Следете не

Временска прогноза

Денес облачно со умерен ветер, викендот пред нас идеален за снег на скијачките терени

Објавено пред

на

До крајот на денов времето во државава ќе биде променливо облачно а ќе дува и умерен ветер од јужен правен кој повремено на некои места ќе засилува. Во западните предели ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, додека на повисоките планини ќе провејува слаб снег. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен ветер од јужен правец и истиот повремено ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 8 степени.

Потоа за време на викендот, нашата територија ќе биде под влијание на ИЗРАЗЕНА ЦИКЛОНСКА АКТИВНОСТ која ќе услови времето да биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и тоа особено во попладневните и во вечерните часови. Врнежите локално ќе бидат и ПОИНТЕНЗИВНИ, додека на планините ќе има врнежи од снег каде снежната покривка значително ќе се зголеми ( за над 40 сантиметри ), и тоа особено во западните предели.

. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени. На почетокот од следната недела под влијание на постудена воздушна маса врнежи од снег ќе има понекаде и на повисоките населени места. Ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен, а во понеделник од западен правец.

Да напоменеме дека за време на викендот, оние кои се љубители на скијањето, ќе биде иделано за истото и тоа особено на повисоките ски центри со надморска височина од над 1300 – 1400 метри, и тоа особено во западните и во северозападните предели (Попова Шапка и Маврово).

Временска прогноза

Денес облачно со сончеви периоди, во попладневните часови пороен дожд и грмежи, детали до кога ќе имаме нестабилно време..

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално и тоа особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени.

Потоа до недела во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Стабилизирање на времето се очекува на самиот почеток од следната недела. Температурите ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Пишува: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Продолжува нестабилното време проследено со грмежи и врнежи од дожд

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално и тоа особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се искачи до околу 27 степени.

Потоа до самиот крај на оваа недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално и тоа особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

Температурите ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

/Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Детали за временската прогноза оваа недела, продолжува локално нестабилното време проследено со врнежи и грмежи

Објавено пред

на

До крајот на оваа недела времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Ќе има услови и за појава на локално НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер и појава на град.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.

Во Скопје и околината денес, како и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално, и тоа особено во попладневните часови ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 26 степени.

Пишува: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен денПред 9 часа

На денешен ден – 13 јуни

323. п.н.е. – Александар III Македонски (Александар Велики), еден од најголемите воени водачи во светската историја, почина во Вавилон. Неговите...

СпортПред 10 часа

(ФОТО) Како реакцијата на капитенот Симон Кјер играч на Милан го спаси од трагедија младиот Ериксен

Со години ќе се зборува за ужасните сцени од стадионот Паркен. Кога играчот од средниот ред на данската репрезентација, Кристијан...

ХороскопПред 10 часа

Хороскоп за денес -( 13 јуни )- недела

ОВЕН Не следете ја интуицијата кога станува збор за стари проблеми или негодувајте се од луѓе кои не го направија...

ХранаПред 11 часа

Намирници за јадење и пиење на кои пишува дека се диетални, но всушност не се, еве повеќе детали..

Само затоа што на храната пишува дека се диетални, не значи секогаш дека се и такви. Таквата храна не гарантира...

МакедонијаПред 14 часа

Денес 21 нов случај на Ковид-19, од Кичево повеќе дури од Скопје – 6 новозаболени

Во последните 24 часа се направени 4.370 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на КОВИД-19 од: • Кичево –...

СпортПред 14 часа

(ВИДЕО) Издржи Ериксен, целиот светски фудбал е со тебе!

Натпреварот помеѓу Данска и Финска е прекинат во 43. минута поради драматична сцена на теренот, откако фудбалерот на Интер, Кристијан...

АвтомобилиПред 19 часа

Што да направите доколку го изгубите сигурносниот клуч за бандажи

Многу возачи користат сигурносни завртки против кражба на тркало. Омилена цел на крадецот се тркалата со алуминиумски тркала од поскапи...

МагазинПред 19 часа

Одлична видео-ризница кај домаќинот Влатко Миладиноски и градот Кичево со екипата на „Мастраф Муабет“

Екипата на „Мастраф Муабет“ гости во Кичево, кај нашиот естраден уметник Влатко Миладиноски кој се покажа како одличен домаќин и...

КичевоПред 21 час

Од денес започнува со работа „Check Burger“, место каде ги има највкусните бургери во Кичево и пошироко

Ново во градот! Официјално ви го претставуваме „Check Burger“, место каде од денес ќе можете да ги вкусите неодоливите и...

СпортПред 23 часа

Сејдини со фантастичен интегрален текст посака среќа и успех: „Самоуверена, моќна, храбра, оптимистична. Ваква Македонија сакаме момци!“

А, таква беше годината. Некои ќе кажат неправедна, за македонскиот фудбал историска. Некои ќе кажат тажна, за македонскиот фудбал величествена....

НАЈЧИТАНИ