Следете не

Македонија

Денес нови цени на горивата, на светска берза нафтата со драстичен пад

Avatar

Објавено пред

на

Денес на пладне ќе ги дознаеме новите цени на горивата во Македонија според РКЕ.

На светските берзи, британската нафта од типот Брент во сабота се продава по цена 27.95 долари за барел, додека американската WTI Crude само 21.51 долар, што значи може да очекуваме изненадувачки цени повторно, но останува да видиме.

Моменталните цени кај нас се: Еуро95 – 49,5 ден, Супер98/100 – 52 ден, Дизел – 45,50 ден, додека Екстра Лесното гориво се продава за 34,5 ден за литар.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Македонија

52 лица ново регистрирани како позитивни од Ковид-19, се очекува прес на Министерството за здравство

Avatar

Објавено пред

на

За во 13:30 часот е закажана прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче на која се очекуваат детали околу состојбата со вирусот.

За сега педесет и две лица се заразени со вирусот КОВИД-19 во изминатите 24 часа во земјава, потврди за МИА директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети. Останува да ја проследиме прес конференцијата на Министерството за здравство.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Македонија

Студенти од втора година на „ФИНКИ“ направија анкета дали во пандемијата со „Коронавирус“ луѓето масовно пазаруваат во маркетите и пазарите

Avatar

Објавено пред

на

Група студенти од втора година од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство направија анкета за тоа дали луѓето масовно пазаруваат во маркетите и пазарите откако почна пандемијата со Коронавирусот.

Анкетата ги опфаќа и студентите на својот факултет.

Во оваа анкета учествуваа 60 испитаници и содржи 7 кратки прашања.

За себе велат дека идејата за оваа анкета настанала по секојдневната глетка, каде буквално насекаде низ светот луѓето купуваат огромни количини на производи и основни намирници, од кој како пример ќе ја земеме „тоалетна хартија“, без некое разумно размислување зошто баш тој продукт ни е најпотребен во оваа ситуација.

Во анкетата исто така 80% од испитаниците се на возраст од 19-23 години, а потоа следи старосната група од 13-18 години (10%) и 24-40 години (10%).

Согледавме дека повеќете што одговорија на нашата анкета се доволно информирани околку ситуацијата со Коронавирусот. Односно, 58.3% од нив знаат основни информации, 36.7% се информираат и преку странски медиуми, додека многу мал дел воопшто не се информирани.

На прашањето колку често одите да пазарувате, 65% одговорија дека одат еднаш или двапати неделно, додека мал процент од нив одат секојдневно (13%).

На прашањето дали досега сте купиле поголема количина на производи од тоа што ви е била потребна, 88% одговорија негативно. Ова претставува добар знак за разлика од тоа што слушавме како насекаде во светот се купуваат огромни количини на производи.

Тие што одгворија дека имаат купено повеќе производи од тоа што им било потребно, ги замоливме доколку сакаат да образложат ваквиот чекор. Ова се одговорите со кои се сретнавме:

– „Помалку одење во маркет, храна за подолог временски период”
– „Пандемијата е политика, треба да се функционира нормално”
– „Сум купувал поголема количина на работи, но не огромна за да нема за останатите граѓани. Против сум да се празнат маркетите без потреба, но сум за да се купува повеќе за да ти трае една недела за да се намали одењето во маркет и контакт со луѓе”
– „Моето семејство е големо, затоа сакаме да располагаме со намирници во секое време”
– „За да не се излегува секојдневно”
– „Страв дека би можел да се воведе целосен карантин”
– „Помалку излегување поради не стварање гужва”

Исто така, увидовме дека неверојатно голем процент (93.3%) од испитаниците сметаат дека масовното пазарување не е во ничија полза.

Може искрено да кажеме дека сме задоволни со одговорите од анкетата бидејќи гледаме дека колегите од факултет се совесни и знаат дека пандемијата ќе ја победиме само доколку сите ги имаме производите кои ни се потребни, а не само тие што може да си ги овозможат во најбрз временски период – на крај додаваат креаторите на анкетата.

Подготвиле: Симона Анчова, Теодора Ѓорѓиевска, Санер Вејсел и Христијан Аврамовски

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Македонија

АМСМ: Времен прекин во сообраќајот кон Охрид поради минирање

Avatar

Објавено пред

на

АМСМ известува дека денес 29.05.2020 петок на патниот правец Кичево – Охрид кај с.Врбјани порaди работи на пат (минирање) во период од 12 до 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин од 10 до 15 минути.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 11 час

Хороскоп за денес (30.05) сабота

ОВЕН Може да очекувате промени на деловно поле. Се разочаравте во саканата личност. Пред вас е период во кој ќе...

КичевоПред 19 часа

Во моментов во домашна изолација се 24 лица од Кичево

Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, моментално во изолација се 119 лица (Охрид-47, Струга-48, Кичево-24). Врз...

КичевоПред 19 часа

Во Кичево пронајдена не експлодирана минофрлачка мина во подрум

Вчера на ден 28.05.2020 во Полициската станица Кичево, В.М.(52) од Кичево пријавила дека на 24.05.2020 во подрумските простории во нејзиниот...

МакедонијаПред 22 часа

52 лица ново регистрирани како позитивни од Ковид-19, се очекува прес на Министерството за здравство

За во 13:30 часот е закажана прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче на која се очекуваат детали околу состојбата...

МакедонијаПред 22 часа

Студенти од втора година на „ФИНКИ“ направија анкета дали во пандемијата со „Коронавирус“ луѓето масовно пазаруваат во маркетите и пазарите

Група студенти од втора година од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство направија анкета за тоа дали луѓето масовно...

ЗабаваПред 1 ден

(ВИДЕО) Русите дефинитивно знаат како да комбинираат „Јога и Пиво“, погледнете..

Марина Вовченко од Москва е инструкторка по јога и води група од 25 луѓе, коишто го обожаваат нејзиниот уникатен метод...

МакедонијаПред 1 ден

АМСМ: Времен прекин во сообраќајот кон Охрид поради минирање

АМСМ известува дека денес 29.05.2020 петок на патниот правец Кичево – Охрид кај с.Врбјани порaди работи на пат (минирање) во...

Живот и стилПред 1 ден

Тешко станувате на утро? Еве неколку трикови за надминување на личниот проблем

Доколку ви е тешко станувањето рано при тоа многу често доцните на работа треба да знаете дека тоа не е...

Временска прогнозаПред 1 ден

Релативно свежо време со повремен дожд и сончеви периоди

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд. Попладне ќе има услови...

ХороскопПред 1 ден

Дневен Хороскоп (29.05) петок

Овен  Постојат неочекувани проблеми кои го нарушуваат вашиот секојдневен ритам, но со дополнителна упорност може да ги остварите своите професионални...

НАЈЧИТАНИ