Следете не

Временска прогноза

До крајот на денот сончево со локална облачност, но доаѓа нов бран на дождови

Објавено пред

на

До крајот на денешниот ден времето во нашата држава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи во интервалот од -1 до 8 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа во текот на утрешниот ден ќе се задржи претежно стабилно и суво време, додека од вечерните часови па за време на викендот следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег на планините. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели каде за време на овој влажен бран локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. За време на викендот ќе дува и умерен, на некои места засилен ветер и тоа во сабота од северозападен, а во недела од југоисточен правец.

Температурите особено за викендот ќе бидат во понатамошен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Автор: Славчо Попоски

Временска прогноза

Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи

Објавено пред

на

Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.

Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија

Објавено пред

на

Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Услови со утринска појава на магла по котлините, преку ден сончево и натпросечно топло за овој период од годината

Објавено пред

на

Времето утре ќе биде слично на денес, односно наутро ќе има услови за појава на мaгла некаде во котлините. Преку ден ќе биде сончево и натпросечно топло за овој период од годината, со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.

Во Скопје претежно сончево со мала локална облачност и тивко.

Температурите во јужните краеви на Македонија некаде ќе достигнат и до рекордни 20 степени, додека утринската ќе се движи околу 0.

Според првичните информации и од она што го најавуваат метеоролозите, после 10-ти февруари ќе следи промена на временската состојба, односно со зимата и снегот се уште не сме завршиле, но за тоа ќе прецизираме во текот на оваа седмица.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп32 минути

Хороскоп за петок (19 април)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Кичево6 часа

(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас

Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија...

Спорт7 часа

(ФОТО) ФФМ и ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ втор пат по ред организираа инклузивен фудбалски турнир

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, втора година по ред Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ДСУ за рехабилитација и...

Кичево8 часа

ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“

Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на...

Хроника10 часа

Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На 17.04.2024 во 19.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с.Ново Село,...

Lifestyle11 часа

Растение кое ќе ги растера инсектите од вашиот дом – од молци до смрдливи бубачки

Лавандата ги одбива инсектите во сите форми, од култивирано растение до сушено цвеќе и есенцијално масло. Лавандата е украсно растение...

Магазин11 часа

Три причини зошто роботите наскоро ќе станат значително покорисни

Намалувањето на цените на роботите им овозможува на истражувачите полесно да пристапат до напредната технологија Роботиката е на прагот на...

Магазин11 часа

Telegram наскоро ќе има повеќе од една милијарда корисници

Основачот на платформата, Павел Дуров, признава дека некои влади се обиделе да извршат притисок врз него, но тврди дека апликацијата...

Магазин11 часа

Microsoft објави крај на поддршката за Office 2016 и Office 2019

Ако сè уште користите Office 2016 или Office 2019, можеби е време да размислите за нивна замена. Microsoft потсети дека...

Спорт22 часа

Младата женска фудбалска репрезентација учествува на турнир во БиХ ќе одиграат мечеви со Словенија, Украина и домаќинот БиХ

Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април учествува на меѓународниот Уефа развоен...

НАЈЧИТАНИ