Следете не

Култура

Денеска е „Прочка“ или „Велики Поклади“ – Простете за да ви биде простено!

Објавено пред

на

Денеска е Прочка или Велики поклади. Овој ден за православните христијани е време за меѓусебно простување пред почетокот на Велигденскиот пост.

Датумот на Прочка се менува во зависност од датумот на Велигден и секогаш е точно на 7 недели пред наголемиот христијански празник Велигден.

– Според верувањата, Прочка е ден на искрена и пожртвувана љубов кон ближните и следење на примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.

Прошка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

Неделата пред Прочка се нарекува бела или сирна недела, кога не се јаде месо, туку се јадат млечни продукти или сукани пити. Прочка во семејството се одбележува со богат ручек кој завршува со амкање јајца.

Варено јајце се врзува на конец над трпезата и се завртува над главите на децата. Детето што ќе успее да го гризне јајцето се верува дека ќе биде најсреќно во следната година. Денот по Прочка е чист понеделник кога почнува големиот велигденски пост. Прочка го означува и крајот на зимските и почетокот на пролетните празници.

Култура

Денес е Крстовден, од народните верувања се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува

Објавено пред

на

Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат.

На Крстовден се прави аџилак пред Светиот крст. По страдањата и распнувањето на Спасителот крстот станува жртвен знак на спасението и откуп на гревот. Крстот отелотворува жртвенa љубов, победата над злото, припадноста кон христијанството.

Според народните верувања од Крстовден почнува есента. Се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува.

Од Крстовден почнува гроздоберот, а првото откинато грозје мора да се однесе во црквата, за да се освети. Почнува и сеидбата на зимските житни култури.

На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината. Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.

На Крстовден се почитува и строг пост – не треба да се јаде ништо црвено како пиперки, домати, ’родокви, црвени јаболка и друго. На трпезата освен обреден леб задолжително треба да присуствува печена тиква и грозје. Во народните верувања се вели дека сите молитви ќе бидат слушнати на овој ден.

Се проценува дека во ноќта спроти Крстовден, Господ слегува на земјата и ја исполнува секоја посакана желба. Ова верување има најголема сила во Крстови Гора.

Прочитај повеќе...

Култура

Вечерва и утре сите патишта водат кон нашиот кичевски манастир „Св.Богородица – Пречиста“ – За многу години!

Објавено пред

на

Рождество на Пресвета Богородица (познат и како Мала Богородица) е еден од најголемите празници на Православната Црква.

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони.

Култот на Пресвета Богородица има значајно место кај македонскиот народ. Многу цркви што го носат нејзиното име се изградени по соништа, а има и голем број преданија за чудотворни икони со ликот на мајката божја.

На Мала Богородица, исто така, се одржуваат големи народни собири во повеќе манастири што го носат нејзиното име како што е манастирот во Калишта. Овој свет храм е домот на единствената икона каде Мајката Божја е насликана во црна облека и со црно лице, а и детето Исус е црно.

Позната како Богородица во црно, иконата е пронајдена во малата пештерска црква, а денес се чува во поголемата црква од комплексот.

Оваа икона е една од највредните во Македонија и се верува дека има неверојатна лековита моќ.

Посетете го нашиот кичевски Манастир Св.Богородица – Пречиста и помолете се за здравје, душевен мир, благодет и љубов.

Нека е за многу години!

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Руската филмска екипа подготвена да го сними првиот филм во вселената

Објавено пред

на

Рускиот екипаж составен од двајца космонаути и двајца филмски професионалци треба да полета на Меѓународната вселенска станица (ISS) на почетокот на следниот месец за да го сними првиот филм во вселената, објавија руските филмски работници.

Четирите треба да бидат лансирани во вселената на 5 октомври од вселенското летало Сојуз МС-19, кое ќе стигне до ISS.

Лансирањето ќе дојде само три недели по испраќањето на ракетниот брод SpaceX со првиот целосно цивилен американски екипаж во тридневна приватна мисија на орбитата на Земјата.

Тоа е продолжение на децениската конкуренција меѓу Русија и САД во освојувањето на вселената.

„Во овој филм, заплетот се врти околу обичен човек, лекар кој немал никаква врска со истражување на вселената или воопшто размислувал за тоа, но му било понудено да патува до ISS. „Бидејќи е хирург, ќе мора да оперира астронаут, премногу болен за да се врати на Земјата и да му го спаси животот“, изјави режисерот и актер Клим Шипенко (37) пред новинарите пред поаѓањето на екипажот за космодромот Бајконур во Казахстан.

Во филмот ќе бидат прикажани и професионални космонаути кои ќе бидат составен дел од екипажот.

„Нема да глумам во филмот, но ќе треба да дадам се од себе за да разберам како се снима филмот на толку необично место – во вселената“, рече командантот Антон Скаплеров.

Работниот наслов на драмата е „Предизвик“. Руската вселенска агенција Роскосмос објави дека сака да го приближи просторот до поширок слој луѓе.

Главната актерка во филмот, Јулија Пресилд (36), на новинарите откри дека треба да научи како да биде шминкер и костимограф.

„Нема да биде исто како што би било на Земјата, но ние ќе дадеме се од себе. Ние сме подготвени. Малку е предоцна за страв затоа што веќе сме поминале долг пат…, Бајконур е пред нас и многу повеќе што треба да се направи и, искрено, едноставно немам време да се плашам “, рече таа на прес -конференцијата.

Режисерот Шипенко, висок 1,90 см, додава дека неговата висина не му помогнала како дел од обуката во авионот и дека неговото претстојно патување нема да биде премногу пријатно.

Но, тој вели дека во иднина ќе размислува повеќе за вселената: „Во ред, сега ќе летам во вселената како што е, но кога ќе одлучиме да снимаме продолжение – за патување на Марс, ми ветија повеќе простор. ”

Извор: n1info
Фото: Unsplash

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

СпортПред 3 часа

Денес во „Куќата на фудбалот“ беа извлечени осминафиналните парови за „Купот на Македонија“ во фудбал

Во „Куќа на фудбалот“ со извлекување беа одредени 1/8 парови во Купот на Македонија. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија,...

СпортПред 4 часа

УЕФА ја отфрли тужбата против клубовите поради Супер лигата

Европската фудбалска унија (УЕФА) ја отфрли тужбата против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, три клуба кои се уште се во...

МагазинПред 4 часа

Nokia XR20 – издржлив уред на кој компаниите можат да се потпрат

HMD Global го проширува своето портфолио на Nokia Enterprise Recommended на Nokia уреди со нов смартфон кој е совршен дури...

СветПред 5 часа

Виена воведува „2G“ правило за влегување во клубови и настани

Новата регулатива за мерките за корона, која стапува на сила во Виена на 1 октомври, ја враќа обврската за носење...

СветПред 5 часа

Русија: Рекорден дневен број на смртни случаи од ковид-19

Рекорден број од 852 смртни случаи кај пациенти со ковид, е потврден во Русија во изминатите 24 часа, објави рускиот...

МагазинПред 5 часа

Facebook Messenger покажува 1 непрочитана порака – Како да се ослободите од ова известување?

Бизарна грешка во Facebook messenger појавува едно непрочитано известување за порака до некои корисници во апликацијата. Меѓутоа, со кликнување на...

МагазинПред 5 часа

New York Times: Намалете со Facebook за да го спасите светот

New York Times минатата недела објави статија во која ги посочува сите последици што светот ги претрпе поради Facebook. Дали...

МагазинПред 5 часа

Microsoft најавува карактеристики што наскоро ќе пристигнат на Skype

Microsoft најави неколку нови функции за Skype, кои планира да ги понуди како дел од услугата во наредните месеци. Skype...

СпортПред 6 часа

Канатларовски го објави списокот на Македонија до 21 година за дуелите против Фарски Oстрови и Ерманија

Македонската репрезентација до 21 година на 7. октомври против Фарски Острови во Клаксвик и на 12. октомври против Ерманија во...

СкопјеПред 10 часа

Денес поради работа на ЕВН Скопје, неколку општини ќе бидат со времен прекин на електрична енергија

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, денес 28.09.2021 година – вторник, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини во снабдување...

НАЈЧИТАНИ