Следете не

Хороскоп

Денешен Хороскоп (12.12) Четврток

Avatar

Објавено пред

на

ОВЕН

Подготвени сте да работите прекувремено и да се докажете уште повеќе за еден ден да остварите напредок. Ако ви се допаѓа личност која ја познавате преку работата може да дојде до компликации. Водете сметка за имунитетот.

БИК

Може да очекувате поддршка од соработниците кои се со вас. Деловното поле оди во позитивна насока. Ако сте слободни денот е многу поволен за нови љубовни познанства. Внесувајте повеќе течности.

БЛИЗНАЦИ

Не е премногу поволен ден и не сте подготвени да повлечете некои потези кои ви делуваат неизбежни. Може да очекувате добар однос со партнерот. Имате чувство дека совршено се сложувате. Ве мачи вртоглавица.

РАК

Не дозволувајте било кој да влијае врз вашите одлуки кои треба да ги донесете сами. Можеби посакувате нова љубов и потребно ви е повторно да се чувствувате сакани за да живнете. Внимавајте на грлото.

ЛАВ

Нови случувања на деловно поле може да ве насочат кон позитивен правец. Ве очекува шанса да напредувате. Ве очекува интересно познанство преку пријатели или на некое јавно место. Здравјето е сосема добро.

ДЕВИЦА

Поволен ден за занимавање со приватен бизнис. Доколку планирате некои нови вложувања, ќе ви се исплатат. Може да очекувате интересен развој на случувањата со саканата личност. Вашиот однос се менува. Слаба циркулација во пределот на нозете.

ВАГА

Решивте да се посветите на својата работа и да решите важни работи на кои чекавте долго време. Пријателството со личноста која ви се допаѓа можеби сѐ уште не преминало во врска. Но, работите на тоа работите да се променат. Проблеми со стомакот.

ШКОРПИЈА

Потрудете се озбилно да се посветите на своите обврски за да избегнете критики од надредените и несогласувања со нив. Покрај саканата личност чувствувате тензија и некоја несигурност во вашиот однос. Можни се проблеми со бубрезите.

СТРЕЛЕЦ

Нови информации доаѓаат до вас и подготвени сте во практична смисла да се посветите на своите обврски. Можеби ви се допаѓа личност која не ја познавате доволно добро. Избегнувајте алкохол.

ЈАРЕЦ

Доколку бидете напнати, може лесно да создадете нови несогласувања и отежнување на комуникацијата со соработниците. Спонтано ќе успеете да остварите ново познанство со личност која во вас буди емоции. Пад на имунитетот.

ВОДОЛИЈА

До крајот на денот ќе имате пресврти кои не ги очекувате но, на крај се ќе заврши како што треба. Ви се враќа љубовта од минатото иако можеби не сте подготвени за тоа. Можна е несоница.

РИБИ

За вас овој ден е поволен и може да очекувате позитивни пресврти и решавање на проблеми. Доаѓате до интересно познанство кое многу наскоро може да доведе до нова врска. Полни сте со енергија!

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.


Хороскоп

[16.01] – сабота | Дневен Хороскоп

Avatar

Објавено пред

на

ОВЕН
Прекумерната грижа станува исцрпувачка за секого. Вашите стравови ги проектирате претежно на женскиот дел од семејството. Интензивно размислувате за секој детал, а големите работи ги пропуштате. Вашата потреба да ги задоволите сите дома ја чувствувате како притисок.

БИК
Не сте доволно упорни. Кога ќе наидете на прв отпор, ги прогласувате работите за неважни за да ја прикриете вашата ранливост. Пред да го сторите тоа повторно, прегледајте што ви е поважно, сопствената гордост и суета или крајната цел од која сте сте се откажале.

БЛИЗНАЦИ
Ситуацијата не е прилично стабилна, но сепак е во втор план за вас. Вашите финансии наскоро ќе се подобрат, па затоа ќе се чувствувате посигурни изадоволни. Денот не е поволен за започнување на некои значајни чекори во деловниот план.

РАК
Вие долго се спротивставувавте на импровизациите и ги форсиравте своите идеи. Сега, кога туѓото решение е најнеповолно, мора да го прифатите. Вие мора да ја преземете вината за новата ситуација, затоа што предизвикувате незадоволство кај претпоставените со вашиот негативен став.

ЛАВ
Непријатните вести пристигнуваат наутро. Идејата што ја имавте, а се однесува на вашите амбиции, станува неизводлива со овој пресврт. Разочарани сте, и сè се случили затоа што сте ги измешале работата и приватниот живот, и им дозволивте на странците да ги решаваат вашите проблеми.

ДЕВИЦА
Соочени сте со дилемата дали да прифатите дополнителни долгови што ви ветуваат добра плата, но и значително зголемување на обемот на работа. Ако се организирате добро, новите обврски можат да ви обезбедат голема профитабилност на долг рок.

ВАГА
Ќе имате финансиска добивка поради која ќе посакате да го зголемите темпото. Не жалете се и не претерувајте со дополнителни обврски, туку трошете позитивна енергија во кругот на семејството, бидејќи тоа е полето што непогрешливо ве исполнува и лекува.

ШКОРПИЈА
Сè што правите, се враќате да го поправите. Предизвикувачките аспекти покажуваат дека ве чека стрес, особено ако очекувате брзи резултати од сè што правите. Реакцијата на околината на вашата работа е несоодветна, не очекувајте проценка бидејќи ќе биде неповолна.

СТРЕЛЕЦ
Стремете се кон слобода, подобро е да се воздржите затоа што не е поволен период за бунт. Дисциплинирајте и завршете сè што се очекува од вас дисциплинирано и навремено, избегнувајќи на тој начин напнати аспекти што можат да ви го расипат расположението и да ги уништат денешните планови.

ЈАРЕЦ
Вашите финансиски преокупации, партнерства и долгорочни инвестиции се интензивираат. Од вас се бара да промените некои свои навики и да се прилагодите на новите околности, и тоа секогаш ви е тешко, а често и невозможно. Бидете трпеливи и упорни.

ВОДОЛИЈА
Се потпирате на другите луѓе. Можеби сте премногу уморни, па тоа е вистинската причина за повлекувањето и предавањето. Работите можат да станат непријатно комплицирани ако не преземете одговорност и ги завршите своите обврски на време, дури и ако е непријатно за вас.

РИБИ
Време е за мала пауза, сепак, не дозволувајте си прекумерна релаксација. Користете го денот за да ги исчистите заостанатите долгови. Покрај тоа, идеално време е да ги обновите старите контакти со пријателите што сте ги запоставиле во минатото

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.


Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за денес (15.01) петок

Avatar

Објавено пред

на

Овен 

Подарете нешто и вашите блиски ќе бидат многу среќни и ќе знаат тоа да ви го возвратат. Здравјето е добро, но, за помали болки во грбот потребно ви е повеќе движење.

Бик

Финансиската состојба ќе ви се подобри и поради тоа ќе имате можност да ја купите онаа чанта која многу ви се допаѓа. Потребна ви е поголема физичка активност за подобро да се чувствувате во својата кожа.

Близнаци

Наместо да им се покорите на пороците, обидете се да се спасите од нив. Работните обврски завршете си ги на време, за да имате време поголемиот дел од денот да си го посветите на себе.

Рак

За денес препорачливо ви е малку да се одморите од прекумерното работење и да се впуштите во една релаксирачка масажа, бидејќи обврските можат да почекаат и до утре. Исто така, поминете некое време сами со партнерот.

Лав

Денес вашата тврдоглавост ќе дојде до израз и на сите околу вас ќе им се спротиставувате и потребна ви е мала од секојдневните обврски. Денес е вашиот ден за опуштање со партнерот или со неколку пријатели. Подгответе вкусна вечера и гледајте некој филм.

Девица

Потрудете се позитивната енергија која ќе ја поседувате денес да им ја префрлите и на луѓето околу вас. Доколку вечерва ви се приушти можност за забава, не размислувајте премногу, туку прифатете ја понудата.

Вага

Во последен период претеравте со вашите трошоци, па денес е крајно време да размислите на што ќе го потрошите вашиот ограничен буџет. Искористете ја оваа слободна вечер за мало опуштање со пријателите, која секако ќе во донесе добро расположение.

Шкорпија

Вашата немарливост и неодговорност ќе излезе на виделина, а за тоа пријателите може да ви обратат неколку критики. Прифатете ги, бидејќи тие ви мислат само добро. Почестете ги со вашето присуство на журката која ја приредуваат.

Стрелец

Вашата емотивност и романтичност денес ќе биде на највисоко ниво, а тоа ќе го усреќи вашиот партнер. Но, сепак, вашето здравје ќе биде нарушено од страна на сезонските настинки. Пијте повеќе течности и јадете овошје и зеленчук.

Јарец

Добро би ви дошло денес по крајот на напорниот работен ден да се опуштите со читање на една добра книга. Личност од спротивниот пол со зелени очи цел ден ќе ви патува низ мислите, но не грижете се, и таа личност има чувства за вас.

Водолија

Со вашата работа и зафатеност ја плаќате цената на пријателството. Не дозволувајте да ги загубите вашите пријатели поради вашата работохоличност. Наместо да се жалите со изговорот дека сте уморни, по завршувањето на работните часови, одвојте време за попладневно кафе.

Риби

Доколку во брзо време не обрнете внимание на вашата работа и должноста која ве повикува, постои ризик од губење на моменталното работно место. Во врска со онаа одлука за која се двоумите, само послушајте го вашиот внатрешен глас и ќе знаете точно како треба да постапите.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.


Прочитај повеќе...

Хороскоп

Дневен Хороскоп (14.01) четврток

Avatar

Објавено пред

на

Овен 

Се наоѓате пред нови професионални дилеми и барате ефикасно решение. Мора да имате доволно храброст да прифатите одговорност за своите постапки. Нема потреба да ги избегнувате средбите со соработниците кои имаат поинакви погледи. Делувате несигурно и затоа се обидувате да се заштитите од нечија реакции.

Бик

Доколку изберете вистинска тема или добра професионална-финансиска комбинација ве очекуваат успешни резултати. Добро размислете кон кого и кон што треба да се наклоните во врска со работата со која се занимавате. Претераните изливи на нежност пред партнерот непотребно продлабочуваат нови сомнежи.

Близнаци

Имате доволно енергија и интересирање да се испробате во некои нови финансиски ситуации. Важно е да осмислете различни комбинации во професионалното изразување и да ја следите својата интуиција. Делувате премногу вознемирено на сребдата со партнерот.

Рак

Јасно ви е дека имате почетна предност во однос на своите соработници, а самоувереноста претставува прв чекор на патот до целта. За среќа, околината ги поддржува вашите идеи. Во љубовниот живот постојат некои суптилни правила, фасцинирајте го својот партнер со необични идеи или големо емотивно внимание. Учете од оние кои се племенити.

Лав

Откривате различни правилности кои постојат во заедничкото работење и делувате премногу стого во друштво на соработниците. Умеете да ја критикувате својата околина, повлечете некој конкретен потег кој ќе ви донесе видливи резултати.

Девица

Се обидувате да оставите голем впечаток на околината и затоа во театрален стил ги изложувате своите професионални идеи. Сепак се не може да биде по ваша мерка или вкус. Поради почитување на некои службени договори, прифатете компромисни решенија.

Вага

Новите работни случувања повеќе ве радуваат вас отколку вашата околина. Во прилог ви оди сознанието дека се наоѓате во сјајна можност да влијаете на основниот тек на службените преговори. Употребете ги своите предности во однос на потенцијалните конкуренти. За жал ве следи малку лош љубовен дијалог и недоразбирање.

Скорпија

нимателно во пријателствата, ако сакате некои односи да се продлабочат или продолжат. Кај некои луѓе ја имате изгубено довербата и тешко дека некогаш ќе можете да ја повратите. Можеби е време самите со себе да ставите точка и во новата година да тргнете со ново „Јас“.

Стрелец

Имате освоено нечија наклонетост, но увидувате дека ви се потребни и дополнителни услови како би ги оствариле своите професионални цели. Лошата комуникација помеѓу соработниците предизвикува чести промени во работните односи.

Јарец

Доколку ви е важно да решите различни неправилности во работните односи, уптребете ја својата практична памет и личносто искуство. Важно е правилно да се дистанцирате од некои соработници кои имаат сомнителни намери или негативно влијание на вашето однесување.

Водолија

Вашите идеи звучат добро, но околината како да нема доволно слух за работен компромис кој подразбира поинаков модел на однесување. Успешните резултати подразбираат заедничка доверба и долгорочна соработка. Се грижите поради некои љубовни дилеми, имате лошо претчувство во врска со една блиска личност.

Риби

Премногу сте вознемирени така што бурно реагирате и на некои ситници, додека партнерот има поинаков пристап и се посматра поумерено или од одредена дистанца.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.


Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен денПред 7 часа

На денешен ден – 16 јануари

1547 година – Иван IV Васиyeевич е крунисан за прв руски цар во Москва. Тој е познат по многу важни...

ХороскопПред 9 часа

[16.01] – сабота | Дневен Хороскоп

ОВЕН Прекумерната грижа станува исцрпувачка за секого. Вашите стравови ги проектирате претежно на женскиот дел од семејството. Интензивно размислувате за...

СветПред 11 час

Земјата не мирува, денес Гватемала ја погоди земјотрес со јачина од 5,9 степени

Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди денеска главниот град на Гватемала. Земјотресот, кој траеше подолго време, ги...

КичевоПред 12 часа

(ФОТО) Кичевчанка нацрта новогодишни честитки за да помогне на лица и здруженија каде е најпотребно, хуман гест за почит!

Кичевчанката Ивана Маркоска пред нешто повеќе од месец дена направи хуман гест кој ги заслужува сите почести, имено на свој...

МакедонијаПред 13 часа

Регистрирани 403 нови случаи на Ковид-19, починале 10 лица

Во последните 24 часа се направени 2118 тестирања, а регистрирани се 403 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 165 -Куманово...

Временска прогнозаПред 16 часа

Поларна воздушна маса од Сибир се движи кон нашата територија, очекувани температури под -20 степени, детали..

Поларниот бран во Македонија пристигна уште во текот на вечерните часови од вчерашниот ден кога поголем дел од државава беше...

СпортПред 19 часа

Трофејниот Мато Станковиќ дел од стручниот штаб во македонската футсал репрезентација

Трофејниот хрватски тренер и поранешен селектор на футсал репрезентацијата на Хрватска, Мато Станковиќ ќе биде дел од стручниот штаб во...

КичевоПред 20 часа

Вчера во Кичево четири лица пријавиле напад од кучиња скитници

На 14.01.2021 година, А.А.(21) од Кичево во полициската станица пријавил дека неговиот малолетен брат на улицата „Маршал Тито“ во Кичево...

СкопјеПред 23 часа

МВР: Изречени 244 мерки на територијата на град Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само...

Временска прогнозаПред 24 часа

Викендов и периодот поларни утрински температури, ова се најновите детали околу временската прогноза

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен...

НАЈЧИТАНИ