Следете не

Хороскоп

Денешен Хороскоп (17.10) сабота

Објавено пред

на

ОВЕН
Денес Овните ќе бидат под стрес поради работата, ќе им недостига самодоверба во почетокот на денот, но ќе успеат да ги завршат сите обврски навреме. Ќе искусите мала загуба во финансиите, ќе имате профит после повеќе вложен труд.

БИК
Денес ќе бидете доста среќни и ќе имате желба да им удоволувате на сите. Оние кои се сингл можно е да влезат во нова романтична врска. Ќе чувствувате дека некој ваш близок крие нешто важно од вас, ќе успеете да откриете што е тоа. Пристапувајте им на вашите работни обврски со повеќе разбирање.

БЛИЗНАЦИ
Денес ќе се обидувате да се докажете на работното место. Вашата напорна работа ќе ви донесе блескав успех. Денот ќе биде поволен за вашите финансии. Превземете ризик кога е во прашање работата, можно е да имате позитивен исход.

РАК
Денес ќе бидете особено чувствителни. Неочекувана добивка ќе ви помогне да си остварите некоја долго посакувана желба. Ќе уживате во дружбата со вашите пријатели а тоа ќе ви помогне да ги заборавите проблемите. Можно е да сте лути на вашиот партнер, ќе морате да поработите на вашата врска.

ЛАВ
Денес ќе им бидете од поддршка на вашето семејство во справувањето со некој проблем. Ќе им помогнете околу некој финансиски проблем. Останете смирени и немојте да пристапувате бурно. Некој смета на вашата помош.

ДЕВИЦА
Денес ќе сакате да побегнете од вашите чувства, ќе мислите дека почнуваат да ве контролираат. Оние кои се во брак нема да им се допаѓа односот на партнерот спрема нив. Вашето здравје е одлично а енергијата ви е на високо ниво, искористете го тоа во вашата работа.

ВАГА
Денес ќе се чувствувате добро. Нема да сакате да му верувате на секого и ќе истражувате добро пред да донесете некој заклучок. Ќе поддржите некој близок во неговиот бизнис а тоа ќе ви донесе профит и на вам. Можно е некој во вашето семејство да се соочува со здравствен пробем, бидете од помош и поддршка.

ШКОРПИЈА
Денес е одличен ден за тимска работа. Ќе успеете да ги совладате сите препреки а времето ќе работи за вас. Размислете добро и планирајте ги вашите инвестиции. Оние кои се сингл ќе запознаат интересна личност на некое патување.

СТРЕЛЕЦ
Денес ќе бидете исполнети со некоја чудна страст. Ќе успевате да ги завршувате сите обврски навреме. Ќе застанете на страната на некоја личност во вашето семејство а тоа ќе реши некој проблем. Ќе бидете задоволни од околностите. Доколку се во тек некое преговори околу наследство или правен спор, конечно ќе биде разрешен и тоа во ваша полза.

ЈАРЕЦ
Денес ќе почувствувате некои промени во вашиот живот а тоа ќе ве направи нервозни. При крајот на денот ќе се чувствувате подобро. Оние кои започнале нова работа ќе успеат да ја освојат довербата на колегите и надредените. Оние кои се во врска ќе уживаат во романтичните мигови.

ВОДОЛИЈА
Денес ќе бидете задлабочени во напорна работа и ќе размислувате за подобрување на финансиската состојба. Напорите кои ги вложувате ќе се исплатат. Ви пристигнуваат добри вести за вашата финансиска состојба. Некој потајно ве посакува.

РИБИ
Денес ќе бидете нервозни и ќе сакате сите нешта да се завршат одеднаш. Трпението ќе ве издава а тоа ќе влијае и на вашиот семеен живот. Ве очекува успех на работното место. Посветете малку време на себеси, немојте да влегувате во конфликт со женска личност.

Хороскоп

Хороскоп за петок (29 март)

Објавено пред

на

ОВЕН
Прилично сте дипломатични и на шармантен начин ги постигнувате деловните цели. Обожавате се кај партнерто и имате чувство дека сте во врска со идеална личност. Обидете се да не претерувате со студените напитоци затоа што грлото ќе ви биде чувствително.

БИК
Тврдоглави сте и непопустливи а тоа може да доведе до револт помеѓу колегите. Обидете се да бидете отворени спрема поинаквото мислење. Денес е поволен ден за комуникација и флерт со симпатијата. Бубрезите ќе ви бидат чувствителни, кај жените – јајниците.

БЛИЗНАЦИ
Работата денес никако не ви оди од рака. На љубовен план ви претстои поволен период па би било добро да го искористите денот за љубов и да се посветите на партнерот. Обрнете внимание на кожата и евентуалните промени на неа.

РАК
Оптимистични сте и со многу верба се соочувате со деловните проблеми. Размислувате за емотивното минато и се каете поради направените грешки. Во физичка смисла сте мрзеливи, би било добро да се размрдате.

ЛАВ
Се чувствувате фрустрирано поради деловната стагнација иако не сте виновни за лошите резултати. Денот е поволен за комуникација и средба со другата половина. Главата ви е чувствителна и можна е мигрена поради негативни мисли.

ДЕВИЦА
Деловната област премногу ве загрижува и имате субјективно чувство дека никогаш не било полошо. Емоционално сте незадоволни и нерасположени за било какви средби и дружење. Бубрезите се чувствителни и можно е да проработат на нервна база.

ВАГА
Ја идеализирате ситуацијата на работното место и имате чувство дека е многу подобро од тоа што вистински е. Емотивно сте чувствителни и ќе реагирате малку побурно од вообичаено, непотребно ќе се лутите на партнерот. Здравјето ви е одлично.

ШКОРПИЈА
Стагнацијата на деловно ниво доведува до недостаток на самодоверба. Компензација пронаоѓате во емоционалната сфера со партнерот кој ве разбира и поддржува во потполност. Синусите ви се чувствителни така што најдобро е да ја ограничите употребата на клима.

СТРЕЛЕЦ
Ви недостасува чувство на тимска работа така што упорно се обидувате да дојдете до сопствени деловни идеи кои ќе ги претставите како најдобри. Емоционално сте растроени и се прашувате што би било ако во минатото сте направиле поинакви потези. Благо сте нервозни.

ЈАРЕЦ
Се обидувате со помош на шармот да добиете одредени привилегии кај соработниците. Пред вас е љубовна понуда од необавезен тип и негодувате дали да ја прифатите. Размислувате за диета, но немате силна волја да ја започните.

ВОДОЛИЈА
Финансиите ви се идеа која ве води кога се во прашање деловните обврски и првенствено се посветувате на работите кои ви донесуваат пари. На емоционално ниво сте урамнотежени и уживате во друштвото на саканата личност. Склони сте кон минлива нервоза.

РИБИ
Уживате во деловните обврски и во тоа што се држите под контрола. Фантазирате на љубовен план но очекувањата ви се тотално нереални. Имате проблеми со алергии на што веќе сте се навикнале поради нивната зачестеност.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за четврток (28 март)

Објавено пред

на

ОВЕН

Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем. Имате премногу обврски и не можете да ги следите вашите соработници. Очекувате дека сакана личност ќе заземе некаква заштитничка улога. Наместо тоа, застанете на свои нозе.

БИК

Иако работите не се одвиваат на најдобар начин – главата горе! Ако не внимавате, анксиозноста и емоционалната раздразливост би можеле да ве стават во непријатна положба. Можеби премногу сте насочени на една работа, а во исто време заборавате нешто што е многу важно.

БЛИЗНАЦИ

Важно е да го оправдате вашиот углед на работното место. Понекогаш различните обврски можат да бидат товар, но тоа не е оправдување за неодговорно завршената работа. Обидете се да поттикнете кај себе поголема одговорност. Во семејните односи покажете повеќе доверба. Секому е потребна емотивна поддршка.

РАК

Имате прилика за патување, искористете ја за да се тргнете малку од секојдневието. Вашето расположение се подига па ќе имате можност за некои нови и интересни познанства. Нема потреба да одржувате илузии и занес кон личност која не ја познавате доволно. Бидете трезвени и одете чекор по чекор со двете нозе на земја.

ЛАВ

Барате начини за подобра организација на секојдневните активности. Некои од вас ќе бидат насочени кон разубавување на домот. Односите со семејните членови стануваат многу важни; ќе мора да покажете зрелост и стабилност во разговорот со еден од членовите од семејството.

ДЕВИЦА

Околностите се одлични, искористете ги во целост. Ако сте емотивно спремни, влетајте во нешто ново без размислување. Можностите сами ќе ви доаѓаат. Енергијата е брза и јака. Ослободете се од сите оние работи што ве ограничуваат и насочете се кон остварување на вашите желби.

ВАГА

Вашата потсвест е активна и немирна. Некои сомнежи од минатото повторно се присутни. Ќе бидете притаени и постојано ќе размислувате. Можеби ви се потребни одговори на некои прашања од минатото. Доколку сте во брак или врска, покажете поголемо разбирање за психичката отсутност на партнерот.

ШКОРПИЈА

Денес вашиот ум е целосно отворен и во полн капацитет. Насочете се кон решавање на финансиските и другите важни прашања, затоа што ќе можете да сметате на вашата луцидност и интуиција. Бидете самоуверени и слушајте го внатрешното водство во изборите. Голема е веројатноста дека ќе успеете да превртите некоја ситуација во ваша корист.

СТРЕЛЕЦ

Продолжете во истражувањето на можностите кога се во прашање правните и административните прашања, затоа што постои можност да најдете совршено решение, совет или опција која отвора нови видици. Бидете свесни за ова! Од друга страна, многумина од вас ќе имаат контакт со личности од други култури и нации.

ЈАРЕЦ

Загрижени сте за една блиска личност. Се обидувате да ја разберете и барате начин како да ја подобрите нејзината ситуација. На работноното место имате впечаток дека се случува нешто без ваше знаење или дека саканата личност користи изговори. Не бидете импулсивни и ќе видите дека се е во ред.

ВОДОЛИЈА

Денес ќе бидете стимулирани на различни начини. Ќе бидете фасцинирани од се што блеска, па внимавајте да не ги идеализирате работите. Воздржете се од донесување одлуки и обидете се да бидете трезвени и рационални.

РИБИ

Притаено работите и не сакате многу контакти со луѓе. Длабоките размислувања и анализи ќе ви помогнат подобро да се разберете самите себе. Вашиот систем на вредности веќе извесно време врви низ фаза на промени и се  уште не е дефиниран. Можеби треба да си дадете некое време. Обидете се да не бидете сурови кон себе.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за среда (27 март)

Објавено пред

на

ОВЕН

Ве очекува поволен период за работа. Може да се надевате на многу значајно подобрување. Можеби конечно наоѓате компромис и со партнерот некои работи се подобруваат. Намалете го внесувањето на јаглехидрати.

БИК

Не очекувајте да имате големи пресврти на деловно поле денес. Можеби не се сложувате најдобро со саканата личност и вашиот однос постојано се влошува. Проблеми со варењето.

БЛИЗНАЦИ

Може да очекувате позитивни околности. Денешниот ден ви е поволен за работа и среќа е на ваша страна. Ве очекува возбудлива ситуација со личноста која ви се допаѓа. Вашиот однос може да биде интересен. Спортувајте.

РАК

Крајниот резултат на ситуацијата која ве мачи би можел да биде неочекуван. На крај сепак ќе најдете некое решение. Ви се допаѓа личност која покажува дека е подготвена за сериозна врска и дека не ја интересираат минливи авантури. Помал пад на енергија.

ЛАВ

Може да очекувате дека во текот на денешниот ден ќе имате позитивни решенија на деловно поле. Лесно ги покажувате своите емоции и сакате да дојде до максимална стабилизација на односот со саканата личност. Здравјето е во ред.

ДЕВИЦА

Ве очекува поволен ден за работа. Може да се надевате на позитивни пресврти и добри промени. Очекувајте и ново познанство. Ќе следуваат убави промени во љубовта. Внимавајте на стомакот.

ВАГА

Ве очекуваат поволни околности кога станува збор за работата. Можеби ќе имате некои убави вести наскоро. Доколку планирате љубовни промени, може да очекувате позитивна ситуација во фазата која доаѓа. Внимавајте на бубрезите.

ШКОРПИЈА

Ќе имате помала штета на деловно поле. Сѐ укажува на тоа дека денешниот ден не ви е многу поволен. Во вас се буди потребата за нова љубовна врска. Самотијата не ви одговара и сакате поголеми промени. Здравјето е во ред.

СТРЕЛЕЦ

Сите планови би требало да бидат добри, ве очекува ден во кој ќе бидете задоволни со резултатите од работата. Партнерот ви е максимално посветен. Среќни сте покрај него. Водете сметка за ушите.

ЈАРЕЦ

Ќе успеете да се посветите на својата работа и да решите некои проблеми кои сте ги имале од претходно. Поволен ден е пред вас. Ќе остварите ново познанство со личноста која на долги стази ќе има голема улога во вашиот љубовен живот. Внесувајте повеќе витамини.

ВОДОЛИЈА

Може да очекувате успех во деловната сфера. Пред вас е период во кој ќе имате многу среќа. Доколку ви се допаѓа некоја личност која ја познавате од минатото, вашиот однос со неа може да напредува. Можни се проблеми со синусите.

РИБИ

Може да очекувате дека ќе се појави некоја нова деловна понуда која ќе биде многу значајна за вас. Немате никакви дилеми кога станува збор за емоциите, знаете што сакате и ќе се насочите кон целта. Проблеми со уринарниот тракт.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за петок (29 март)

ОВЕН Прилично сте дипломатични и на шармантен начин ги постигнувате деловните цели. Обожавате се кај партнерто и имате чувство дека...

Спорт4 часа

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 на почетокот од месец април ќе земе учество на меѓународен турнир „Истра Куп 2024“ во Хрватска

Младата македонска футсал репрезентација на Македонија во периодот од 1. до 7. април ќе земе учество на силниот меѓународен турнир...

Спорт4 часа

Денес беа извлечени паровите на полуфиналето во Купот на Македонија за младиснки категории

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, се одржа ждрепка на која беа извлечени паровите за полуфиналете во рамките...

Кичево7 часа

Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!

На ден 05.04.2024 петок со почеток од 19:00 фолклорниот оддел на Државното Музичко училиште од Струга ќе одржи хуманитарен концерт...

Кичево14 часа

МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед

На 27.03.2024 на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси...

Магазин14 часа

Рендерите на Google Pixel 9 откриваат промени во дизајнот на претстојниот телефон

Во новите CAD-слики или рендери, Google Pixel 9 има ново, ревидирано куќиште на камерата што сега има овална форма, без...

Магазин14 часа

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI доаѓа на избрани Galaxy уреди денес

Новото ажурирање One UI 6.1 ја носи револуционерната мобилна вештачка интелигенција Galaxy AI на уште повеќе корисници на уреди Samsung...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (28 март)

ОВЕН Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем....

Кичево1 ден

„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата

Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“...

Lifestyle2 дена

Дали знаете што значи WC?

Дали некогаш сте застанале да размислите за значењето на буквите „WC“ на знакот за јавен тоалет? Иако е вообичаена глетка...

НАЈЧИТАНИ