Следете не

Хороскоп

Дневен Хороскоп (18.10) недела

Avatar

Објавено пред

на

ОВЕН
Овој викенд ќе се обидувате да останете во добро ментално здравје. Семејниот живот ќе ви донесува задоволство. Ќе сакате да подготвувате добра храна за вашите најблиски, можно е да имате неочекувани гости. Оние кои имаат бизнис со надворешни соработници ќе остварат неочекувана добивка.

БИК
Овој викенд ќе бидете задоволни од шансите кои ви се пружат. Ќе ги извршувате сите обврски навреме и успешно. Некој колега со кого долго време сте биле во затегнати односи конечно ќе сака да соработува со вас. Можно е да добиете некоја пријатна вест од женска особа.

БЛИЗНАЦИ
Овој викенд ќе биде позитивен за вашата финансиска состојба. Оние кои се во потрага по нова работа, конечно ќе ја добијат очекуваната шанса. Можни се проблеми со дигестијата. Ќе се чувствувате мрзеливи и ќе сакате да го поминете во мирна атмосфера. Поволен период за оние кои се студенти.

РАК
Внимавајте можно е да бидете под притисок а тоа ќе го влоши односот со блиските личности. Ве мачи несоница. Имате некои стари горчливи спомени со некоја личност за кои е веќе крајно време да ги заборавите и да продолжите понатаму. Можно е да трошите повеќе од вообичаено.

ЛАВ
Ве очекува одличен успех на работното место, ќе ги импресионирате сите. Вашите најблиски се посветени на вас, ве сакаат и ве поддржуваат. Некој ваш пријател има проблем но не сака да ви каже, обидете се да го натерате да ви се отвори. Среќата се зголемува, нова понуда за работа.

ДЕВИЦА
Ќе бидете особено слаткоречиви и ќе успевате да ги шармирате сите околу вас. Атмосферата во домот е пријатна. Ќе сакате да разговарате за нешта кои порано ви биле непријатни. Ќе запознаете нов пријател на некое место каде ќе одите за прв пат. Оние кои се сингл ќе започнат нова романса.

ВАГА
Вашата финансиска состојба во овој момент не е баш најсајна, но не очајувајте пристигнуваат подобри денови. Ве очекува среќа која ќе направи малку да здивнете и ќе ви ја поврати надежта. Очекувајте повик од некоја драга личност. Запишувајте ги вашите креативни идеи.

ШКОРПИЈА
Ќе се жалите на некој здравствен проблем, тоа ќе ви создава грижи, но мислете позитивно, ќе успеете да го пребродите. Почнувате да развивате чувства спрема некоја личност од вашата околина која не е слободна, бидете внимателни. Вашето однесување може да предизвикува другите да мислат дека сте студена и арогантна личност.

СТРЕЛЕЦ
Финансиската состојба се подобрува, ви пристигнуваат позитивни денови. Ќе уживате во семејниот живот кој ќе биде исполнет со хармонија и среќни мигови. Ќе отидете на кратко патување со вашите пријатели. Оние кои се сингл ќе бидат во потрага по нова љубов, оние кои се во брак ќе добијат среќни вести од машко дете.

ЈАРЕЦ
Доколку се занимавате со професија која вклучува патување, ќе запознаете влијателна личност која ќе ви даде доста корисни совети кои ќе ви послужат во иднина. Вашите пријатели ве обожаваат и уживаат во времето поминато со вас. Некоја личност која моментално не е покрај вас постојано ве мисли. Оние кои имаат деца ќе добијат позитивни вести за нив.

ВОДОЛИЈА
Овој викенд посветете се на вашето здравје и практикувајте повеќе физичка активност. Одете во природа и ослободете ги мислите. Ви пристигнуваат вести од странство. Доколку сте биле загрижени околу некој спор, наскоро ќе постигнете напредок.

РИБИ
Ве очекува добивка за која не сте мислеле дека воопшто ќе стигне. Но парите ќе ги потрошите брзо. Внимавајте кон кого развивате романтични чувства, таа личност можеби е веќе зафатена или е вљубена во друг. Вашите мисли ве преоптоваруваат, практикувајте медитација.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Хороскоп

Денешен Хороскоп [29.10] четврток

Avatar

Објавено пред

на

ОВЕН
Како за личност која е доста брзо се лути, денес ќе се чувствувате прилично опуштени цело време а тоа е под влијанието на Месечината која влегува во вашиот социјален сектор. Ќе давате значење на нештата кои се оптимистични и среќни. Ќе бидете пријателски настроени.

БИК
Денес ќе го поминете денот во пријатна атмосфера со семејството, ќе се опуштите и ќе уживате. Планот за да направите напредок во вашиот бизнис полека се остварува, само продолжете така. Можно е да ве загрижува некој здравствен проблем.

БЛИЗНАЦИ
Почнуваат да летаат искри на сите страни со некоја личност која е во ваша близина но има репутација на „срцекршач“. Вие сте подготвени за сериозна врска и сакате да основате дом. Слушајте го вашето срце. Некој ваш поранешен соработник се кае што ве испуштил како партнер сега кога сте успешни во сите ваши проекти.

РАК
Сонцето ја активира вашата позитивна страна, ќе блескате и ќе освојувате наоколу со вашите зборови. Нема нити да забележите кога сте направиле некој да се заљуби во вас. Доколку сте имале некој сон околу вашата кариера, тој полека се остварува со помош на некоја блиска личност. Некој ќе ви упати пријатни комплименти.

ЛАВ
Се чувствувате несигурни во врска со вашиот партнер, но вистината е далеку поведра од сите ваши лоши сценарија кои ги замислувате. Ако сте сингл, нова романса е на повидок а тоа ќе ви донесе многу задоволство во вашето секојдневие.

ДЕВИЦА
Денес вашиот партнер ќе ви удоволува и ќе сака да види насмевка на вашето лице, сите ваши желби се негова заповед. Ако сте сингл, некој во вашата околина кој постојано ве засмева со своите шеги веќе долго време посакува нешто повеќе со вас. Време е да бидете пофлексибилни на работното место со вашите соработници.

ВАГА
Вашата упорност и квалитетот на вашите идеи ќе ве одведат на место за кое досега сте можеле само да сонувате. Нема да можете да поверувате дека толку прекрасни нешта се случуваат во вашиот живот. Во домот е весело и живо, саканиот ужива во вашата наклонетост.

ШКОРПИЈА
Денес ќе бидете водени од амбицијата, постојано ќе размислувате како да оставите печат и да бидете забележани. Сакате да се истакнете и да создадете нешто ново и необично. Ако сте сингл, некој ваш пријател веќе подолго време гаи чувства за вас. Немојте да брзате во донесувањето на одлуки.

СТРЕЛЕЦ
Ќе успеете да направите брза заработка со помош на некоја креативна идеа на некој ваш близок. Денес ќе можете да ги читате мислите на вашиот партнер. Ако сте сингл, личност чие име почнува да буквата Ј гаи романтични чувства за вас.

ЈАРЕЦ
Плановите кои претходно биле препречени и задржани сега конечно ќе течат брзо. Ви пристигнува шанса да напредувате на работното место. Премногу сте зафатени што не одвојувате време да размислувате за љубовниот живот. Среќата е на ваша страна, само треба да погледнете околу себе малку подобро.

ВОДОЛИЈА
Иако денес не се гледате себеси како претерано амбициозна личност, можеби треба да побарате инспирација кај некој ваш колега. Доколку ве мачи некое љубовно прашање, одговорот е поочигледен отколку што мислите. Обидете се да ги разгледате нештата од повеќе агли.

РИБИ
Денес ќе бидете во потрага по вистината која некако ќе успева да ви се сокрива. Немојте да се откажувате веднаш. Вистинската љубов ќе ве направи посилни и ќе ви помогне да ги соберете мислите, препуштете и се и не плашете се дека ќе бидете повредени. Среќата е на ваша страна. Ви пристигнува добра вест поврзана со минатото.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Дневен Хороскоп (28.10) среда

Avatar

Објавено пред

на

ОВЕН

Вие сте упорни во сѐ што ќе наумите, па ако деловниот успех е ваш приоритет нема сомнежи дека ќе го остварите. Можни се некои несогласувања со партнерот поради различните погледи и ставови. Можна е главоболка.

БИК

Свртете се кон нови деловни проекти и не се потпирајте премногу на старите. Доаѓа време за промени. Минатото кое го оставивте зад себе не е лесно но, научивте многу од него. Избегнувајте пороци.

БЛИЗНАЦИ

Финансиската ситуација не ви е сосема стабилна, а помислата на тоа многу ве фрустрира. Не сте подготвени за поголеми и посериозни потези на љубовно поле иако партнерот го очекува тоа од вас. Водете сметка за крвотокот.

РАК

Ве очекува можност за добра работа. Може да се надевате на среќни околности на ова поле. Доколку ви се допаѓа личност која сте ја запознале неодамна, нема да ви биде тешко да го најдете патот до нејзиното срце. Зголемен холестерол.

ЛАВ

Денешниот ден не е поволен за вас, можни се нови грижи и проблеми на работното место. Личноста која ви се допаѓа на некој начин почнува да се оддалечува од вас и тој нејзин пристап може да ве олади. Пад на имунитетот.

ДЕВИЦА

Пред вас е период на прилагодување на новите деловни околности и промените кои настапиле. Доколку сте во брак со саканата личност имате проблеми и заладени односи. Кризата може да потрае. Склони сте кон алергии.

ВАГА

Донесовте нова одлука поврзана со работата и нема да дозволите било кој да влијае врз промената на вашето мислење. Ви се допаѓа личност која сѐ уште не покажува дека има симпатии кон вас или емоции. Можни се болки во стомакот.

ШКОРПИЈА

Во наредниот период ќе започне важната фаза на разрешување на деловните одлуки и случувања. Ако сте во брак, имате одличен однос со саканата личност и чувствувате дека на некој начин сѐ е на свое место. Полни сте со енергија!

СТРЕЛЕЦ

Нови проблеми доаѓаат, а ни старите не сте ги решиле целосно. Можеби се чувствувате оптеретено на работно поле. Личноста која ви се допаѓа ќе го направи првиот чекор кон вас. Помали проблеми со срцето.

ЈАРЕЦ

Деловниот партнер може да ви направи некои проблеми со лоши намери или со неговите непромислени постапки. Интересен ден е пред вас. Некое ново познанство особено ќе ви го промени животот. Проблеми со кожата.

ВОДОЛИЈА

Доколку се занимавате со приватен бизнис ќе успеете да ги остварите плановите кои ги имате. Сакате да разговарате со саканата личност во кој правец оди вашиот однос. Помали проблеми со варењето и стомакот.

РИБИ

Среќата е на ваша страна и работата конечно се подобрува. Може да очекувате позитивни случувања на ова поле. Сакате односот со саканата личност да напредува. Предложете и брак. Немате проблем со здравјето.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за денес (27.10) вторник

Avatar

Објавено пред

на

ОВЕН
Вашата мрежа на познанства полека се проширува, ќе бидете потпомогнати од некоја личност. Ќе имплементирате некои нови идеи во вашиот бизнис. Плановите за инвестирање полека се остваруваат и ви се најавува нова добивка. Ќе бидете зафатени со некоја домашна прослава.

БИК
На работното место владее напната атмосфера а вие не можете да се сконцентрирате да ги завршите сите обврски наеднаш. Имате чувство дека сте под притисок и вашата креативност полека ве издава. Ќе пропуштите некој важен настан поради преумореност.

БЛИЗНАЦИ
Завршете ја цела важна документација навреме затоа што колку повеќе одложувате толку поголеми шанси имате сето тоа да се одолговлекува и да не заврши во ваша полза. Можно е да се вознемирите од некоја вест. Оние кои се во брак ги очекува хармонија во домот. Оние кои се сингл полека се приближуваат кон доста радосен период.

РАК
Денес ќе успеете да се истакнете над вашите конкуренти а тоа ќе направи да се искачите повисоко на општествената скала. Бидете подготвени да добиете некој подарок за кој одамна сте сонувале. На финансиски план стоите добро. Бидете повеќе од корист на блиските.

ЛАВ
Денес е одличен ден за бизни но вие не му верувате на никого. Искористете го поволниот период. Вашиот остар интелект ќе ви помогне да освоите одлични резултати во кратко време. Оние кои се во брак денес ќе прават преговори со партнерот околу купување на нешто во домот.

ДЕВИЦА
Ќе се чувствувате среќно и полетно. Оние кои се во врска можно е да доживеат некое разочарување, ќе бидете збунети и ќе се чувствувате непријатно но ќе морате да ги соберете мислите и да донесете некоја одлука. На работното место ве очекуваат пријатни вести.

ВАГА
Денес можно е да стекнете нов пријател и тоа на сосема неочекувано место. Би било добро да помогнете на некого кој е послаб од вас или да направите донација во хуманитарни цели. Во домот ќе владее зафатена атмосфера и сите ќе бидат во трчање. Некој стар долг ќе ви биде наплатен.

ШКОРПИЈА
Денес ќе се чувствувате како да не можете да се искажете и сите ве сфаќаат погрешно. Успешно ќе водите некој проект и сите ќе се огледуваат на вас. Ви пристигнуваат нови одговорности. Од финансиска перспектива посакувате да ја зголемите својата добивка.

СТРЕЛЕЦ
Денес ќе уживате во вашиот брачен живот и ќе бидете горди на своето дете. Ќе постигнете значаен успех на работното место. Среќата ќе биде на ваша страна, ќе успеете да направите некоја примена каква долго време сте сакале.

ЈАРЕЦ
Денес Јарците ќе прават напори за да постигнат добри резултати во својата работа. Вложениот труд ќе се исплати и ќе добијат почит за својата ефикасност. Инвестираните пари се враќаат назад, здравјето се подобрува!

ВОДОЛИЈА
Внимавајте што јадите и пиете, можни се некои стомачни проблеми. Некој потајно ве оговара кога е во прашање вашата работа и посакува да не успеете. Ќе се сретнете со некој стар роднина и ќе добиете пријатни вести.

РИБИ
Обидете се да ги подобрите своите навики, немојте претерано да се грижите за некои нешта, се ќе биде добро. Кога е материјалната состојба во прашање, вие сте на вистинскиот пат. Немојте да трошите премногу. Го збунувате вашиот партнер со наглата промена на расположението.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 46 минути

Денешен Хороскоп [29.10] четврток

ОВЕН Како за личност која е доста брзо се лути, денес ќе се чувствувате прилично опуштени цело време а тоа...

МакедонијаПред 2 часа

Изгласани дополнувањата на Законот за заштита од заразни болести, овие работи треба да се почитуваат со цел заштита на сопственото здравје и здравјето на другите!

Со 53 гласови „за“ и 26 воздржани, пратениците вечерва ги изгласаа измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Здравје и убавинаПред 2 часа

Нешто што не сме знаеле за шеќерот и неговото вистинско лице

Освен слатките, шеќерот има и мрачна страна која малкумина ја познаваат. Според експертите, шеќерот го загадува нашиот организам, а луѓето...

Временска прогнозаПред 2 часа

Најава за северен ветер кој од петок значително ќе дува и ќе ја намали загаденоста во најголемиот дел од државата, детали..

Влеговме во период во кој загаденоста низ котлините забрзано расте, па така овие денови особено во Скопскиот регион, но и...

МакедонијаПред 4 часа

НОВ РЕКОРД НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19, ДЕНЕС 870, Кичево 20?

Во последните 24 часа се направени 2647 тестирања, а регистрирани се 870 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 422...

МакедонијаПред 9 часа

Во петок поради изведување на градежни работи према Охрид ќе има изменет режим на сообраќај, ова се деталите..

Г.П. Викторија Инвест известува дека на 30.10.2020 (петок), ќе се започне со изведување на градешни работи на пат на патниот...

Временска прогнозаПред 16 часа

Најнови детали за временската прогноза, викендов можни промени и дожд

Денеска времето во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, локално ќе има и позначителна облачност а ќе дува...

ХороскопПред 1 ден

Дневен Хороскоп (28.10) среда

ОВЕН Вие сте упорни во сѐ што ќе наумите, па ако деловниот успех е ваш приоритет нема сомнежи дека ќе...

СпортПред 1 ден

ФФМ: Извлечени се двојките за 1/4 финале за Купот на Македонија

Извлечени двојки за 1/4 финале од Купот на Македонија: Академија ПАНДЕВ – ШКУПИ СТРУГА Трим Љум – РЕНОВА БЕЛАСИЦА –...

МакедонијаПред 1 ден

Страшни бројки денес, нови 628 регистрирани – Апел да се почитуваат Ковид мерките!

Во последните 24 часа се направени 2236 тестирања, а регистрирани се 628 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 353...

НАЈЧИТАНИ