Следете не

Култура

Денеска е св. маченик Лукијан

Објавено пред

на

Лукијан беше скоро целиот свој живот идолски жрец. Поверува во Христа дури во својата старост, случка што ја зачуди цела тогашна Никомидија. Како христијанин тој беше изведен на суд и фрлен в затвор, каде што се сретна со четири момчиња, исто така христијани Клавдиј, Ипатиј, Павле и Дионисиј.

Сите тие пострадаа заедно во Византион. Свети Лукијан беше распнат на крст, а момчињата обезглавени. Некоја девојка Павла ги зеде јавно телата на мачениците и чесно ги погреба, поради што и таа беше погубена.

Мачеништвото на светите Лукијан, Клавдиј, Ипатиј, Павле, Дионисиј и Павла се случи меѓу 270 и 275 година.

Музика

Перо Пандилоски со журка во живо овој петок во ресторан & бар „La Casa“

Објавено пред

на

Овој петок, последен за месец јули, „La Casa“ продолжува најдобриот ритам во градот Кичево, имено одличниот Перо Пандилоски ќе настапи со свирка во живо, старт 21:00 часот – 30 јули.

Резервациите се во тек на тел.бр 076/223-007, додека влезот е слободен.

Бидете дел и не пропуштајте!

Прочитај повеќе...

Култура

Денеска муслиманскиот свет го слави верскиот празник „Курбан Бајрам“ – Честит нека е, за многу години!

Објавено пред

на

Денеска, муслиманскиот свет го слави верскиот празник Курбан Бајрам. Празникот се слави во текот на четири дена и курбанот, жртвеното животно, купено со алал пари се коле со мисла да се простат гревовите, но и затоа што тоа го наредува Аллах џ.ш.

Еден дел од местото на курбанот се остава на домаќините, еден дел им се раздава на сиромашните и соседите, а еден дел се одвојува за гостите кои ќе дојдат на посета за време на Бајрам. За време на Курбан Бајрам се посетуваат возрасните, роднините, пријателите и соседите, се помируваат скараните, на децата им се подаруваат пари и бонбони и се посетуваат гробовите на починатите.

Честит Курбан Бајрам на сите муслимани во светот, со желба за крај на судирите, масакрите, омразата и гневот во целиот свет, и со надеж за мир спокојство, слога и подобро утро.

/trt.net.tr

Прочитај повеќе...

Култура

Утре е големиот празник „Петровден“, ден потоа е „Павловден“ – ова се народните верувања, за многу години да е!

Објавено пред

на

Утре е Петровден, а во вторник Павловден, со кој се поврзани многу обичаи.

Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, овој ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – Павловден.

На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и слично, иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли.

Павловден, жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места на овој ден не се работи и се пази од пајаци, да не го каснат некого. Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

Во некои краишта, на пример во гевгелиско, народот сметал дека Павле бил брат на Петар и дека на луѓето им правел разни добри дела. Народот велел дека св. Петар бил богат и сербес, а св. Павле сиромав и добродушен.

Во некои места обичај е пред големиот празник да се палат китки кои се направени од млада кора на дива цреша или бреза. Обично тоа се прави на место каде се собира народ, на плоштади, раскрсници и во тоа учестуваат деца и млади.

Палењето огнови ги симболизира оние времиња кога христоборните цареви ги прогонувале и мачеле христијанитем врзувајќи ги за дрвени столбови, по што ги полевале со смола и ги палеле.

На овој празник не се работи, порано стоката се прскала со вода за да биде здрава цела година, а се плетеле и венци и им се ставале на роговите на животните.

На овој ден не смеат да се сечат јаболки со нож, ниту да се удираат јаболки една од друга. Се верувало дека во спротивно ќе падне силен град. Некои им носат јаболки наутро на соседите, а некои разнесуваат за покојните.

Обичај е да се меси колач со јаболки.

Петровден повеќе се смета за црковен празник, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и светецот (Св. Петар) тој ден земал срп и жнеел. Некој го држат празник само до пладне, а попладне работат.

Во Галичник Петровден се сметал за голем празник, тогаш иделе печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во еден ден имало 50 свадби, а удирањето на тапаните се слушало дури во Албанија.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 12 часа

Хороскоп, последен за месец јули – (31.07)

ОВЕН Имате впечаток дека околностите се против вас и најверојатно сте во право. Држете се настрана и не залетувајте се...

МакедонијаПред 21 час

Ковид-19 денешен биланс, вкупно 74 нови случаи, 5 нови од Кичево, по градови сликата на регистрирани е следна

Во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 16, Тетово...

На денешен денПред 21 час

На денешен ден (30 јули)

1419 година – Хусите, следбеници на егзекутираниот чешки религиозен реформатор Јан Хус, испровоцирани фрлајќи камења кон нивната поворка, упаднаа во...

КичевоПред 1 ден

„Соседската патрола“ на СВР Охрид вчера беше во посета на Кичево

На 27/28.07.2021 година во периодот од 22 до 02 часот, СВР Охрид, на подрачјето на Кичево, ја спроведе превентивна кампања...

ХороскопПред 2 дена

Дневен Хороскоп (30 јули) петок

ОВЕН Денес ќе бидете доста напнати. Луѓето околу вас ќе бидат доста критични и непријатни. Односите со некој надреден (шеф...

ТехнологијаПред 2 дена

PS5 стана најбрзо продаваната конзола на сите времиња

Компанијата откри дека продала 10 милиони конзоли PS5 до 18 јули, осум месеци по премиерата на 12 ноември. На тој...

Временска прогнозаПред 2 дена

Попоски вонредно најави пеколни температури до 45°C

Топлотниот бран кој е МНОГУ СИЛЕН и изразен во нашата држава ќе се задржи до самиот крај на оваа седмица,...

КичевоПред 2 дена

Мартиал Артс: Утре во Кичево ќе се одржи интернационална ноќ на боречки вештини

Интернационална ноќ на боречки вештини во организација на Матриал Артс Академи клубот од Кичево во спортската сала Јанчица на ден...

МакедонијаПред 2 дена

МВР со новиот т.н. „ноќен радар“ испиша 200 санкции за брзо возење

Синоќа во периодот од 21.00 (28.07.2021) до 01.00 (29.07.2021) часот  Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање...

На денешен денПред 2 дена

На денешен ден (29 јули)

1526 – Во кампања против Унгарија, турската армија го зазеде Петроварадин по тринеделна опсада. Турците тогаш ги освоиле соседните градови...

НАЈЧИТАНИ