Следете не

Здравје и убавина

ДОКТОР ТВРДИ: Овие сигнали јасно покажуваат дека нешто не во ред со црниот дроб

Објавено пред

на

Црниот дроб е многу важен орган, бидејќи влијае на здравјето на сите други органи и воопшто на целиот организам

Црниот дроб ја филтрира крвта, отстранувајќи ги штетните токсини од телото. Во исто време, црниот дроб учествува во варењето и производството на одредени ензими, затоа е потребно да се грижи за неговото здравје. „Таа е најважниот орган“, вели д-р Харисон.

Она што предизвикува најголеми проблеми со црниот дроб се всушност оние токсини кои долго време остануваат во овој орган. Кога процесот на прочистување се забавува, тогаш се појавуваат компликации. Според Глобалниот институт за црн дроб, има околу 100 различни заболувања на црниот дроб.

На прв поглед, не би поврзале некои тивки знаци со сериозен проблем, но некои од нив всушност јасно укажуваат на можна причина. Прочитајте подолу кои сигнали не треба да ги игнорирате:

Црна акантоза

Болестите на црниот дроб често може да се манифестираат преку разни промени во кожата, а една од нив е црна акантоза. Тоа е ретка болест и д-р Харисон ја опишува како појава на темни дамки во пределот на вратот.

Изречени вени во форма на пајакова мрежа

Ова е уште еден симптом на кој треба да се обрне внимание, според др. Харисон. Тие можат да се појават како нови црвеникави линии на лицето и вратот.

Жолтица

Д-р Харисон верува дека како што се влошува болеста на црниот дроб, пациентот може да развие жолтица.

Оток на стомакот

Ова е уште еден симптом на прогресивно заболување на црниот дроб – зголемување на обемот на половината или отекување на стомакот во голема мера, верува лекарот.

Не можете да го запрете чешањето

Болен црн дроб може да предизвика чешање по целото тело.

– Не ја знаеме со сигурност вистинската причина, но се претпоставува дека може да биде поврзано со нивото на жолчните соли – велат лекарите.

Црниот дроб произведува жолчка, што овозможува варење, но кај луѓе со примарна билијарна цироза (автоимуно заболување на црниот дроб што предизвикува колапс на жолчните канали), може да се појави натрупување на жолчката и чешање на кожата.

Ментални проблеми, заборавеност и замор

Ако случајно изгубите работи, заборавете на важните датуми и податоци, немојте слепо да верувате дека тоа е последица на стрес и замор.

Имено, причината може да биде хепатална енцефалопатија, состојба која може да се појави кога црниот дроб не може правилно да исфрли токсини од телото и обично се јавува кај пациенти со хронично заболување на црниот дроб, цироза или хепатитис.

– Ако забележите некој од овие симптоми, задолжително побарајте медицинска помош – советува др. Харисон.

 

 

Здравје и убавина

Магнезиумот е многу важен за здравјето на кардиоваскуларниот систем

Објавено пред

на

Научниците посочуваат дека повеќето луѓе во денешно време имаат зголемен ризик од недостаток на магнезиум, како поради намалената содржина на магнезиум во храната и прекумерното консумирање рафинирана храна, така и поради употребата на лекови кои го поттикнуваат неговото излачување од телото.

Магнезиумот е многу важен за здравјето на кардиоваскуларниот систем, имајќи предвид дека со редовните тестови на крвта не може да се добие увид за фактичка состојба на магнезиумот во клетките.

За тој непрепознатлив дефицит на магнезиумот како можен главен двигател на кардиоваскуларните болести и неговата употреба во превенција и третман на кардиоваскуларните болести, пишуваат статиите објавени оваа година во списанието на Британското кардиоваскуларно здружение „Опен харт“.

Недостатокот на магнезиум, исто така, се поврзува со стрес и алкохолизам.

Препорачаната доза на магнезиум изнесува 375 милиграми на ден, а негови природни извори се оревестите плодови, мешунките, интегрални житарки, зелен лиснат зеленчук и природна минерална вода богата со магнезиум.

ФОТО: Sarah Chai / pexels.com
Denar Archive

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Овие намирници ќе ви помогнат за подобрување на нивото на холестерол

Објавено пред

на

Како што веќе знаеме храната има директно влијание врз многу аспекти на животот, вклучувајќи го и здравјето на срцето. Но, одредена храна може да го подобри нивото на холестерол и за возврат да го намали ризикот од срцеви заболувања.

Одржувањето на вашиот холестерол на нормално ниво со избирање на соодветна храна ќе ви помогне да живеете поздрав живот.

Овие намирници ќе ви помогнат за симнување на холестеролот:

Ореви
Тие содржат многу хранливи материи, вклучувајќи здрави масти, влакна и антиоксиданти. Во преглед на три големи студии, луѓето кои јаделе повеќе ореви имале помал ризик од кардиоваскуларни и коронарни срцеви заболувања.

Оревите се особено одлични за здравјето на срцето, бидејќи содржат многу важна омега-3 масна алфа-линоленска киселина, која е поврзана со намален ризик од кардиоваскуларни болести, како што се срцев или мозочен удар.

Авокадо
Ова зелено овошје содржи многу здрави мононезаситени масти и диетални влакна кои помагаат во намалување на нивото на холестерол.

Студија од 2020 година покажа дека луѓето со прекумерна тежина или дебелина и кои јаделе по едно авокадо на ден како дел од нивната целосна диета имале подобрен профил на холестерол во споредба со времето пред воведувањето на авокадото во исхраната.

Јачмен
Јачменот е зрно богато со бета-глукани. Тоа е вид на растворливи влакна кои помагаат во намалување на нивото на холестерол преку интеракција со масти и жолчни соли во дигестивниот тракт.

Преглед и мета-анализа на рандомизирани контролирани испитувања од 2016 година откри дека бета-глуканот од јачмен го намалува нивото на холестерол. Затоа, вклучувањето на јачменот во исхраната може да го намали ризикот од срцеви заболувања.

Темно чоколадо
Можеби изгледа контрадикторно, но додавањето на малку темно чоколадо и какао во вашата исхрана може да биде од корист за вашето срце. Истражувањата покажаа дека флавоноидите присутни во црното чоколадо и какаото можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања.

Сепак, не е добро да се јаде премногу чоколадо, бидејќи често е богато со дополнителни шеќери, што може негативно да влијае на здравјето на срцето. Најдобро е да го ограничите дневниот внес на црно чоколадо на една помала порција и да изберете оној што содржи најмалку 70 проценти какао.

ФОТО: Trang Doan / pexels.com

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Светско, а сепак наше и кичевско, апи-центар „Грозданоски“ – „Нашата природна аптека за вдишување на здрав пчелин воздух“

Објавено пред

на

По теркот на малкумината европски и балкански пчелари г-дин Зоран Грозданоски, сакајќи да ги прикаже благодетите на пчелите и пчелните производи за да им станат подостапни на луѓето, се реши и официјално вчера го отвори апи-центарот Грозданоски.

Oвој апи центар се наоѓа во с.Осој – кичевско, на само неколку километри од градскиот метеж, во чиста и недопрена природна оаза, опколена со костен, багрем, липа… – сите убавини кои само пчелите умеат да ги ценат и почитуваат. Некои пчелари велат дека апи-центарот е природна аптека, некои велат дека тоа е вистинскиот воздух“, а Зоран вели дека ова е лек не само за телото, туку и за душата, бидејќи се вдишува воздух дирекно од пчелната кошница.

Вдишувањето аеросоли, матичен млеч, полен, прополис, пергата поволно делуваат и лечат:

✔️намален имунитет
✔️бронхитис
✔️астма (алергиска и неаргиска)
✔️ проблеми со синуси
✔️проблеми со дишните патишта
✔️алергии
✔️мигрена
✔️стрес
✔️ларингитис
✔️кардиоваскуларни заболувања
✔️нормализација на крвен притисок
✔️депресија
✔️пост-ковид закрепнување

Меѓутоа, ова не значи дека и здравите лиѓе и спортистите не треба да доаѓаат зашто девизата на апи центар „Грозданоски“ e

– „Здравите луѓе да стекнат посилен имунитет и никогаш да не се разболуваат, а тие што имаат проблеми со здравјето – да си заминат одовде здрави, живи, насмеани“

Додаваат: Повелете посетете не, уживајте со нас и нашите пчелни друштва за да и се радуваме на природата и здравјето заедно.

Контакт телефон: 077/915-750

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 2 часа

Хороскоп за денес (29 јули) четврток

ОВЕН Денес ќе бидете преплавени со обврски. Вашиот телефон ќе ѕвони постојано па едвај ќе имате време за себеси. И...

МузикаПред 5 часа

Перо Пандилоски со журка во живо овој петок во ресторан & бар „La Casa“

Овој петок, последен за месец јули, „La Casa“ продолжува најдобриот ритам во градот Кичево, имено одличниот Перо Пандилоски ќе настапи...

КичевоПред 11 часа

(ГАЛЕРИЈА) „Кичевската и Горнореканска Коњаница“ пристигнаа во Кичево

После отслужената Света Божествена Литургија се пристапи кон македонската заклетва, пред свето писмо, кама и револвер. Кичевската Коњаница од дворот...

Временска прогнозаПред 12 часа

ВНИМАНИЕ: Од денес и следните денови следуваат најтоплите денови ова лето и висок УВ индекс

Од денес, па се до крајот на оваа седмица во Македонија следуваат НАЈТОПЛИТЕ ДЕНОВИ и максимумот на овој ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ...

На денешен денПред 19 часа

На денешен ден (28 јули)

1330.- Српскиот крал Стефан од Дечани ја победи војската на бугарскиот цар Михаил Шишман во битката кај Велбужде, кој потоа...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес -[ 28 јули ]- среда

ОВЕН Денес не е претерано поволен ден за земање или давање било какви позајмици. Потрудете се да ги чувате своите...

СпортПред 1 ден

ФФМ: Место за три екипи за учество во натпреварувањата во Втората Футсал лига за сезона 2021/2022

Пријава за учество во натпреварување во Втора Футсал лига за сезона 2021/2022 за пополнување на три слободни места. Краен рок...

Временска прогнозаПред 1 ден

Деновиве не очекува многу топло време – ова се најновите детали

Изразениот топлотен бран се до крајот на оваа седмица ќе условува температури значително над просекот и истите ќе бидат повисоки...

МакедонијаПред 1 ден

Дури 121 возач вчера престигнувале непрописно, информира МВР

Во текот на вчерашниот ден (26.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно...

КичевоПред 2 дена

Концерт на „Д.Н.О.“ во Сабота & „Brass Brothers“ во Петок, викенд агенда во Република 96250

Викендот го започнуваме со одличен настап на македонскиот Drum and Bass бенд BRASS BROTHERS во Петок Сабота, Д.Н.О доаѓаат на...

НАЈЧИТАНИ