Следете не

Култура

Денес е спомен на Светиот Апостол Филип Ѓакон

Avatar

Објавено пред

на

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 октомври.
Православните верници денес го одбележуваат светиот апостол Филип, со потекло од Кесарија (денешна Палестин) кој целиот свој живот проповедал христијанство и ги описмнувал сите оние кои сакале да учат, без разлика на вера и националност.

Апостол од Седумдесетте. Родум од Кесарија Палестинска. Беше женет и во бракот му се родија четири ќерки, сите четири со дар на пророкување и сите четири заветувани девици Христови. Кога светите апостоли избираа ѓакони, тогаш беше избран и Филип, покрај Стефан и останатите. Тој со голема љубов и внимание им служеше на сиромашните и на вдовиците. Кога настана гонењето на христијаните во Јерусалим, светиот апостол Филип се засолни во Самарија и таму го проповедаше Евангелието и Го сведочеше Бога со многубројни чуда и изгонувања на демони, со исцеленија на болни итн. Кога ги виде чудата на апостолот, се крсти и прочуениот волх Симон. Свети Филип го крсти и евнухот на царицата Кандакија. Потоа, Ангел Божји во истиот миг невидливо го пренесе во Азот, кадешто оттогаш поучуваше и проповедаше и мнозина ги обраќаше кон Христа. Беше поставен за епископ во Лидија каде што крсти многумина. Се упокои мирно во длабока старост.
Денеска светот дава богатство и штити од напасти, затоа на денешен ден трба да се молите на Свети апостол Филип, да го моли милостивиот Бог да ги опрости гревовите.
Со реченицата: Апостоле, свети Филип, моли го милостивиот Бог да ни ги опрости гревовите на нашите души.

Преподобен Теофан Начертани
Исповедник и писател на канони. Роден е во Арабија од богати и побожни родители. Заедно со неговиот брат Теодор (се слави на 27 декември) се замонаши во манастирот на светиот Сава Осветен. Како многу образовани монаси, јерусалимскиот патријарх Тома ги испрати кај царот Лав Ерменин за да му го образложат и да го одбранат пред царот иконопочитувањето. Свирепиот цар ужасно ги намачи овие свети браќа и ги фрли во затвор. Подоцна, царот иконоборец Теофил продолжи да ги мачи, а за да ги изложи на потсмев на светот нареди на нивните лица да се нацртаат некои шегобијни зборови. По завршувањето на иконоборството, свети Теофан беше пуштен на слобода и наскоро посветен за епископ. Се упокои мирно во 847 година. За иконите страдаше дваесет и пет години. Напиша сто четириесет и пет канони и се удостои со наследството на вечната радост на својот Господ.

Маченичките Зинаида и Филонила беа роднини на светиот апостол Павел, родум од Тарс. Тие го напуштија својот дом и се преселија во пештерите близу градот Димитријада и таму живееја во непрекината молитва и труд. Поседуваа лекарска вештина и ги лечеа сите коишто им се обраќаа за помош, а истовремено со лекувањето на телото им ги исцелуваа и душите обраќајќи ги кон Вистинскиот Бог. Заради својата ревност за Господа, проповедничките примија маченички венци: идолопоклониците ги убија со камења.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Музика

(ФОТО) Кичевско лоби ја обедини македонска Австралија, полни сали, многу песна, веселба до раните утрински часови

Avatar

Објавено пред

на

Кичевчаните Спасен Сиљаноски и Дарко Стојаноски заедно со бендот Престиж се вистински амбасадори на македонската музика деновиве во Австралија, каде во полни сали до последно место, музика до раните утрински часови покрај најголемите македонски хитови кои никого не оставаат рамнодушен ги обединија нашинците во тие краишта.

Пред неколку дена до последно место исполнета беше и Ferraro Receptions во Мелбурн каде под македонска фаланга и сонцето од Кутлеш се пееше во еден глас, додека следни се концертите во Волонгонг и Сиднеј.

Инаку денес Спасен и Дарко си добија по една маичка со молитва која мора да ја погледнете:

Секоја чест! 🇲🇰👌

Слушнете го најголемиот хит на Спасен Сиљаноски кој се пее насекаде и моментално брои нешто повеќе од 2 милиони прегледи:

Слушнете го и хитот на Дарко Стојаноски – Јована

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Култура

Книжевен блог што треба да го знаат сите љубители на литературата!

Avatar

Објавено пред

на

Во денешното модерно време и достапноста на технологијата покрај постоењето на веб портали со најразлични содржини, форуми и слично, во македонскиот сајбер-простор постојат литературни или книжевни блогови чијашто главна тематика се книгите и сè што е поврзано со книжевност. Нивниот број во нашава држава не е многу голем, но сепак ги има и вреди да се спомне нивното постоење.

Еден од таквите книжевни блогови кој вреди да биде посетуван од секој љубител на пишаниот збор е „Крајбрежје на два спротивни света“. Блогот постои од 2013 година, а овој месец ќе го слави неговиот 7-ми роденден. Зад него стои Наталија Наумовска како главен основач, а заедно со неа како дел од тимот се јавуваат и Маја Дојчинова Малиновска, Мишо Ристовски, Викторија Саздовска и Анамарија Наумовска (која е малку на пауза со ангажманите околу блогот). Останатите четворица неуморно се посветуваат и ги збогатуваат содржините секојдневно со интересни објави, а вниманието ќе ви го задржат со нивната уникатност и различните објави што не можете да ги најдете на друго место. Покрај тоа, уште еден новитет кај нив е дека на почетокот од оваа година ја почнаа радио-емисијата наречена „Кулитерација“ која се емитува на радио МОФ. Емисијата е еден вид „продолжение“ на она што го прават на блогот, креаторите на истата односно четворицата ентузијасти велат дека таа е од едукативен и информативен карактер, и ги повикуваат читателите и слушателите активно да слушаат, но и да се вклучуваат во наградните игри што ги спроведуваат на нивниот инстаграм профил каде даруваат книги, а дарувањата ги најавуваат во секоја епизода што се емитува на радиото.

Прозни дела, многу стихови, колумни, литературни осврти и рецитали, известувања за литературни настани и промоции се само дел од содржините на блогот кој веруваме дека го заслужува вашето внимание. Интересна категорија што е многу воочлива, наречена „Вашиот глас“ е место каде и блогерите ги читаат останатите чиишто дела сакаат да бидат споделени на блогот па во категоријата се објавуваат сите дела што им ги испраќаат. „Шаренолик и богат опус на творештво може да се најде и во таа категорија, но има подеднакво квалитетни објави и во останатите категории“.

Блогерите се залагаат за негување и ширење на пишаниот збор, за промоција на неафирмирани и афирмирани автори, за доближување на литературата од еден поинаков агол. Блогот што ќе го промени вашиот свет – е нивното мото, а тие го прават токму тоа, склопуваат делчиња од нивните светови и заедно го градат светот кој го сочинува Крајбрежје.
Љубителите на книги и на пишаниот збор во одредена бројка го следат уште од самиот почеток, а нивната бројка расте секојдневно. Авторката вели дека има редовна читателска публика што ѝ останала верна уште од времето кога блогот имаше друго име: „Светла точка во мракот“, но сега е препознатлив по „Крајбрежје на два спротивни света“.
Ако сметате дека повеќе луѓе треба да дознаат за постоењето на овој блог покрај многуте други тогаш поддржете ги со лајк на нивната Facebook страна, и следете ги на Инстаграм.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Култура

Денес е Тодорова сабота: Празник на приврзаноста кон велигденскиот пост

Avatar

Објавено пред

на

Православните верници денеска го слават пазникот Тодорова Сабота – Празник на приврзаноста кон велигденскиот пост.
Именден празнуваат: Тодор, Тодорка, Божидар (доаѓа од Тео-Бог и дар).

Јавувањето на св. Теодор Тирон и укажувањето на подлите намери на царот Јулијан Отстапник биле повод да се востанови празникот Тодорова Сабота, што се празнува во првата сабота од Велигденските пости, односно првата сабота по Прочка.

Првата сабота од великиот пост
Во оваа прва сабота на постот, со коливо го празнуваме преславното чудо на светиот великомаченик Теодор Тирон, коешто се случи вака: кога Јулијан отстапник, после Констанциј, синот на Константин Велики, го зеде управувањето со царството, тој започна отворено враќање од христијанството во идолопоклонството, и тоа не тајно, туку јавно, подигнувајќи прогон против
христијаните. Но, злочестивиот не сакал јавно да приредува сурови мачења, туку смислил поинаков начин да ги искушува христијаните. Знаејќи дека нашиот христијански народ најмногу се очистува и внимава на Бога во првата недела од светиот пост, тој го повика управникот на градот и му заповеда да ги тргне обичните продукти од пазарот, а на нивно место да стави други, попрскани со
крвта на идолските жртви. Така, сите што ќе купат и ќе јадат од таа храна, да бидат осквернети. Меѓутоа, Бог кој ги попречува лукавите ви нивните завери, а за нас, Неговите слуги, секогаш има промисла, ја разруши и оваа завера на Јулијан. Кон градскиот архиереј Евдоксиј, Он го праќа великомаченикот Теодор Тирон. И тој застана пред него, не во сон, туку на јаве, и му рече: собери го
Христовото стадо и заповедај им на сите ништо од она што се продава на пазар да не купуваат, бидејќи е осквернето со крвта на идолски жртви од страна на нечестивиот цар. Архиерејот беше во недоумица и го праша што да јадат оние кои дома немаат доволно храна, доколку не докупат од пазарот? Светителот му рече со коливо за да го дополни недостатокот. Евдоксиј не разбра што точно е тоа „коливо“ и го праша светителот, а тој му објасни: варена пченица.
Патријархот тогаш го праша кој е тој, што толку се грижи за христоименитиот народ? Христовиот маченик рече: од Него сум ви испратен за помошник. Патријархот направи како што му беше кажано, и го зачува Христовото стадо неосквернето и неповредено од лукавството. Јулијан кога виде дека неговата измама е откриена, се посрами и заповеда на пазарот да се врати обичната
храна. Христијаните, пак, во знак на благодарност кон Благодетелот и кон маченикот, во саботата со коливо извршија радосен спомен. Оттогаш, и ние верните, ова чудо го обновуваме за да не биде заборавено, и го почитуваме великиот Теодор со коливо.

/ekran.mk

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ВидеоПред 4 часа

(ВИДЕО) Морничаво! Си ја запали косата додека подучува други како се прави фризура

Типкава си ја запали косата покажувајќи им на гледачите нешто….. Погледнете: © Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии)...

ХороскопПред 7 часа

Дневен Хороскоп (03.04) петок

ОВЕН Ве очекуваат помали недоразбирања со соработниците. Генерално овој ден не ви е особено поволен. Нема нови промени кај вас...

ВидеоПред 9 часа

(ВИДЕО) Куче херој: Скокна во вода да си го спаси другарчето

Кучињата се неверојатни животни кои секогаш нè воодушевуваат. Интернетот е воодушевен од видеото кое доаѓа од Кина. Во провинцијата Гуангдонг,...

МакедонијаПред 11 час

Новата Рисица ќе го носи името Атиџе и ќе се следи во НП „Маврово“

Македонското еколошко друштво (МЕД) во соработка со НП „Маврово“ на почетокот на март обележа нова единка од балканскиот рис, близу...

КичевоПред 14 часа

Четири лица од Кичево не почитувале забрана за движење, додека другите се во самоизолација

Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна. Изминатово деноноќие,  во периодот од 07...

МакедонијаПред 16 часа

Вкупно 384 лица во Македонија имаат коронавирус, денес 30 новозаболени

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Здравје и убавинаПред 17 часа

Природен рецепт против болки во грбот

Сакате вашиот р’бет никогаш повеќе да не ве боли? Обидете се со овој природен рецепт, и нема да го препознаете...

Живот и стилПред 1 ден

Поучна приказна за убав ден: „Не кажувај ја твојата приказна секому“

Не кажувај му ја секому твојата приказна. Зошто на крајот ќе се почувствуваш дека уште повеќе си отфрлена. Луѓето не...

МакедонијаПред 1 ден

Денес ќе биде сончево и ветровито, додека викендов ниски утрински температури, преку денот дожд

Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Претпладнето се уште ќе има...

ХороскопПред 1 ден

Дневен Хороскоп (02.04) четврток

ОВЕН Можни се успеси на деловно поле, особено ако планирате некој нов проект. Наскоро ќе повлечете важен потег и ќе...

НАЈЧИТАНИ