Без категорија
„Dental Summer School“ – Охрид 23-26 Мај, пријави се и стекни се со дополнителни знаења во областа на Денталната медицина
Со голема чест и задоволство ви најавуваме повторно дружба, на овогодинешната ЛЕТНА ДЕНТАЛНА ШКОЛА 2019.
Тимот мотивиран од успехот на претходната летна школа, но со многу нови идеи и амбиции Ве поканува во периодот од 23.05-26.05.2019 во Хотел “Десарет”- Охрид да бидете дел од приготвената програма и заеднички да научите и да се забавувате.
DENTAL SUMMER SCHOOL е организирана од страна студентите на студиските програми по Дентална медицина и Стручен забен техничар-протетичар на Факултетот за медицински науки при Универзитет “Гоце Делчев”-Штип, а притоа е единствена школа од ваков вид во државата.
Оваа година освен студентите од трите домашни универзитети, учество ќе земат и студенти од соседните држави од областа на Дентална медицина и Стручен забен техничар-протетичар, со што Dental summer school полека прераснува во школа од меѓународен карактер, и притоа претставува убава можност за размена на меѓусебни искуства и знаења.
– Исто така, во склоп на Летната дентална школа се организира и Втор студентски конгрес со меѓународно учество, на кој Вие наши драги студенти ќе имате можност да пријавите и презентирате ваши усни презентации или постер презентации.
Студентскиот конгрес е сертифициран со што студентите се стекнуваат со сертификат за активно учество како автори или сертификат за пасивно учество како слушатели.
Како и претходната година, и овојпат ќе имате можност да се стекнете со знаења од теоретските предавања, но и активно да се вклучите во работилници по желба и притоа да се запознате со најновите методи и техники кои се употребуваат во секојдневната пракса во Стоматологијата и тоа од областа на Реставративна стоматологија, Ендодонција, Орална Хирургија, Естетска стоматологија, Анестезиологија како и работилници за Забни техничари кои ќе вклучуваат работа со CAD-CAM, дигитално отпечатување, Digital smile design итн.
Теоретските предавања, но и практичната работа се водич за успех во збогатување на знаењето, подобрување на вештините, како и надоградување со новитетите кои ги нуди современата медицина, а учеството во студентскиот конгрес е одлична можност студентите да се вклучат во едукација и да го презентираат своето знаење.
Пријавувањето за активно учество и праќањето на абстракти е до 17ти мај , додека пријавувањето и уплатата за пасивно учество е до 20ти мај. За подетални информации посетете ја официјалната страна www.dentalsummerschool.com како и фан страниците на facebook и instagram, повеќе информации исто така ќе најдете и на флаерот подолу.
Со почит од Организационен одбор на студенти на Дентална медицина и Стручниот забен техничар-протетичар во соработка со нашиот портал ПортаМК.
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Без категорија
Нова луда закана од YouTube: „Ако блокирате реклами, плеерот ќе биде оневозможен“ (ФОТО)
Новата закана на YouTube е дел од продолжувањето на неговата агресивна кампања против блокаторите на реклами и предупредува некои корисници дека плеерот престанува да работи по три блокирани видеа.
Популарната платформа повторно експериментира со кампања против блокирање реклами за да ги принуди корисниците да се префрлат на платената услуга „YouTube Premium“. Некои корисници пријавиле дека додека го користеле, добиле закана од YouTube во скокачки прозорец со предупредување дека плеерот ќе биде блокиран по три видеа ако продолжат да користат блокатори на реклами.
YouTube will now block users from watching videos after they watch 3 videos with their ad blocker enabled. pic.twitter.com/beXsoecju2
— Information Worldwide (@InfoEarthwide) July 1, 2023
Исто како и во претходното тестирање за забрана за блокирање реклами, скокачкиот прозорец понуди „објаснување“ што требаше да го оправда потегот. Имено, платформата посочува дека рекламите ја прават услугата достапна за милијарди корисници ширум светот, а со платената верзија, рекламите исчезнуваат додека креаторите на содржини продолжуваат да заработуваат.
Претходните скокачки прозорци само ги предупредуваа корисниците дека екстензии на веб-прелистувачи за блокирање реклами не се дозволени на платформата и дека се против условите за користење. Меѓутоа, бидејќи не многу луѓе го пријавиле проблемот, се чинеше дека експериментот можеби нема да започне.
Без категорија
Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?
Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.
Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.
Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.
Извор: 9to5mac
Без категорија
Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!
Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.
„Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.
Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за среда (24 април)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (23 април)
-
Кичево11 часа
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Временска прогноза5 часа
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Магазин1 ден
iPhone 16 може да остане без физички копчиња
-
Магазин1 ден
Meta се затвора во Турција
-
Спорт1 ден
КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал
-
Спорт15 часа
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.