Следете не

Хороскоп

Денешен Хороскоп (28.02) петок

Објавено пред

на

Овен 

Не знаете како да го истакнете вашиот успех па постојано барате совети. Некои совети се добронамерни но некои не, внимавајте кој и што ви кажува. Семејството како и секогаш ќе биде вашиот најголем поттикнувач да ги пребродите кризите кои доаѓаат. Песимизмот не е вашиот сојузник, исфрлете го.

Бик

На работното место ќе владее хармонија, сите заедно ќе ги извршувате потребните работи во дадениот рок. Вашата дисциплинираност, посветеноста и енергијата ќе бидат заразни. Имајте на ум дека вашиот љубовен живот стагнира, преземете неколку посмели чекори.

Близнаци

Околностите ќе ве наведат на некои несоодветни потези за кои нема да имате објаснување. Денес избегнете ги критиките, затоа што и вие ќе ги бирате полесните опции. Потребна ви е сериозна дискусија на љубовен план, толеранцијата не ве води никаде. Намерата на некоја Водолија да ви се доближи следете ја внимателно.

Рак

Потребна ви е финансиска стабилност, која ќе ја постигнете само ако се фокусирате на неопходните потреби. Соработката и понатаму ќе биде клуч за вашиот успех. Слушајте ги другите, соработувајте, па и тие вас ќе ве поддржат. Некоја Вага ќе побара од вас искрен разговор.

Лав

Ќе постојат некои несогласувања со околината. Не трошете енергија во одбрана на своите намери. Игнорирајте ги другите, а следете го она што ви го кажува срцето. Разговарајте со нови лица, нивниот поглед може да биде инспирацијата која ви недостигаше.

Девица

Ќе имате одлична соработка со некоја Вага. Нема да ве загрижува дефицитот на финансиски средства, бидејќи очекувате помош од семејството. Нема да станете флексибилни се додека не сфатите дека со малку труд туѓите идеи може одлично да се вклопат во вашите планови.

Вага

Не се затворајте дома сами, излезете на кафе со пријателите, прошетајте и релаксирајте се. Не заборавајте, животот е многу позабавен кога сте отворени за изненадувања. Во текот на вечерта самодовербата ќе ви биде на високо ниво, па без двоумење правете смели чекори.

Шкорпија

Можеби ќе се зафатите да работите неколку работи одеднаш. Понекогаш ќе ви недостасуваат вистински предизвици бидејќи оние кои секојдневно ги доживувате ќе бидат помалку атрактивни. Нека биде така, но вие и понатаму работете најдобро што можете. Не му верувајте на некој Овен, тој нема искрени намери.

Стрелец

Ќе имате нагласени партнерски односи, во кои ќе преовладуваат дискусии за парите и славата. Постои можност за проширување на соработката надвор од границите на земјата. Ова е поволен период за финансиски зафати, но неповолен за љубовта. Пријателите и соработниците ќе ви бидат голема поддршка.

Јарец

Ќе мора да бидете многу поенергични отколку досега. Ќе ви биде потребен поголем труд и поголеми залагања за да го постигнете посакуваното. Верувате дека сте на правиот пат да ја освоите довербата на некој кој би можел да биде ваш долг соработник. Ве очекуваат изненадувања на љубовното поле, внимавајте да не ги расипете.

Водолија

Родените во овој знак денес ќе имаат компликации во комуникациите со околината. Се ќе ве нервира и вие тоа јасно ќе го покажувате. Некоја Вага ќе ви влее несигурност поради која лошо ќе се чувствувате.

Риби

Кај вас ќе биде поттикната желбата за напредување, но доколку спаѓате во групата на оние кои не можат да поднесат критика, јасно  и гласно ќе кажете се што мислите. Денот е доста поволен за вас, затоа искористете го и искажете ја вашата креативност.

Хороскоп

Дневен Хороскоп (21 октомври) четврток

Објавено пред

на

ОВЕН
Расположението на денот е чиста среќа, драги наши Овни! Уживате во плодовите на вашиот труд. Beе можете да се посветите на некои проекти кои имаат значење за вас, без оглед на нивната корисност. Љубовта ќе процвета и ќе имате повеќе пријатели од кога било. Вие сте исклучително привлечни за секого. Уживајте во такво стимулирачко опкружување.

БИК
Високо ниво на самодоверба ќе го придружува Бикот во текот на целиот ден. Вие сте многу ентузијастички и исполнети со позитивна енергија. Успехот и среќата кои ве придружуваа од пред некој ден се уште се цврсто со вас. Сè што ќе фатите ќе биде направено правилно и ќе ви донесе успех и пари. Искористете го тоа!

БЛИЗНАЦИ
Денес, Близнаците ќе уживаат во друштво на добар пријател каде и да одат. Ќе се чувствувате среќни и исполнети. Веројатно ќе сакате да поминете многу време надвор од куќата. Ќе ве привлекуваат спортови, особено групни спортови. Може да имате неколку помали несреќи со кршење стакла, но тоа нема да ви го расипе убавото чувство деновиве.

РАК
Целиот успех и среќа во кои сте уживале изминатите неколку месеци ве оддалечија вам Раковите малку од вашите духовни и уметнички интереси. Сепак, има неколку изненадувања за вас. Денес, можете да запознаете некои луѓе кои ги споделуваат вашите интереси. Она што ќе научите од нив ќе ви помогне во напредокот.

ЛАВ
Сега кога конечно сте ја заслужиле својата почит кон вашата посветена работа, Лавовите може да посветат малку време на своите желби и проекти. Ако имате некакви уметнички желби, посветете им се со душата и телото. Имате многу опции пред вас. Не мора да брзате никаде. Уживајте во сопствената креативност.

ДЕВИЦА
Денес, Девиците ќе тргнат на крилјата на претходните успеси и финансиската состојба. Блескајте со многу самодоверба и привлечете многу пријатели во вашата компанија. Опкружени сте со исклучително позитивни луѓе, па ќе уживате многу повеќе од вообичаено. Можни се мали несреќи, но ништо за што не треба да се вознемирувате. Уживајте во денот.

ВАГА
Денес, Вагите ќе бидат толку сигурни што ќе размислуваат за можноста за започнување на нов бизнис. Ако планирате партнерство, тоа ќе биде одлична идеја за вас бидејќи планетите ви испраќаат позитивна енергија. Ќе се доближите до вашите најблиски на дополнително ниво. Вашето ново чувство на самодоверба ве инјектира во нова животна енергија. Уживајте.

ШКОРПИЈА
Парите што неочекувано ги добивте може да ве натераат да размислите за проширување на некои деловни или креативни проекти. Можете дури и да одлучите за некои инвестиции во недвижен имот. Нема потреба од брзање и ненадејни одлуки. Имате многу време да размислите за сите опции пред вас, додека добро си поминувате!

СТРЕЛЕЦ
Денес е денот кога Стрелците можеби ќе посакаат да погледнат и да размислат за сè што досега успеавте да направите. Вашиот професионален успех оди нагоре, а приватниот живот не заостанува. Имате за што да бидете благодарни. Животот е убав и се чини дека така ќе остане барем уште некое време.

ЈАРЕЦ
Успехот што сте го постигнале не е доволен засекогаш да се опуштите и да одмарате. Подобро да заглавите сега додека сте во позитивен момент. Денес, прилично може да размислувате за сите начини на кои можете да го подобрите вашиот социо-економски статус. Можеби сте подготвени за независна работа? Инспирација ќе добиете од вашиот партнер.

ВОДОЛИЈА
Денес ќе се случат многу интересни настани во околината на Водолијата. Може да запознаете некои нови луѓе кои или се селат во вашето соседство или се занимаваат со некоја работа. Пред вас се и нови можности за деловно работење. Веројатно ќе сакате да инвестирате пари и во вашиот дом. Целиот ден ќе биде доста напорен, но на крајот ќе бидете многу задоволни.

РИБИ
Изненадувачкиот развој на ситуацијата ќе им донесе на Рибите некои посетители и среќа во вашиот дом. Можеби сте домаќини на некој вид забава или вид на собир. Поради тоа ќе бидете многу зафатени цел ден, но бидејќи ќе уживате во сè, задоволството ќе биде посилно. Уживајте во вашата среќа, го заслужувате тоа!

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за денес (20 октомври) среда

Објавено пред

на

ОВЕН

Ве очекува подобрување на полето на заработка. Може да се надевате на пресврти на ова поле. Можна е прилика за нова врска. Не се двоумете, туку препуштете се на емоциите. Полни сте со сила и енергија.

БИК

Доколку очекувате почеток на нова деловна соработка, потрудете се да бидете доволно одговорни и сериозни. Поволен ден за нова љубовна врска. Пред вас е добра фаза за љубов. Низок притисок.

БЛИЗНАЦИ

Имате многу работа и важно е да бидете посветени на своите одговорности за да бидете успешни. Го сакате својот партнер и убаво ви е кога сте заедно. Уживате во љубовта. Добро се чувствувате во своја кожа.

РАК

Нема да имате многу работа денес. Ве очекува фаза во која ќе имате доволно време за одмор. Ве очекува ново познанство кое може да води до интересна емотивна врска. Важно е да најдете начин да се опуштите.

ЛАВ
Бидете трпеливи и не реагирајте во афект. Деловната ситуација од вас ќе бара смиреност. Ве очекува поволна фаза за нови емотивни случувања. Пред вас е период во кој ќе имате ново познанство. Одмарајте што повеќе.

ДЕВИЦА

Задоволни сте со ситуацијата на деловно поле. Не ве очекуваат поголеми промени и проблеми на ова поле. Покрај саканата личност се чувствувате убаво. Таа ви посветува многу внимание и нежност. Ве очекува добар ден. Проблеми со забите.

ВАГА

Потребно е да покажете подготвеност да започнете во еден нов правец кога е вашата работа во прашање. Ви делува дека нема да успеете да ги решите проблемите кои сте ги имале на љубовно поле. Не се заморувајте премногу.

ШКОРПИЈА

Може да добиете можност да се спојат вашите таленти. Поволен период за занимавање со креативна работа. Поволен ден за промени на љубовно поле. Спремни сте за пресврти! Зголемете го внесот на овошје и зеленчук!

СТРЕЛЕЦ

Промените на деловно поле на почетокот тешко ви паѓаат и треба време за да ги прифатите. Ситуацијата е поволна за нови познанства. Ве очекува ден во кој ќе имате почеток на врска. Проблеми со притисокот.

ЈАРЕЦ

Може да очекувате поддршка од страна на деловното опкружување. Генерално може да имате среќа на ова поле. Ве очекува понуда за незадолжителна врска, но сега вие не сте подготвени за тоа. Осетливи стапала и зглобови на нозете.

ВОДОЛИЈА

Ќе успеете да ги остварите деловните проблеми кои ги имате во план. Пред вас е поволен период за работа. Можно е да не сте сигурни дали и верувате на личноста која ви се допаѓа. Потрудете се редовно да вежбате од дома.

РИБИ

Во текот на денешниот ден ќе бидете склони кон некои проблеми и кавги на деловно поле. Спремни сте да и покажете на саканата личност искрени емоции и да се посветите кон стабилизација на вашиот емотивен однос. Добро се чувствувате.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Дневен Хороскоп (19 октомври) вторник

Објавено пред

на

ОВЕН
Вие сте еден чекор пред другите, бидејќи знаете како точно да предвидите нечија реакција или одговор во деловните преговори. Јасно ви е дека помодерниот пристап кон заедничките теми или интереси носи долгорочен успех. Поставувате премногу строги критериуми пред вашата сакана личност, но вашето охрабрување исто така може да има корисен ефект на многу начини. Емоционалните предизвици понекогаш претставуваат добра можност за филтрирање на врската.

БИК
Дејствувате позитивно и сте ангажирани на различни страни. Знаете како да пренесете креативен импулс и креативна енергија во вашата околина, што ви олеснува да реализирате многу од плановите што ги имате. Нема потреба да преземате какви било финансиски ризици или да позајмувате. Повремено ја превидувате вашата улога или можности во врска со саканата личност. Слушајте ги повнимателно пораките што ги добивате од саканите. Подобро е да се покаже повеќе скромност во однесувањето.

БЛИЗНАЦИ
Обрнете внимание на новите професионални можности, со цел да го проширите вашето знаење и да ја подобрите целокупната позиција. Ако дозволите работите да одат по свој пат, некој друг може одеднаш да ве престигне. Го набудувате светот околу вас со различни очи или со светли тонови, се чувствувате задоволни и среќни со вашата сакана.

РАК
Деловните проблеми со кои се соочувате во моментов бараат дополнителен напор или добра концентрација. Нема потреба да реагирате набрзина и да ги преценувате вашите способности пред околината. Најдобро е да дозволите доверливи луѓе да одлучат за некои заеднички интереси. Добрата љубовна стратегија, исто така, подразбира подготвеност постојано да ги надминувате различните ограничувања низ кои поминувате во врската со партнерот.

ЛАВ
Поминувате низ различни фази на креативното расположение и се грижите да си обезбедите оптимални услови. Обрнете внимание на реакцијата на поблиските, бидејќи понекогаш не сакате да прифаќате коментари што ги доживувате како остра критика. Во врска со љубовен партнер, честопати преземате активна улога и сте подготвени да промените некои вообичаени навики што ве спречуваат. Инстинктивно можете да го препознаете вистинскиот момент и добриот ритам.

ДЕВИЦА
Понекогаш треба да ги прифатите најтешките околности, за да си докажете на себе и на другите дека сте доволно возрасни за да се соочите со секакви предизвици. Потпрете се на вашата интуиција. Со блиска личност, можете да надминете се на добар начин, дозволете точната доза на мудрост, емоции и страсти да ве доведе до заеднички решенија за љубов.

ВАГА
Ситуацијата околу вас изгледа многу променлива и тешко е точно да се предвиди нечија реакција или одговор. Подобро е да се следат докажани правила и да се избегне каков било ризик. Одложете напорна работа додека не добиете подобри услови или за следниот период. Ќе бидете задоволни од постапката на некои блиски пријатели. Вие сте во фаза на емоционален подем, па односот со партнерот го доживувате како остварување на вашите „слатки соништа“. Препуштете се на вашите чувства.

ШКОРПИЈА
Новото знаење има позитивно влијание врз вашата мотивација и професионална ориентација. Сега имате добра волја да се вклучите во некои задачи што можете да ги решите во договор со вашите соработници. Не треба да се оптоварувате со некои парични прашања, бидејќи наскоро ќе ги решите и тие дилеми. Љубовните настани што ги очекувате имаат необичен шарм. Ви се допаѓаат постапките што ги прави вашиот партнер и кои ве наведуваат да ги промените вашите одлуки. Љубовната инспирација ве следи.

СТРЕЛЕЦ
На повидок се нови деловни обврски кои бараат дополнителен ангажман или нови дилеми што ќе треба многу брзо да ги решите што е можно поскоро. Барајте совет од некого на време кога правите финансиски проценки и инвестиции. Имате впечаток дека вашиот партнер умно прикрива нешто, што дополнително влијае на вашата несигурност или ја зголемува вашата нервоза. Понекогаш можете непотребно да замислите работи што другите не ги виделе и да ги преувеличувате вашите идеи.

ЈАРЕЦ
Во одлична форма сте и пристапувате кон секоја деловна тема предложена од вашите соработници со голем оптимизам. Благодарение на веродостојните информации што ги добивате, сега можете да планирате преку заеднички активности кои наскоро ќе ви донесат зголемени резултати. Често имате добро чувство, бидејќи сте исполнети со романтични мисли и расположение. Разубавете ја својата љубов и интимен живот постапувајќи според желбите на саканата личност во согласност со вашата инспирација.

ВОДОЛИЈА
Активно учествувате во разни преговори и започнувате иницијатива секогаш кога има добри услови за некаков успех или добивка. Не обрнувате многу внимание на нечии коментари, особено кога тие не се во согласност со вашата основна посветеност. Љубовниот партнер има многу инспиративен ефект врз вас и ве води да се изразувате послободно. Понекогаш можете многу лесно да се помирите со саканата личност, без посебна приказна или убедување.

РИБИ
Многу енергично дејствувате пред вашата околина и успевате да ги усогласите различните деловни интереси. Се грижите да ги држите повеќето работи под строга контрола, како одраз на вашиот деловен престиж или стил на изразување. Во прекрасна комбинација на експресивна фантазија и заводливи способности пред вашиот партнер, добивате се што сакате.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ЗанимливостиПред 13 секунди

Кралска Тотал ТВ понуда: Крунисај го твојот дом со квалитетна и најбарана ТВ програма било каде во Македонија

TOTAL TV EXTRA & TOTAL TV PREMIUM – 50% попуст на претплата во првите 9 месеци! Сите претплатници кои ќе...

ХороскопПред 11 часа

Дневен Хороскоп (21 октомври) четврток

ОВЕН Расположението на денот е чиста среќа, драги наши Овни! Уживате во плодовите на вашиот труд. Beе можете да се...

СпортПред 13 часа

(ФОТО) Нашите млади фудбалерки славеа против Фарски Острови

Македонската женска репрезентација до 19 години со триумф против Фарски Острови ги започна квалификациите за пласман во Елитна фаза за...

КичевоПред 16 часа

🎵 La Casa: Иван Илиев и Антонио Пејоски викендов со свирка во живо

Кичевскиот комплекс La Casa продолжува со најдобрите забави во градот. Оваа викенд агенда ќе има дефинитивно романтичен стил. Петок: Иван...

Временска прогнозаПред 1 ден

Најнови метео вести, викендов следува промена на времето

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер...

МакедонијаПред 1 ден

Предмалку регистриран земјотрес во западниот дел од државата

Предмалку почувствуван земјотрес во југо-западниот дел од Македонија. Според ЕМСЦ информациите говорат дека потресот е со јачина од 3.2 степени...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес (20 октомври) среда

ОВЕН Ве очекува подобрување на полето на заработка. Може да се надевате на пресврти на ова поле. Можна е прилика...

КичевоПред 1 ден

Најдобрите омекшувачи за алишта сега достапни по акциска цена во АТВА Маркети – Кичево!

Најдобро покажаните омекшувачи за алишта сега достапни по акциска цена само во АТВА Маркети – Кичево, посетете ги веднаш и...

Здравје и убавинаПред 2 дена

Како да се спречи дехидратацијата во вашиот организам?

За спречување на дехидрацијата Светската здравствена организација препорачува посебен рехидратациски раствор (ОРС). Имено, тој содржи балансирана комбинација на вода, соли,...

МакедонијаПред 2 дена

Од 3,431 тестирања регистрирани 472 нови случаи на Ковид-19, починале 8 пациенти, оздравени 498 луѓе..

Направени се 3.431 тестирања, а регистрирани се 472 новислучаи на КОВИД-19: Скопје – 222, Куманово – 47, Прилеп – 30,...

НАЈЧИТАНИ