Следете не

Култура

Денеска славиме Воскресение Христово – Втор ден

Avatar

Објавено пред

на

Велигден, или празникот на Христовото воскресение е дефинитивно најголемиот христијански празник. Страдалната седмица заврши со новиот ден денот на воскресението.

Ние сме свикнале да ја делиме неделата на седум дена. Но, денес се установува тајната на осмиот ден, т.е. идниот ден, кој треба да дојде за никогаш да не заврши како што завршува секој ден на ова наше време.

Христовото станување од мртвите е потврда на сите негови зборови, на сите негови ветувања. Подоцна апостол Павле ќе зборува: Ако Христос не воскреснеше, ќе беше залудна вашата вера, ќе беа залудни вашите надежи, зашто ќе верувавте и ќе се надевавте напразно.

И навистина е така, бидејќи Христос не ветуваше привремена поправка на нашите животни услови, како што ветува на пример некој политичар, економист, кој ги проучил космичките закони па вешто се раководи според нив, туку ветуваше една сосема нова реалност, како креатор кој е моќен и способен да ја создаде таа реалност, поинаку кажано, како господар над животот и смртта.

Утрото на третиот ден од Христовата смрт до неговиот гроб дојдоа прво жените мироносици и ја најдоа тргната плочата што го затвораше гробот. Внатре во гробот сретнаа еден пресветол ангел кој им ја кажа веста за Христовото воскресение.

Оваа вест оттогаш секоја година ја објавува Црквата низ целиот свет, како најрадосна вест за целиот човечки род.

/religija.mk

Култура

Lupin 2 – Продолжението на серијата пристигнува на Netflix побрзо отколку што очекувавте

Avatar

Објавено пред

на

Lupin 2 пристигнува. Netflix веќе најави продолжување на серијата, така што втората сезона ќе биде претставена ова лето на сервисот за стриминг.

Серијата дебитираше во јануари и се базира на романот за Арсен Лупен. Главната улога ја игра Omar Sy, кој го игра Assane Diopa, господин и крадец.

Првата сезона имаше пет епизоди и ја направија George Kay и François Uzan. Наскоро ги престигна Queen’s Gambit и Bridgerton и стана најпопуларна на платформата Netflix.

Прочитај повеќе...

Музика

(ВИДЕО) Влатко Миладиноски посвети песна за својата ќерка во негова изведба, станува збор за безвременската „Те кажувает, бре Илиној моме“

Avatar

Објавено пред

на

Ова неделно попладне нашиот кичевчанец Влатко Миладиноски на својот ЈутТјуб канал објави нов видео запис од безвременската стара македонска песна „Те кажувает, бре Илиној моме“.

Како што пишува Влатко на својата фејсбук страница песната е посветена на својата ќеркичка Илина која во еден миг се појавува во видеото и пријатно ги изненади музичарите

Маестралната изведба и обработка е дело на оркестарот на братот маестро Златко Миладиноски во емисијата „7/8“

Слушнете за што станува збор и уживајте:

Прочитај повеќе...

Култура

Св.Атанасиј – Танасовден зимен, од овој празник сѐ е полесно, нека е за многу години!

Avatar

Објавено пред

на

Денес на 31 јануари е Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие.

Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…

Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики.

На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.

Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.

Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава.

На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 44 минути

Дневен Хороскоп (7 март) недела

ОВЕН Брзиот раст што му се случува на Овенот во последно време, овој викенд може да биде малку премногу за...

МакедонијаПред 2 часа

Предмалку земјотрес регистриран со епицентар на 14км западно од Гостивар

Предмалку почуствуван земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтер. Од информациите на ЕМСЦ епицентарот се наоѓа 14км западно од...

СпортПред 3 часа

(ФОТО) Кичевчанецот Николоски е државен шампион за 2020 во мотоспорт – категорија „Ендуро Е2 класа“

Денес со почитување на мерките од пандемијата Ковид-19 се одржа манифестација за прогласување на шампиони во мотоспорт за изминатата 2020...

Здравје и убавинаПред 4 часа

Д-р Росен докажува дека со овој метод може побрзо да се врати изгубениот мирис и вкус како последица од Ковид-19

Д-р Дејвид Росен, оториноларинголог од Џеферсон Хелт, објасни дека Ковид-19 е единствен вид на респираторен вирус со брз ефект врз...

ЗабаваПред 4 часа

Сите ваши музички желби на најдоброто скопско радио „ZONA M1“, слушајте во живо преку интернет

Ги поздравуваме нашите пријатели од најдоброто скопско радио „Zona M1“ и најдобриот водителот Гоце Цветковски кој моментално ги исполнува важите...

МакедонијаПред 7 часа

За 24 часа, денес нови 722 случаи на Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 3.701 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 375 -Прилеп...

СветПред 7 часа

Авион полн со патници принудно слетал во Софија поради агресивно однесување на човек, за делото му прети затвор од 10 години

Авион кој летал од Париз до Њу Делхи морал принудно да слета во Софија поради агресивното однесување на еден од...

Временска прогнозаПред 11 часа

Од ноќеска голем пад на температурите, од среда дожд и снег – Ова се најновите детали за времето кај нас

Поради продор на постудена воздушна маса од север низ земјава веќе започна да дува умерен, повремен засилен ветер од северен...

КичевоПред 11 часа

Спречен пожар на поголема површина во атарот на с.Карбуница – кичевско

На 04.03.2021 година во 18:10 часот, во ОВР Кичево пријавен е пожар во атарот на кичевското село Карбуница. Од извршениот...

Здравје и убавинаПред 18 часа

Научниците тврдат, пијте млеко за полесно губење на вишокот килограми

Истражувачите од универзитетот Бен Гурион, според пишувањето на нивните медиуми, во американскиот магазин „Клиничка исхрана“ ги објавиле резултатите на двeгодишното...

НАЈЧИТАНИ