Временска прогноза
Денес пеколни температури до 36 степени, УВ индекс 9
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. УВ индексот ќе биде 9.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната максимална температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 30 до 36 Целзиусови степени.
Во Кичево ќе биде слично како во Скопје, сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата од 19 до 34 степени.
Утре и за време на викендот во попладневните часови, претежно во источните и северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси, особено во сабота.
Во недела ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
Временска прогноза
Услови со утринска појава на магла по котлините, преку ден сончево и натпросечно топло за овој период од годината
Времето утре ќе биде слично на денес, односно наутро ќе има услови за појава на мaгла некаде во котлините. Преку ден ќе биде сончево и натпросечно топло за овој период од годината, со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.
Во Скопје претежно сончево со мала локална облачност и тивко.
Температурите во јужните краеви на Македонија некаде ќе достигнат и до рекордни 20 степени, додека утринската ќе се движи околу 0.
Според првичните информации и од она што го најавуваат метеоролозите, после 10-ти февруари ќе следи промена на временската состојба, односно со зимата и снегот се уште не сме завршиле, но за тоа ќе прецизираме во текот на оваа седмица.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (28 март)
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за петок (29 март)
-
Кичево2 дена
ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми
-
Кичево12 часа
Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!
-
Спорт2 дена
Нова победа на македонската репрезентација до 18 години на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″
-
Lifestyle2 дена
Дали знаете што значи WC?
-
Кичево18 часа
МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед
-
Магазин2 дена
iPhone конечно добива функција која Android ја има веќе 15 години