Временска прогноза
Денес ќе имаме сончево утро додека попладне дожд на секаде во Македонија

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер претежно од јужен правец.
Во попладневните часови ќе има појава на локален краткотраен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 4 до 12, а дневната од 20 до 26 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 24 степени.
Во наредните денови времето претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има зголемена облачност со локален дожд.
Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на локално невреме.
Извор: Денешен
Временска прогноза
Следува промена на времето и пад на утринските температури, за време на викендот дожд на секаде во државата, детали..

До четврток времето во нашата држава ќе се задржи претежно сончево и топло преку ден со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени. Наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени.
Од петок облачноста полека ќе се зголемува, додека за време на викендот ќе има повремени локални врнежи од дожд кога ќе дува и умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови намалување на температурите на воздухот. На планините ќе има услови за провејување на снег.
Во Скопје и околината до четврток времето ќе биде претежно сончево, додека од петок облачноста полека ќе се зголемува.За време на викендот ќе има услови за повремен локален дожд кога ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 17 степени, додека за време на викендот истите ќе бележат тенденција на пад.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Месечна временска прогноза – Снегот сеуште неизвесен, март месец може вистински да не изненади

Иако климатолошката пролет започна денеска, сепак сеуште сме календарски зима. Во продолжение следува месечната временска прогноза за овој месец:
Според сегашните и подолгорочни анализи на времето, месец март ќе изненадува и ќе биде доста променлив. Имено се очекуваат повремени влажни воздушни бранови и циклонски циркулации кој ќе условуваат врнеживо и постудено време.
Не се исклучува можноста и за нови зимски продори на студена воздушна маса која би се спуштала од Сибир и би условила нови врнежи од снег, како на повисоките па така и на пониските места и тоа особено после 10-ти март.
Сепак со оглед на тоа дека одиме кон топлиот месец од годината, се очекуваат и повремени продори од југ кој би ги покачиле температурите позначително со што би имале и пролетни температури во текот на овој месец.
Ситуацијата континуирано ќе се следи – за секоја ново – настаната временска состојба граѓаните навремено ќе бидат информирани, што значи дека граѓаните да ги следат нашите краткорочни анализи за прецизни информации.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес започнува климатолошката пролет, потоплиот дел од годината

Од денес и официјално започнува климатолошката пролет, што значи дека полека но сигурно одиме кон топлиот дел од годината.
До четврток нашата територија ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса која ќе условува претежно сончево и релативно топло време преку ден со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени, додека од среда повторно во најтоплите предели температурите се очекува да се искачат до околу 20 степени.
Од петок облачноста ќе се зголемува и за време на викендот ќе има услови за повремен локален дожд.
Во Скопје и околината продолжува сончевото и релативно топло време преку ден. Од петок облачноста полека ќе се зголемува. Максималната дневна температура на воздухот како денес, така и во следните неколку денови се очекува да се искачи до околу 15 степени.
/Славчо Попоски
-
Македонија2 дена
Хороскоп за денес (02.03) вторник
-
Временска прогноза2 дена
Месечна временска прогноза – Снегот сеуште неизвесен, март месец може вистински да не изненади
-
Македонија1 ден
Нови 726 случаи на Ковид-19, починале 7 лица од кои 2 се од Кичево
-
Случувања11 часа
(ВИДЕО) Страшни снимки од силниот земјотрес кој ја погоди Грција предмалку, истиот почуствуван и во делови од нашата држава
-
Хороскоп1 ден
Дневен Хороскоп (3 март) среда
-
Временска прогноза1 ден
Следува промена на времето и пад на утринските температури, за време на викендот дожд на секаде во државата, детали..
-
Македонија2 дена
РКЕ одлучи од вечерва горивата да поскапат, ова е новата цена
-
Временска прогноза3 дена
Од денес започнува климатолошката пролет, потоплиот дел од годината