Македонија
Денес нови цени на горивата кои ќе важат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика денес напладне ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
Минатата недела малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалија за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 10.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се промени, и изнесува 52,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 0,244 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,365 ден/кг.
Останува да видиме дали не очекува поскапување или пад на цените на нафтените деривати.
Македонија
(ВИДЕО) Огромен пожар во Струмица, помеѓу Софилар – Баница, ветерот дополнително го отежнува дејствувањето, за состојбата се огласи и градоначалникот

Огромна огнена стихија настана во Струмица, потточно во реонот помеѓу месноста Софилар, Градски гробишта и Баница. На три страни се распламтува пожарот. Како што се наведува во изворот, ТППЕ Струмица се вече на терен, но ветерот прави дополнителен проблем, пишуваат колегите од Радио „СтрумицаНет“.
Видео во прилог:
Првиот човек на град Струмица, Костадин Костадинов предмалку излезе со свој натпис на социјалната мрежа и вели:
– Предмалку го локализиравме пожарот на струмичка страна и повеќе нема опасност за куќите во Баница. Благодарност до екипата на ТППЕ и секој струмички пожарникар и до сите кои се вклучија во гаснењето. Пред неколку недели реков дека ги знаеме и дека ги гониме оние кои подметнуваат пожари. Лично ќе се заложам до крај сите да одговараат.
Македонија
Министерството за здравство: „Ги следиме потребите на локалното население во Кочани, зајакнати се медицинските тимови и се на терен“

Министерството за здравство е во постојана комуникација со кочанската болница и ги става на располагање сите расположливи ресурси според потребите на локалното население, особено денес, за време на погребот.
Во соработка со Клиниката за психијатрија, испратени се специјалисти психијатри за поддршка на граѓаните во овие тешки моменти. Во соработка со здравствените установи и Црвен крст е организирано и засилено присуство на медицински тимови, кои се достапни во текот на денешниот ден.
Министерството за здравство останува во комуникација со сите засегнати страни, постојано ги следи потребите на локалното население и реагира соодветно на барањата на граѓаните. Апелираме за внимателно и етичко информирање во овие моменти на жалост, со емпатија, хуманост и солидарност.
Апел и за проверка на информациите со надлежните институции, бидејќи неточното информирање може да предизвика дополнителна вознемиреност.
Министерството за здравство повторно изразува благодарност до сите поединци и субјекти, како и здравствените работници од државава и странство што го даваат својот максимум за соодветно справување со овој предизвик, преку интегрално соопштение истакна Министерството за здравство.
Македонија
ЗНМ со уште еден апел до колегите новинари кои известуваат од Кочани

ЗНМ потсетува дека известувањето од денешниот погреб мора да биде во согласност со претходно утврдениот протокол и со основните принципи на професионалната етика.
⛔Објавувањето на фотографии и видеа со гробни места, блиски членови на семејствата и приватни моменти претставува директно кршење на препораките за етичко известување и нарушување на достоинството на засегнатите лица.
📣Ги повикуваме оние неколку медиумски работници и редакции кои отстапуваат од протоколот, да покажат почит и одговорност, да не објавуваат содржини што можат да предизвикаат дополнителна болка и да се придржуваат кон стандардите на етичко новинарство.
🛑 Новинарството е во служба на јавниот интерес, но никогаш на сметка на човечкото достоинство.
-
Хроника2 дена
Странските медиуми со траорни фотографии и директни преноси известуваат од Кочани и покрај најострата и недвосмислена осуда на Владата!
-
Хроника2 дена
МВР ги овјави имињата на трагично загинатите во Кочани
-
Хроника2 дена
Ана Костадиновска за прв пат се огласи на фејсбук и прости од своето второ семејство
-
Кичево2 дена
В сабота во нашиот храм Св. Петар и Павле – Кичево, ќе се богослужи Заупокоена Литургија, поради смртта на трагично загинатите во Кочани
-
Кичево22 часа
Со едногласна одлука советот на Општина Кичево изгласа финансиска помош за настраданите во Кочани
-
Македонија14 часа
(ВИДЕО) Огромен пожар во Струмица, помеѓу Софилар – Баница, ветерот дополнително го отежнува дејствувањето, за состојбата се огласи и градоначалникот
-
Скопје2 дена
(ФОТО) На „Бит Пазар“ пронајдени и одземени 10,000 пиротехнички средства наменети за продажба
-
Македонија2 дена
ЗНМ со уште еден апел до колегите новинари кои известуваат од Кочани