Македонија
Денеска 450 нови случаи, починале 28 пациенти
Во последните 24 часа се направени 2.874 тестирања, а регистрирани се 450 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 146, Куманово – 52, Битола – 42, Прилеп и Охрид – по 18, Тетово и Кочани – по 17, Велес и Кавадарци – по 15, Струмица и Кичево – по 14, Виница – 11, Гостивар – 10, Штип – 9, Демир Хисар – 8, Струга – 6, Крива Паланка и Берово – по 5, Радовиш и Делчево – по 4, Гевгелија, Свети Николе, Ресен, Валандово и Крушево – по 3, Неготино – 2, Пробиштип, Демир Капија и Пехчево – по 1.
Регистрирани се 1.001 оздравени пациенти од:
Скопје – 432, Битола – 80, Куманово – 73, Прилеп – 69, Кавадарци – 51, Тетово – 38, Велес – 35, Кичево – 29, Неготино – 23, Гостивар – 21, Охрид и Штип – по 17, Кочани, Струмица и Радовиш – по 15, Гевгелија – 13, Свети Николе – 11, Виница – 9, Делчево – 8, Демир Капија – 7, Ресен и Дебар – по 5, Берово – 4, Крива Паланка и Дојран – по 2, Демир Хисар, Струга, Богданци, Кратово и Македонски Брод – по 1.
Пријавени се вкупно 28 починати лица: 9 од Скопје (57г, 62г , 66г, 66г, 69г, 72г, 73г, 76г и 80г), 4 од Битола (68г, 73г, 83г и 88г), 3 од Охрид (73г, 80г и 81г ), по 2 лица од Кочани (66г и 67г ), Струмица (63г и 79г ) и Гевгелија (73г и 80г), и по едно лице од Куманово (70г), Прилеп (63г), Кичево (71г), Неготино (64г), Крива Паланка (79г) и Струга (70г). Од починатите пациенти, 7 лица се починати во домашни услови (4 од Битола за цел месец април), а 21 се починати во болнички услови.
Македонија
Жена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
На 07.12.2025 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од ул. „7 Ноември“ со ул.„Васил Главинов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Л.Т. од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Н.И.(26).
Во незгодата со телесни повреди се здобила Л.Т., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, известуваат од МВР.
Македонија
ПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
Денеска (08.12.2025) во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од, Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија.
При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана.
Известен е јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
-
Кичево1 ден„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Хороскоп1 денХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Хороскоп5 часаХороскоп за вторник (9 декември)
-
Здравје и убавина1 денДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
-
Македонија8 часаЖена од охридското с.Лескоец удрила во полициско „јети“ на охридската полиција, за среќа учесниците поминале со телесни повреди
-
Македонија13 часаПС Франгово и РЦ Запад запленија три торби со 62 паковки со марихуана
-
Спорт8 часаАко не победат „Кралевите“ против Сити, клубот ќе го менува Алонсо, по незадоволството од поразот против Селта Виго?
-
Свет4 часаТлото на Јапонија не престанува да се тресе, регистриран нов силен земјотрес од 6,3 степени според Рихтер, првиот беше со јачина од 7,6 степени
