Македонија
Денес 301 нов случај од 1.431 тестови, починати се 37 лица, додека едно лице од Кичево е за жал меѓу најмладите починати. #СедетеДома #ЗаштитиСе
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 1.431 тестирања, а регистрирани се 301 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 174,Кавадарци -17, Велес -16, Прилеп -14, Куманово, Тетово и Штип – по 11, Гостивар – 8, Охрид – 7, Струга – 6, Кочани – 5, Кичево – 4, Виница – 3, Неготино, Свети Николе,Берово и Делчево – по 2, Битола, Струмица, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар и Демир Капија –по 1.
Регистрирани се 1.091 оздравени пациенти од:
Скопје – 429, Охрид – 107, Прилеп -74, Велес -42, Куманово 40, Штип и Струга – по 37, Битола – 36, Кавадарци – 34, Гостивар – 29, Гевгелија -26 , Крива Паланка -24, Тетово -23, Струмица – 17 , Неготино – 13, Кочани и Делчево – по 12, Берово, Пробиштип и Богданци – по 11 ,Валандаво – 10, Радовиш – 8, Дебар и Крушево – по 7, Кичево – 6, Свети Николе и Демир Капија – по 5, Ресен – 4, Виница, Кратово и Пехчево – по 3, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2 и Македонска Каменица 1.
Пријавени се вкупно 37 починати лица: 9 од Скопје ( 74г , 81г , 47г , 60г ,69г , 76г , 79г , 77г , 61г , ) , 6 од Прилеп ( 42г, 58г, 72г, 74г, 75г и 56г) , по 3 од Тетово ( 65 г, 59 г и 57 г,) и Гевгелија (73 г, 65 г, и 56 г) , – по 2 од Куманово (90г и 67г) , Кавадарци (85г и 57г) , Струмица (73г и 62г) и Виница (79г и 62г) и – по 1 починат од Битола (59г) , Охрид (82г) , Кичево (37г) , Неготино (64 г) ,Свети Николе (79г),Крива Паланка (73 г) и Дебар ( 43г). 36 пациенти се починати во болнички услови, додека 1 пациент е починат во домашни услови.
Направени се 1.431 тестови преку: ИЈЗ-183, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-5, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-59, Жан Митрев (Филип Втори)-186, Авицена-0, Биотек-275, Систина-330, лабораторија Лаор-0, Синлаб – 0, Ремедика-0, Плодност – 0, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 346.
Досега во земјата се направени вкупно 643.004 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 135.167, бројката на оздравени пациенти е 110.388, на починати е 3.977, а бројот на активни случаи изнесува 20.802.
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево11 часа
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Кичево1 ден
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Временска прогноза1 ден
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Спорт2 дена
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.
-
Свет1 ден
Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“
-
Магазин8 часа
Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери
-
Автомобили12 часа
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?