Следете не

Хороскоп

Дневен Хороскоп (27.11) Среда

Avatar

Објавено пред

на

ОВЕН

Ве очекува можност да напредувате на работа. Подготвени сте да ги направите промените кои ги посакувате. Размислувате за брак и љубовни промени, но потребно е сѐ уште време за да успеете да ги реализирате. Зголемете го внесувањето на калциум.

БИК

Сѐ оди токму онака како што сакате и задоволни сте од околностите. Пред вас е период во кој ќе имате среќа. Може да очекувате познанство со личност која отворено ќе ви покаже дека сака врска. Здравјето е во ред.

БЛИЗНАЦИ

Можно е ситуацијата на работа да не е онаква каква што сакате да биде и пред вас да следува прилично неповолен период. Потребно е да се потрудите со саканата личност да ја подобрите комуникацијата во наредниот период. Избегнувајте алкохол.

РАК

Полека решавате некои проблеми кои претходно ви претставувале кочница на деловно поле. Ве очекува познанство со личност која ќе покаже дека има искрени емоции кон вас. Поволен ден за рекреација.

ЛАВ

Потрудете се да се посветите на своите обврски за да можете да решите сѐ на најдобар начин. Можни се поголеми кавги со саканата личност во кои ќе се чувствувате како да нема назад. Проблеми со бубрезите.

ДЕВИЦА

Избегнувајте ризични потези и необични ситуации во наредниот период за да не направите некои поголеми грешки на работа. Доколку ви се допаѓа личност која не е сосема слободна ќе имате некои компликации. Проблеми со дишните патишта.

ВАГА

Доколку се занимавате со трговија ве очекува поголем успех во наредниот период. Минатото и понатаму ве прогонува и не можете да ја преболите личноста која ја сакате. Постепено подобрување на здравјето.

ШКОРПИЈА

Објективно сте посветени на обврските кои ги имате и важно вви е да остварите стабилност на деловно поле. Можен е флерт и нови познанства кои ќе водат кон поголеми љубовни промени. Потребно е да спиете повеќе.

СТРЕЛЕЦ

Ве очекува поволен период за нови деловни одлуки. Ќе имате поддршка од страна на деловното опкружување. Може да се надевате на интересно познанство ако сте слободни. За зафатените следуваат проблеми. Опуштете се со драги луѓе.

ЈАРЕЦ

Можно е да добиете нова деловна понуда која за вас ќе биде многу важна. Комуникацијата со саканата личност не е добра и полека станувате свесни за сериозноста на ситуацијата. Проблеми со бубрезите.

ВОДОЛИЈА

Засега сте задоволни со ситуацијата која ја имате на деловно поле. Не ве очекуваат поголеми промени на работа. Имате можност да ја обновите комуникацијата со поранешната љубов која сѐ уште ви е драга. Проблеми со циркулацијата.

РИБИ

Поволен ден за одмор или патување. Не би требало да очекувате премногу деловни обврски денес. Доколку сте слободни може да очекувате поволен период да најдете личност која ви одговара за врска. Проблеми со синусите.

Хороскоп

Хороскоп за денес (26.02) среда

Avatar

Објавено пред

на

Овен 

Непријатните вести или сеќавањето на нешто што се случило одамна може да го расипе вашето расположение. Не го продлабочувајте беспотребно. Ако можете да спречите погрешен потег направете го тоа. За сѐ друго гледајте само напред.

Бик

Физичката состојба ви е добра, но психичката состојба ви е нестабилна. Воздржете се од учество во спорови или најобични дискусии за службени прашања. Субјективни сте и можете да кажете нешто несоодветно, со што можете да си наштетите.

Близнаци

Дури и да има повод за конфликт правете се дека не го забележувате. Гледајте од високо на секојдневните проблеми и не се нервирајте за ситници. Обрнете внимание на членовите на вашето семејство, бидејки имаат потреба од ваш совет.

Рак

Избегнувајте дополнителни или чувствителни разговори. Пожелно е да ги намалите деловните контакти и да си ги разјасните сопствените планови. Премногу сте расеани, работата страда, но страдаат и старите пријателства, за кои многу ќе жалите.

Лав

Не чекајте покана, ако веќе имате на ум нешто. Започнете го, дури и да не сте сосема сигурни во шемата, технологијата и начинот на работа. Подобро е да работите на принципот обиди се или згреши отколку само да мечтаете за тоа.

Девица

Мирен ден, до некој степен и здодевен. Единствениот спокоен зрак ќе биде разговор со стара љубов или нов обожавател, но ќе бидете задоволни. Работните обврски или заостанатите испити не можат да чекаат, фаќајте се за работа.

Вага

Премногу сомнежи ви доаѓаат на ум. Ако се продлабочите во нив ќе изгубите време и емоции, а нема да дојдете до никакво практично решение или образложение. Размислете дали вреди, ние ве советуваме да продолжите напред без навраќање.

Шкорпија

Денес енергичното ниво ви е стабилно и сте исклучително функционални, но поради желбата да завршите што е можно повеќе работа може да дојде до грешки кои после тешко ќе можете да ги поправите. На крај, ќе се свестите и ќе видите каде сте згрешиле, па поправањето ќе го оставите за утршениот ден кој е поповолен.

Стрелец

Не преценувајте ги можностите. Еден погрешен чекор и можете да се вратите на почеток на важни проекти и задачи. Воздржете се од прикажување на премногу емоции, бидејќи едвај некој ќе се заинтересира за вашите чувства. Може да ве игнорираат и да се почувствувате уште полошо.

Јарец

Ве очекува еден спокоен ден. Обидете се да уживате во бавното темпо и можноста да се занимавате со работни и приватни обврски без притоа никој да ви се меша. Може да не напреднете многу, но сепак ќе постигнете внатрешен мир.

Водолија

Не е пожелно да сте премногу активни и иницијативни. Денес може да се однесувате иритирачки кон луѓето од кои зависите. Намалете го темпото и бидете толерантни.

Риби

Престанете да бидете 100 проценти убедени и самоуверени дека нема ниту една пречка пред вас. Доверете се на досегашното искуство, а не на агресивната сигурност. Ќе напредувате само ако реално размислувате.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за денес (25.02) вторник

Avatar

Објавено пред

на

Овен

Можно е изминатиот период да сте биле малку разочарани кога станува збор за работата. Добро е дека ги надминувате работите.

Се чувствувате добро покрај саканата личност со која имате стабилен однос.

Внимавајте во сообраќајот.

Бик 

Ве очекуваат проблеми кои не сте ги планирале. Ќе ви биде потребно да ги надминете стресните моменти на работа.

Не чувствувате иста доза емоции кон партнерот.

Проблеми со кичмата.

Близнаци

Посветете се максимално на работата бидејќи денешниот ден ви носи многу можности.

Не сте подготвени за врска на далечина. Иако постои личност која ви се допаѓа, не го сакате тоа.

Избегнувајте мрсна храна.

Рак

Ве очекуваат мали трошоци. Можни се проблеми.

Сакате да направите прв чекор кон симпатијата, но имате трема. Нема да ви биде лесно да и пријдете.

Проблеми со белите дробови.

Лав

Морате да бидете трпеливи кога се во прашање новите одлуки на работа.

Саканата личност ви е максимално посветена.

Проблеми со прекумерна тежина.

Девица

Загрижени сте за своите финансии кои се несигурни. Имате впечаток дека парите летаат од вас.

Пред вас е средба со личност која ќе ви покаже дека има сериозни намери кон вас.

Избегнувајте алкохол.

Вага

Не е најдобар ден кога станува збор за работата. Можно е да се соочите со ситни проблеми.

Имате некоја лична несигурност и затоа не ви е лесно да навлезете во нова врска.

Чувствителни ви се бубрезите.

Шкорпија

Не се потпирајте на среќата денеска.

Можно е да не сте сигурни која одлука треба да ја донесете за да бидете среќни.

Пад на имунитетот. Внесувајте витамини.

Стрелец

Имате шанса да покажете дека сте напредувале во поглед на знаење. Се поправа односот со надредените.

Ве очекува интересно познанство кое би можело да доведе до врска.

Редовно контролирајте го притисокот.

Јарец

Ако се занимавате со приватна работа, можете да очекувате наскоро да се најдете пред важни одлуки.

Станувате студени кон партнерот. Време е да се потрудите повеќе.

Зголемете го внесот на течности.

Водолија

Имате мали проблеми на работното место. Не ви е лесно да одлучите што да направите.

Ви се допаѓа личност која е далеку, можно е да влезете во врска на далечина.

Внимавајте на грлото.

Риби

На работа нема проблеми и работите се мирни.

Пред вас е добар ден за нови познанства и флерт.

Внимавајте на исхраната.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Редовен Хороскоп (24.02) понеделник

Avatar

Објавено пред

на

ОВЕН

На некој начин сега ја докажувате својата посветеност на работа. Важно е да се посветите максимално на своите цели. Можеби ќе имате можност да остварите познанство кое подоцна ќе прерасне во врска. Избегнувајте цигари.

БИК

Ако се занимавате со приватен бизнис, ве очекува период во кој ќе успеете да остварите добри резултати. Загрижени сте за вашата врска и честопати ви се чини дека нема да успеете да ја одржите. Поволен период за слабеење.

БЛИЗНАЦИ
Иако ве очекува тежок ден, ќе успеете да научите важна лекција од компликациите на деловно поле. Чувствителни сте и не ви е лесно со саканата личност да најдете заедничко решение за проблемите кои ве мачат. Препорака е да се одмарате.

RAK

Ќе се појават помали препреки во однос на колегите. Ќе ви биде потребно трпение да ги решите. Ако и ги покажете своите искрени чувства на симпатијата, и таа ќе покаже наклонетост кон вас. Можна е несоница.

ЛАВ

Успехот кој сакате да го постигнете на работа ќе ви го подобри расположението и самодовербата. Може да очекувате поволен ден за флерт и нови познанства. Љубовното поле ви е позитивно нагласено. Здравјето е во ред.

ДЕВИЦА

Пред вас е поволен период за да ги решите деловните дилеми од претходниот период. Вашиот однос со саканата личност е променлив. Честопати не сте сигурни што би можеле да очекувате од таа врска. Потребна ви е масажа.

ВАГА

Ќе успеете да ги остварите своите цели и планови. Не би требало да имате стрес кога станува збор за работата. Можеби ќе запознаете личност со која ќе остварите еден интересен и добар однос. Немате проблеми на полето на здравјето.

ШКОРПИЈА

Конечно доаѓаат подобри денови кога станува збор за работата. Успешно ги завршувате своите деловни задачи. Вашиот однос со саканата личност е искрен и знаете точно на што сте. Може да очекувате позитивни околности. Солидно здравје.

СТРЕЛЕЦ

Потпрете се на својата интуиција кога станува збор за работата. Денес може да бидете подготвени и на некои ризици. Саканата личност сака да ви покаже дека ви е потполно посветена и дека нејзината љубов е искрена. Грижете се за својата кожа.

ЈАРЕЦ

Ве очекува многу работа. Можеби преголемиот број на обврски ви создава притисок. Ве очекува интересно познанство со личност која отворено ќе покаже интересирање за вас. Добро се чувствувате.

ВОДОЛИЈА

Пред вас е можност да одморите. Денешниот ден за вас е опуштен и не носи премногу обврски. Доколку сте слободни, можеби нема да ви биде лесно да остварите нова врска или познанство. Одлично сте расположени!

РИБИ

Може да очекувате дека ќе успеете да ги остварите деловните цели и дека ќе бидете задоволни. Доколку сте слободни, можно е да успеете да се зближите со одредена симпатична и харизматична личност. Водете сметка за стомакот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Здравје и убавинаПред 2 минути

Лесен и брз лек за имунитет, победете ја брзо настинката

Едноличната исхрана најмногу ја ослабува способноста на организмот да се избори со болестите.Затоа е важно редовно да консумираме овошје и...

МакедонијаПред 2 часа

(ВИДЕО) Д-р Александар Митов: Важни информации за „Корона вирусот“, на кој начин да се заштитиме и што знаеме

Д-р Александар Митов е магистер по јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето. Во специјално издание докторот изјавува...

ВидеоПред 3 часа

(ВИДЕО) Му го скрши задното стакло, овој со тарабуката му врати со удар, па инструментот извади тон силината

Видеото кое стана вирално на интернет, во прашање е кавга на двајца, но како што гледаме едниот е доста наелектризиран...

МакедонијаПред 5 часа

ОФИЦИЈАЛНО: ПРВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА- заразена жена која патувала во Италија

Во Македонија денеска е регистриран првиот случај на коронавирусот, ова во овие моменти го истакна министерот за здравство Венко Филипче....

СпортПред 8 часа

Милвоки преку шампионот Торонто до 50. победа оваа сезона во НБА лигата

Тимот на Милвоки бакс ја забележа победата број 50 во тековната НБА сезона, откако ноќеска на гостински терен го совлада...

СлучувањаПред 8 часа

МОНСТРУМ ОД СКОПЈЕ: Си го силувал своето 12-годишно дете!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено дека сторило кривично дело...

МакедонијаПред 8 часа

Уште двајца сомнителни пациенти од коронавирус се испитуваат на Клиниката за инфективни болести

Уште двајца сомнителни пациенти со симптоми на грип се тестираат на присуство на коронавирус, дознаваме од извори од Клиниката за...

Временска прогнозаПред 22 часа

Денес ќе имаме засилен ветер, така што од четврток следуваат дождови а некаде и снег

Денес ќе преовладува поладно време со засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде на места ќе достигнува...

ХороскопПред 22 часа

Хороскоп за денес (26.02) среда

Овен  Непријатните вести или сеќавањето на нешто што се случило одамна може да го расипе вашето расположение. Не го продлабочувајте...

Живот и стилПред 1 ден

(ВИДЕО) Најефективните вежби за стомачни кои се научно докажани

Како конечно да ги оформите вашите стомачни мускули и да дојдете до посакуваната фигура? Науката доаѓа напомош! Ако сакате да...

НАЈЧИТАНИ