со биткоин

На иницијатива на нејзиниот сопственик Илон Маск, компанијата Тесла, која произведува електрични автомобили, неколку пати го смени ставот кон криптовалутата...

СветПред 1 ден

На прагот на новата ера на откривање – НАСА ги објави плановите за Марс

Rover Perseverance се подготвува да го собере првиот примерок од карпи од Марс, објави во средата американската вселенска агенција. Собирањето...

Временска прогнозаПред 1 ден

Продолжува стабилното време со мала локална облачност, од недела многу топло, ова се деталите..

И понатаму продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Повремено ќе има услови за изолирана...

На денешен денПред 2 дена

На денешен ден – 23 јули

1757 година – почина италијанскиот композитор Доменико Скарлати, виртуоз на чембало. Составил 555 сонати на чембало користејќи нова техника со...

ХороскопПред 2 дена

Редовен Хороскоп -( 23 јули )- петок

ОВЕН Денес Месечината кај Овенот ги истакнува деловните и личните односи што се сведуваат на одредени обврски и дискусии. Договорените...

ГејмингПред 2 дена

Конами: Популарната игра „PES“ го менува името во „eFootball“ и станува бесплатна за играње

Јапонската компанија „Конами“ објави дека популарната видео игра PES (Pro Evolution Soccer) се откажува и дека на нивната долгогодишна фудбалска...

Здравје и убавинаПред 2 дена

Светско, а сепак наше и кичевско, апи-центар „Грозданоски“ – „Нашата природна аптека за вдишување на здрав пчелин воздух“

По теркот на малкумината европски и балкански пчелари г-дин Зоран Грозданоски, сакајќи да ги прикаже благодетите на пчелите и пчелните...

СветПред 2 дена

Ливерпул е отстранет од списокот на светско културно наследство на УНЕСКО

Англискиот град Ливерпул вчера беше избришан од списокот на светско наследство на УНЕСКО, бидејќи новите згради ја нарушија убавината на...

НАЈЧИТАНИ