Временска прогноза
Денес ќе имаме дожд на секаде, ова е деталната анализа и за следните денови
Под влијание на силниот циклон АЛЕН од вечерва најрпвин кај нас во западните а во текот на денешниот ден и во останатите предели од државава ќе има врнежи од дожд кој локално ќе бидат поројни и проследени со појава на грмежи.
Локално во текот на денот процесите има услови да бидат и поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Ќе започне да дува јужен и југоисточен ветер кој повремено ќе биде засилен по интензитет.
Во понеделник доцна попладне и навечер поради спуштање на значително постудена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер кој ќе услови значителен пад на температурите па така врнежите од дожд на планините ќе поминат во врнежи од снег.
За време на овој циклон локално ќе наврне и позначително количество на воден талог (од 20 до 30 л/м2).
Особено студено ќе биде во текот на ноќта вторник кон среда и во среда наутро кога постои опасност и за појава на мраз па така минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени додека на планинските места ќе биде уште постудено, најсвеж ден ќе биде пак вторник кога максималните дневни температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 18 степени.
Затоплување на времето и пораст на температурите на воздухот ќе има од среда па натаму.
Подготви: Славчо Попоски /1tv.mk
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево1 ден
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Култура15 часа
Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Балкан4 часа
Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за сабота (20 април)
-
Кичево5 часа
(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..
-
Хроника2 дена
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.