Следете не

Lifestyle

Денес е 8-ми март, меѓународниот ден на жената. Одберете порака и покажете го вашето внимание. Честит празник дами!

Објавено пред

на

Денес е 8-ми март, меѓународниот ден на жените кој се празнува секоја година. Овој празник настанал како резултат на борбата за економска, политичка и социјална рамноправност на мажите и жените. Сакајте ги, почитувајте ги и честитајте им го денешниот ден на вашите најмили со некои од овие пораки со кои ќе им го покажете вашето внимание:

 

● Многумина ќе ти посакаат брдо убави нешта, но ретко кој ќе се потруди тоа да ти го исполни! Јас ќе ти посакам само онолку колку што ти е потребно за да бидеш среќна… Среќен 8ми март!

● Во твојот мобилен телефон залутала порака каква овие денови сигурно не си видела….. а таа гласи: Среќен 8ми март!

● Да се биде жена е ужасно тешка задача, ако се има во предвид дека истата опфаќа константно соочување со мажите… Но, ти благодарам што си моја жена! Среќен ти 8ми март!

● Нека овој ден биде само твој, нека сонцето само за тебе сјае, не затоа што си жена, туку затоа што си единствена, поинаква од сите… Среќен 8ми март!

● Ти испраќам ѕвезда со најубав сјај, ти испраќам среќа без крај, ти испраќам сон исполнет со љубов и најубавите желби за денешниот ден! Среќен 8ми март!

● Твојата љубов е како искра која што го осветлува мојот свет! Најсакана, сакам да ме водиш низ целиот мој живот! Среќен 8ми март!

● Оваа порака ја пренесува сета мојата среќа и доброто расположение! Барем на момент уживај во чувството дека некој постојано мисли на тебе! Среќен 8ми март!

● Те сакам што си најубава бајка и што си родена да бидеш токму моја мајка… Среќен 8ми март!

● Нека среќата ти стане стварност, а здравјето нека биде трајност, нека љубовта твоето срце го грее и секоја исполнета желба нека ти се насмее! Среќен 8ми март!

● Те сакам затоа што си мојот живот и токму тебе ти го должам целиот мој успех, не само на овој ден, туку и на секој друг, за нас посебен! Среќен 8ми март!

● Ова е убава порака, пишувана со убави букви во еден убав ден и истата е испратена во најубавата минута, а може да ја добие само најубавата личност на овој свет! Среќен ти 8ми март убавино!

● Чувствувај се посебно, единствено, најпрекрасно… Ова е твојот ден! Среќен ти 8ми март!

● Ти благодарам што нашиот дом го правиш најпрекрасното место за живеење во светот! Среќен 8ми март моја најсакана!

● Мојот свет е прекрасен поради тебе и посакувам секој ден од остатокот од животот да го поминам сакајќи те! Среќен 8ми март!

● Да бидеш полна како брод, да ги фрлаш сите мажи на под! Ти си риба, тие се шкарт – Среќен ти 8ми март!

● И на крајот онаа наједноставната, а за многумина и најдрага: Среќен 8ми март!

● Што и да се случува, една жена никогаш нема да биде заборавена и вечно ќе живее во моите срце и душа. Среќен празник, мамо!

● Нека овој ден ти биде посебен, сонцето постојано да те грее, не затоа што си жена, туку затоа што си единствена и поразлична од другите! Среќен 8-ми март!

● Нека секој следен ден ти биде подобар, сите желби остварени, и не заборавај на сонцето дури и тогаш кога истура дожд. Среќен празник!

● Те сакам затоа што си најдобра, полна со разбирање и издржливост. Горда сум што си ми мајка. Среќен 8-ми март, мамо!

● Ти испраќам ѕвезда со најубав сјај, многу среќа и бакнежи исполнети со љубов. Најубави желби за овој ден, среќен празник!

● Секоја добрина која ја даруваш нека ти се врати во поголема мера, нека љубовта биде твоја водилка низ животот и уживај не само денес, туку и секој нареден ден. Среќен 8-ми март!

● Сѐ додека Земјата се врти, јас ќе те сакам. Сѐ додека сјаат ѕвездите, јас ќе внимавам на тебе, а секое наредно утро ќе ти покажувам колку повеќе ми значиш! Среќен празник!

● Среќен празник на најубавата, најуспешната и најинтелигентната жена. Секогаш стреми се кон иднината и нека те пратат само убави моменти!

● Уживај во сознанието дека ги имаш најблиските до себе и чувството дека некому си му целиот свет. Секогаш имај на ум дека некој те сака и внимава на тебе. Среќен 8-ми март!

● Исполни ги годините со живот, а не животот со години. Запамети дека ти си достојна за внимание секој ден, а не само еден ден во годината. Уживај во својот живот, среќен празник!

Lifestyle

🎵 „La Casa“ продолжува со најдобрите забави во градот, тридневна агенда на музички настани, резервациите се отворени

Објавено пред

на

Почитувани, од кичевска „La Casa“ пристигна предстојната викенд агенда која не смеете да ја пропуштите, спремете се за тридневно музичко уживање на отворено, покрај базен до раните утрински часови, на добропознатата, стара локација, со нов модерен стил.

Многу забава и одличен проверен амбиент.

Четврток, одличните „Скадаралија“ после подолго време во Кичево:

Петок, вистинско време за урбана димензија на Hip Hop музика со мегапопуларниот македонски DJ K-105 со најновиот сет со full performance.

Сабота, дечките од „Скандал Састаф“ ќе бидат главните виновници за да ја заокружите вашата викенд агенда со хитови во живо и здравица!

Бројот на резервации е ограничен, така што навреме резервирајте го вашиот викенд престој на ☎️ 076/223-007, поради тековна припрема за нов помодерен стил на летниот дел од „La Casa“ Restaurant & Bar

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Пронајден фосил на риба стар 95 милиони години во Мексико

Објавено пред

на

Фосил на риба за кој се верува дека потекнува од пред 95 милиони години е пронајден во Мексико.

Фосилот е пронајден во провинцијата Чиапас, на југоистокот на земјата, а се претпоставува дека тој живеел на американскиот континент во периодот кога живееле и диносаурусите.

Научниците веруваат дека фосилот припаѓа на еден вид риба од американската област.

Пронајден е фосил на риба со голем број боцки на грбот и анални перки. Тоа е претходно неидентификуван вид кој живеел пред приближно 95 милиони години, односно во истиот период со диносаурусите “, велат истражувачите.

Клејтон Манџо Канталисе, експерт од Националниот автономен универзитет во Мексико, рече дека овој вид го добил името „Choichix alvaradoi“.

Кантализ верува дека овој вид риба потекнува од Мексико.

„Претходно се веруваше дека рибата доаѓа од Европа и се движи кон оваа област. „Но, сега гледаме дека најстарата и првата риба живееше на овие простори“, рече тој.

Прочитај повеќе...

Lifestyle

🎵 Кичево викенд „La Casa“ ресторан, на ваше барање „Feedback Band“ & „Тони Андреев“, резервациите се во тек

Објавено пред

на

По успешниот викенд кој измина, време е за ново музичко дружење на отворено, кое не смеете да го пропуштите. Имено на сцената во петок ни доаѓаат веќе докажаните „Feedback Band“, кој ќе ја разгорат кичевската музичка атмосфера во најдобрите хитови во живо, додека во сабота доаѓа секогаш добредојдениот, македонскиот Саша Ковачевиќ, господин Тони Андреев со најпопуларните безвременски хитови, за забава до раните утрински часови!

Вашите викенд резервации се во тек, резервирај веднаш на ☎️ 076/223-007

„La Casa“: Ви благодариме за сите досегашни позитивни коментари, ќе се потрудиме да остане така и во иднина!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 17 минути

Хороскоп за денес (29 јули) четврток

ОВЕН Денес ќе бидете преплавени со обврски. Вашиот телефон ќе ѕвони постојано па едвај ќе имате време за себеси. И...

МузикаПред 4 часа

Перо Пандилоски со журка во живо овој петок во ресторан & бар „La Casa“

Овој петок, последен за месец јули, „La Casa“ продолжува најдобриот ритам во градот Кичево, имено одличниот Перо Пандилоски ќе настапи...

КичевоПред 9 часа

(ГАЛЕРИЈА) „Кичевската и Горнореканска Коњаница“ пристигнаа во Кичево

После отслужената Света Божествена Литургија се пристапи кон македонската заклетва, пред свето писмо, кама и револвер. Кичевската Коњаница од дворот...

Временска прогнозаПред 11 часа

ВНИМАНИЕ: Од денес и следните денови следуваат најтоплите денови ова лето и висок УВ индекс

Од денес, па се до крајот на оваа седмица во Македонија следуваат НАЈТОПЛИТЕ ДЕНОВИ и максимумот на овој ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ...

На денешен денПред 18 часа

На денешен ден (28 јули)

1330.- Српскиот крал Стефан од Дечани ја победи војската на бугарскиот цар Михаил Шишман во битката кај Велбужде, кој потоа...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес -[ 28 јули ]- среда

ОВЕН Денес не е претерано поволен ден за земање или давање било какви позајмици. Потрудете се да ги чувате своите...

СпортПред 1 ден

ФФМ: Место за три екипи за учество во натпреварувањата во Втората Футсал лига за сезона 2021/2022

Пријава за учество во натпреварување во Втора Футсал лига за сезона 2021/2022 за пополнување на три слободни места. Краен рок...

Временска прогнозаПред 1 ден

Деновиве не очекува многу топло време – ова се најновите детали

Изразениот топлотен бран се до крајот на оваа седмица ќе условува температури значително над просекот и истите ќе бидат повисоки...

МакедонијаПред 1 ден

Дури 121 возач вчера престигнувале непрописно, информира МВР

Во текот на вчерашниот ден (26.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно...

КичевоПред 1 ден

Концерт на „Д.Н.О.“ во Сабота & „Brass Brothers“ во Петок, викенд агенда во Република 96250

Викендот го започнуваме со одличен настап на македонскиот Drum and Bass бенд BRASS BROTHERS во Петок Сабота, Д.Н.О доаѓаат на...

НАЈЧИТАНИ