Следете не

Временска прогноза

До кога со дождовите во нашиот регион?

Објавено пред

на

Денес 10.06.2018 Недела, времето ќе биде малку посвежо, а потоа до среда дневните температури ќе бидат во пораст. Од четврток повторно ќе биде постудено за нијанса. 

Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 7. Дневната температура ќе се движи од 20 до 32 степени.

До Среда условите за нестабилност ќе се претежно во западните делови но ќе бидат намалени.

Од Среда се очекува повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи.

Временска прогноза

Во следниот период екстремно топли денови, ова се најновите метео вести

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен и од југозападен правец. Доцна попладне и навечер ќе има услови за ретка појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 33 степени.

Потоа во следните денови во претпладневните часови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, додека во попладневните локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град.

Што се однесува до температурите, тие остануваат невообичаено високи за овој период од годината и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и максималните дневни темперратури во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека пад на истите се очекува од недела.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Вечерва локално невреме во источните краеви на државата – ова се деталите

Објавено пред

на

Доцна попладнево и вечерва и тоа особено во источната половина од државава ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силени електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Доцна попладне и навечер во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер, локално овие процеси можно е да бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ. Максималната температура денес во Скопје ќе се искачи до околу 31 степен.

Потоа во следните денови во претпладневните часови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, додека во попладневните и вечерните локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината , и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, и на многу места истите ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да надминат дури и 35 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека понатаму Атмосферата нема да биде стабилна, во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвја за да не дојде до несакана штета.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Невообичаено високи температури со можност за локално невреме

Објавено пред

на

Нашата територија се наоѓа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од северните предели на Африка, и истата условува натпросечно високи температури.

Од денес, па во следните денови времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево во претпладневните часови, додека во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Температурите нема многу да се менуваат во споредба со сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени. Мал пад на истите ќе има во понеделник, но потоа температурите ќе бележат тенденција на уште поголем пораст и во најтоплите предели од државава во текот на следната недела температурите се очекува да надминат 35 степени.

Автор: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин7 минути

DuckDuckGo, прелистувач наводно фокусиран на приватноста на корисниците, фатен во лага: Сè уште има следење

Ова е дел од договорот меѓу двете компании, кој е поврзан со пребарување на Интернет и собирање лични податоци Прелистувачот...

Автомобили11 минути

Што повеќе се исплати: „Eлектричен Golf“ или Golf бензин

Пресметките што ги спроведува ADAC се базираат на просечен период на одржување од пет години, со годишна километража од 15.000...

Свет22 минути

Twitter казнет 150 милиони долари поради лажење и продажба на приватни податоци на корисниците

Американската Федерална трговска комисија го казни Twitter со 150 милиони долари затоа што на огласувачите им обезбедил кориснички информации, вклучително...

Магазин37 минути

Netflix ги проширува своите функции

Netflix воведува дополнителни функции за пристапност за целата своја глобална публика. Прилагодување Netflix ќе ги прошири своите функции за пристапност...

Магазин42 минути

Сè што треба да знаете за Wi-Fi 7

Wi-Fi 6 и 6e сè уште изгледаат како многу нови и сè уште сеприсутни стандарди, а Wi-Fi 7 е речиси...

Култура45 минути

Денес се слави големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица

Кичевска Белица, денес 26 мај го празнува празникот Александрија кој е посветен на светецот-маченик Свети Александар. Празнувањето традиционално започнува најпрво...

Магазин46 минути

Како да спречите апликацијата iOS Photo да го прикажува она што не сакате да го запомните

Замислете го ова: имате убав ден, времето е одлично, уживавте во брилијантен појадок… и одеднаш вашиот iPhone покажува спомен –...

Магазин53 минути

Еве некои од најдобрите начини за справување со е-отпадот

Со рециклирање, можете да избегнете загадување на животната средина и други токсични последици. Електронскиот отпад или е-отпадот се однесува на...

Магазин1 час

На овие уреди може да инсталирате Android 13 денес

Еве детална листа на сите модели кои можат да ја преземат бета верзијата на Android 13 во моментот и да...

Хороскоп13 часа

Дневен Хороскоп (26 мај) – четврток

ОВЕН Оваа недела Овенот веројатно ќе сака да има пријатно искуство. Ова е вистинско време за ова, особено за викендот....

НАЈЧИТАНИ