Следете не

Временска прогноза

Денес празнично ќе имаме сончево време, додека утринската температура ќе биде ниска, од понеделник најава за врнежи и грмежи

Објавено пред

на

Времето во Македонија ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 12 степени, а дневната температура ќе се движи од 17 до 26 степени.

Утринската температура ќе достигне до осум степени, а дневната температура ќе достигне до 23 степени.

Под влијание на циклонска активност, во понеделник попладне, во текот на ноќта и во
вторник, ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат обилни.

Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Преодно стабилизирање на времето се очекува во среда.

Временска прогноза

Невреме се ближи кон нашиот регион, ова се најновите детали и предупредувања..

Објавено пред

на

Денес попладне и во текот на ноќта, како и во текот на утрешниот ден и тоа особено во претпладневните часови, времето во Македонија ќе биде променливо облачно, локално и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, СИЛЕН ВЕТЕР (над 80 км/час), силни електрични празнења и појава на град. Услови за нестабилност и за појава на НЕВРЕМЕ ќе има и во делови од Скопската котлина.

Потоа, за време на викендот ќе имаме стабилно, суво и сончево време.

Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени, додека утре и во сабота ќе бележат тенденција на пад за 4 до 8 степени и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 38 степени во најтоплите предели од државава, додека во недела повторноно истите ќе бележат тенденција на пораст.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес попладне и во текот на ноќта, како и утре, во случај на појава на НЕВРЕМЕ  и СИЛЕН ветер, граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да не излегуваат на отворен простор.

Известува: Славчо Попоски
ФОТО: WikimediaImages / pixabay.com

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Попоски најавува невреме после есктремно топлиот бран кој ја зафати државата, ова се најновите детали

Објавено пред

на

Екстремно топлото време ќе се задржи уште утре кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 43 степени. Меѓутоа од попладневните часови, па во текот на ноќта кон петок и во петок времето ќе биде променливо облачно, на некои места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално има услови процесите да бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, СИЛЕН, до ОЛУЕН ветер, силен електрични празнења и со појава на град.

Максималните температури во петок и во сабота ќе бидат пониски за околу 5 степени и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени, додека од недела повторно ќе бидат во пораст а времето ќе биде стабилно, суво и сончево.

Услови за нестабилност, проследена со пороен дд, СИЛЕН ветер и грмежи утре попладне и навечер, како и во петок ќе има и во делови од Скопската котлина. Температурите во петок и во сабота ќе бележат тенденција на пат и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 32 и 35 степени, додека од недела повторно ќе бидат во пораст.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Утре попладне и во текот на ноќта кон петок, како и во петок во случај на појава на елкектрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на СИЛЕН ветер граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да не излегуваат на отворено.

Инфо: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

До четврток многу топло, па заладување – во прилог детална анализа на времето

Објавено пред

на

До четврток продолжува ЕКСТРЕМНО ТОПЛОТО време со натпросечни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 33 до  40 степени. Во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до околу 43 степени.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, но ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и од југозападен правец, додека повремено и локално ветерот ќе го менува својот правец во северозападен.

Во четврток попладне, како и во петок ќе има услови за изолирана локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.

  • НАЈАВА: ОСВЕЖУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЗА 5  ДО 8 СТЕПЕНИ – Во петок поради продор на посвежа воздушна маса од север, се очекува пад на температурите за 5 до 8 степени и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 39 степени во крајните југоисточни предели од државава, каде освежувањето најмалку ќе се почувствува.

УВ ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 9).

Пишува: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

СпортПред 44 минути

Легендарниот Валентино Роси (42) ја завршува кариерата по крајот на оваа мото сезона

Познатиот италијански мотоциклист Валентино Роси денеска објави дека ќе ја заврши кариерата на крајот од сезоната. – „Решив да се...

СветПред 3 часа

Турција се бори со уште 12 активни пожари, последно била спасена Термоцентрала со инсталирана моќност од 630 мегавати

Главните постројки на термоцентралата Кемеркој во областа Милас во провинцијата Мугла не се оштетени од пожарот, изјави во четвртокот турскиот...

Временска прогнозаПред 6 часа

Невреме се ближи кон нашиот регион, ова се најновите детали и предупредувања..

Денес попладне и во текот на ноќта, како и во текот на утрешниот ден и тоа особено во претпладневните часови,...

МакедонијаПред 7 часа

ЦУК: Ова се активните пожари по региони до 13 часот

Штипски регион Пожарот кој започна на ден 02.08.2021 година во атарот на с.Нов Истевник, маало Пасјак сеуште е активен и...

СпортПред 7 часа

(ВИДЕО) Официјално претставен новиот селектор на нашата најсилна фудбалска репрезентација – Благоја Милевски

Фудбалската федерација на Македонија официјално го промовираше Благоја Милевски за селектор на македонската А репрезентација. На денешната прес-конференција,претседателот на Фудбалската...

На денешен денПред 14 часа

На денешен ден – 5 август

1583 – Хамфри Гилберт ја основа првата англиска колонија во Северна Америка, во Свети Johnонс, Newуфаундленд. 1716.- Австрискиот принц Јуџин...

ХороскопПред 22 часа

Хороскоп за денес -( 5 август )- четврток

ОВЕН Денес не е доволно Овните да знаат само што сакате од тој ден. По вчерашниот хаос, потребен ви е...

Здравје и убавинаПред 24 часа

Рак на дојка, некои работи кои не сме ги знаеле, а го иритираат ракот..

Американски научници изработија попис хемикалии кои жените би требале да ги избегнуваат за да се обидат да се заштитат од...

МакедонијаПред 24 часа

„Станица Стража“ има потреба од „касиери и касиерки“, по одлични услови за работа и платен превоз

„Станица Стража“ реномираниот бренд често посетуван од многу посетители, познат по најубавото кафе, летен и свеж амбиент, позициониран на превој...

Временска прогнозаПред 1 ден

Попоски најавува невреме после есктремно топлиот бран кој ја зафати државата, ова се најновите детали

Екстремно топлото време ќе се задржи уште утре кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 34 до...

НАЈЧИТАНИ