Спорт

Дојде време за крајот: Емотивна фотографија на Чаби Алонсо го најави неговиот крај на кариерата (ФОТО)

Фудбалерите на Баерн Минхен денеска играат на домашен терен против Фрајбург во рамките на последното коло од германската Бундеслига.

Баварците денеска ќе прослават уште една шампионска титула во Германија, но во историјата ќе испрати двајца врвни фудбалери. Копачките на клин денеска ќе ги закачат Филип Лам и Чаби Алонсо, па денешниот славенички ден ќе биде доста емотивен за голем број навивачи на Баерн, но и сите останати љубители на најважната споредна работа на светот.

Иако многумина веруваат дека овој двоец може уште многу да понуди во врвниот фудбал, тие одлучија да се пензионираат на најдобар начин, со прослава на шампионската титула. Чаби Алонсо во пресрет на денешниот меч објави фотографија на Инстаграм која ги растажи фудбалските вљубеници.

Leave a Comment

Close