Следете не

Култура

Денес е „Иванден“ денот на раѓањето на Св. Јован Крстител, за многу години!

Avatar

Објавено пред

на

Иванден е еден од големите христијански празници од летниот циклус каде се слави раѓањето на Свети Јован Претеча и Крстител Господов.

Во македонската народна традиција овој празник е поврзан со летниот солстициј, односно со периодот на долгодневицата. Овој празник во годишниот круг празници е симетричен на Божиќ, денот поврзан со зимскиот солстициј, односно со периодот на краткодневицата. Овие два празници ги поврзуваат и повеќе обичаи и верувања поврзани пред се со сонцето.

Во таа насока се и обичаите и верувањата поврзани со огновите. Ритуалите со билките, исто така претставуваат еден од најважните елементи поврзани со Иванден, а тие пак исто така се остаток од старите словенски верувања. Со Иванден се поврзани многу обичаи и верувања но најповеќе се однесуваат на билките и верувањето во нивната магиска моќ. Верувањето пак дека тој ден играло сонцето или дека се превртувало три пати е поврзано со тоа што Иванден се паѓа во најтоплиот период од годината.

Шест месеци пред своето јавување на Пресветата Дева Марија во Назарет, великиот архангел Божји Гавриил му се јавил на првосвештеникот Захариј во ерусалимскиот храм.

Пред да го објави чудесното зачнување на безмажната девица, архангелот го објави чудесното зачнување на една бездетна старица. Захарија не поверувал веднаш во зборовите на Божјиот известител и затоа јазикот му се врзал со немост, па останал нем сѐ до осмиот ден по раѓањето на Јован. Тој ден се собрале роднините на Захарија и Елисавета за обрезание на младенецот за да му биде дадено име.

Па кога го прашале таткото кое име би сакал да му го даде на синот, тој бидејќи нем напишал на табличка: Ј о в а н. Јазикот му се одврзал во тој час и тој почнал да говори.

Домот Захариев бил на височината меѓу Витлеем и Хеброн. Гласот дека на Захарија му се јавил ангелот Божји, дека онемел, а потоа му се одврзал јазикот штом го напишал името Јован, се разнесел по сиот Израил. Овој глас стигнал и до Ирод.

Затоа Ирод, кога испратил да се заколат децата во Витлеем, пратил луѓе и во ридското престојувалиште на семејството Захариево, за да го убијат и Јован.

Од обичаите што се изведуваат на овој ден повпечатливи се оние поврзани со растението папрат.

Имено вечерта спроти празникот се бере папрат, а тоа пак е поврзано со верувањето во неговата апотропејска моќ. Папратот се става на постелата и на него се спие за здравје, а рано наутро на самиот ден Иванден се плетат венци што се ставаат во бавчите за да ги чуваат од разни болести, временски непогоди како и други несреќи.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Култура

Љубовта кон Бога е најдобар лек за душата

Avatar

Објавено пред

на

Пред сѐ, потребно е да се верува во Бог, бидејќи „оној што Му приоѓа на Бога, треба да верува дека Тој постои“.

Верата, според зборовите на преп. Антиох е почетокот на нашето соединување со Бога: оној што вистински верува е камен за Божјиот храм, подготвен за зданието на Бог Отецот, вознесен кон висината со силата на Исус Христос, односно Крстот, и благодатта на Светиот Дух.

„Верата, пак, без дела е мртва“, а делата на верата се: љубовта, мирот, долготрпението, милоста, смирението, одморот од своите дела, како што Бог се одмори од делата со носењето на Крстот и животот според духот.

Само таквата вера се признава за вистинска. Нема вистинска вера без дела. Оној што вистински верува, бездруго има и дела.

Сите што имаат цврста надеж во Бога, се вознесуваат кон Него и се просветлуваат со вечната Светлина.

Вистинската и мудра надеж се гледа во тоа што човекот воопшто не се грижи за себе, и тоа од љубов кон Бога и заради добродетелите, знаејќи дека за него се грижи Бог. Ако, пак, човекот самиот се грижи за своите работи и кон Бога се обраќа со молитва само тогаш кога доаѓаат неизбежните несреќи, па не наоѓајќи во сопствените сили соодветно средство, почнува да се надева на Божјата помош – таквата надеж е суетна и лажна. Вистинската надеж го бара само небесното Царство, и притоа е уверена дека сѐ земно, што ѝ е потребно во овој минлив живот, ќе ѝ биде дадено. Додека не се здобие со таква надеж, нашето срце нема да има мир и спокој. Само таа надеж ќе го смири и ќе го направи радосен. Токму за неа, достојната за поклони пресвета Уста рекла: „Дојдете при Мене сите што сте изморени, и Јас ќе ве успокојам“. Тоа значи дека изморените и натоварените својата надеж ќе ја положат на Господ и така ќе најдат олеснување во трудот и во својот страв.

Во евангелието според Лука, за Симеон е кажано: „Преку Светиот Дух му беше ветено дека нема да види смрт додека не Го види Господ“. Праведниот старец не ја гасел својата надеж, туку Го чекал премногу саканиот Спасител и, со радост Го земал во своите раце, велејќи: „Сега го отпушташ својот слуга, Владико, во Твоето долгоочекувано Царство, благодарение на надежта“.

Оној што ја добил совршената љубов, во овој живот живее како да го нема, затоа што се смета за туѓинец во видливиот свет и со нетрпение го чека невидливото. Тој целиот се променил во љубовта кон Бога и заборавил на се останато.

Кој се сака себеси, не може да Го љуби Бога. А кој не се љуби заради љубовта кон Бога, тој вистински Го љуби.

Оној што вистински Го љуби Него, се смета за странец и дојденец на земјата, зашто во својот стремеж кон Бога, со душата и умот Го созерцува Единствениот.

Душата, исполнета со Божјата љубов, во времето на заминувањето од своето тело, нема да се исплаши од кнезот на злото, туку со ангелите ќе летне во својата татковина.

св. Серафим Саровски
фото: Порта.мк (св.Богородица Пречиста)

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Култура

11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ

Avatar

Објавено пред

на

Денес се чествуваат 79 години – Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат и само како 11 Октомври — државен празник кој се празнува на 11 октомври во Македонија. Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.

Историја

По фашистичката агресија и окупацијата на Југославија во 1941 година, Македонија повторно е поделена, овојпат помеѓу италијанскиот и бугарскиот окупатор.

И пред 11 октомври 1941 година доаѓа до вооружен отпор против окупаторот. Така, на 8 септември Лазо Колевски убива бугарски стражар кај Богомилскиот тунел, истиот ден во Скопје Боро Петрушевски убива бугарски војник, на 7 октомври во Скопје е извршен обид за убиство на агентотМане Мачков, во кој загинува Благоја Деспотовски – Шовељ, а на 8 октомври Трајко Бошкоски – Тарцан, пробивајќи се низ непријателскиот обрач во Прилеп, убива еден непријателски полицаец.

Сепак, за почеток на востанието против фашизмот во Македонија се смета нападот кој Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ го извршува во Прилеп на 11 октомври 1941 година. Во нападот учествуваат 16 партизани,распределени во три групи. Првата го напаѓа бугарскиот полициски участок, втората – затворот, а третата има задача да ги прекине телефонските врски и електричната инсталација.
  • Во првата група учествуваат: Аспарух Јосифоски (командир), Душко Наумоски, Блаже Спиркоски, Милан Димоски и Драган Спиркоски.
  • Во втората група биле: Никола Попоски (командир), Мице Козар, Пецо Крстески, Јонче Јанески, Благоја Корубин и Душко Ристески.
  • Во третата група биле: Мице Димески (командир), Крсте Црвенковски, Коле Чашуле, Киро Ќососки и Киро Базеркоски.

Помеѓу партизаните немало загинати, а бил убиен еден стражар од участокот во Прилеп од Душко Наумоски. Татко му на Наумоски бил пријател на стражарот Петар Колев, кој бил местен човек од Смилево, мобилизиран. Душко го искористил ова па се приближил и го убил.

Дејствија има и во Кумановско. На 12 октомври 1941 година, во областа Студена вода е формиран Кумановскиот (Козјачки) партизански одред, а во областа Менкова колиба Карадачкиот партизански одред. При првите судири со бугарската војска овие партизански одреди биле разбиени. Карадачкиот одред е разбиен на 14 октомври, а Козјачкиот одред – на 17 октомври. Скопскиот партизански одред, формиран веќе во август, не зема учество во овие настани, бидејќи борците не биле известени. Иако активноста на овие први партизански одреди е скромна, таа претставува иницијална каписла за продолжување на борбата.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Култура

Почина Еди ван Хален – еден од најголемите рок гитаристи во светот

Avatar

Објавено пред

на

 Еди ван Хален, еден од најголемите рок гитаристи и еден од основачите на исклучително успешна рок-група именувана по него и неговиот тапанар брат, почина денес од рак, објави неговиот син Волфганг на Твитер.

„Не можам да верувам дека морам да го напишам ова, но татко ми Евард Лодевик ван Хален загуби долга и тешка битка со ракот утрово“, рече на твит Волфганг ван Хален, басист кој свиреше со неговиот татко во групата. пренесува Ројтер.
Еди и неговиот брат Алек ја основаа групата „Ван Хален“ на почетокот на 70-тите години на минатиот век во Лос Анџелес, каде се здобија со култен статус уште пред да го издадат својот прв албум во 1978 година.

Албумот беше 19-ти на листата на Билборд, што е едно од најуспешните деби во таа деценија.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 1 час

До вчера во Кичево 551 случаи на Ковид-19, додека активни се 161

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 30488, бројката на оздравени пациенти е 20448, на...

КичевоПред 3 часа

Скопјанец во Кичево вчера го нарушил јавниот ред и мир

На 30.10.2020 година во 21:30 часот, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Ослободување“ во Кичево, Ш.А.(49) од Скопје го нарушил...

ЕстрадаПред 6 часа

(ВИДЕО) Зурлаџијата Џељо Дестановски меѓу најмладите со ново оро за пријатен викенд

Нашиот пријател Џељо Дестановски и во овие тешки ковид моменти за македонската музика, успешно твори и компонира нова музика. Како...

КичевоПред 7 часа

Понуда плус за ваша сигурна заштеда преку АТВА маркети

Екстра понуди, неодоливи цени на акциските производи само во АТВА маркети – Кичево © Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови...

Здравје и убавинаПред 8 часа

Јадете ги оревите, заштитниците на вашето срце, еве зошто..

Набрзо откако е откриено дека оптималната дневна доза на ова овошје може да спречи развој на срцеви болести, оревите се...

ХороскопПред 19 часа

Денешен Хороскоп (31.10) сабота

ОВЕН Ќе се чувствувате некако нерасположени и ќе барате нешто што ќе ве расположи. Очекувајте повик од драга личност и...

Без категоријаПред 20 часа

Кичево високо на врвот во ПМ-10 честички на последните мерења вечерва, дали стартот на грејната сезона дополнително ќе го отежни квалитетот на воздухот?

Вечерва мерната станица лоцирана во Кичево на последните мерења во 21:00ч покажува опасна загаденост на воздухот особено во однос на...

МакедонијаПред 22 часа

КОВИД-19 НЕ ЗАПИРА ДЕНЕС РЕКОРДНИ 934 НОВИ СЛУЧАИ

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 420 -Куманово...

КичевоПред 1 ден

На ул. Рудничка во Кичево вчера кучиња скитници нападнале две лица

На 29.10.2020 година во ОВР Кичево, Д.Т.(84) од селото Малкоец, пријави дека на улицата „Рудничка“ во Кичево, бил каснат од...

СпортПред 1 ден

Поради новиот протокол во рамките на пандемијата, натпреварите во Првата и Втората лига се одложени соопшти ФФМ.

„Комисија за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека поради измени на Протоколот за спроведување мерки за...

НАЈЧИТАНИ