Временска прогноза
УХМР: Попладне дожд и грмежи

Времето попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се можни поизразени процеси со интензивен пороен дожд и силен ветер, особено во југоисточните и источните делови, информираат од Управата за хидрометеолошки работи.
Пороен дожд и грмежи денеска се очекуваат и во Скопската котлина.
Максималната температура ќе достигне до 34 степени, а УВ индексот ќе биде 7.
Од утре следува период на стабилно време. До петок ќе биде ветровито со засилен северен ветер и со пониски дневни температури. За време на викендот ќе биде сончево и значително потопло.
Од недела кон крајот на денот и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Температурата ќе се движи од 10 до 32 степени, а во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 29 степени
Временска прогноза
Поизразено невреме проследено со интензивен пороен дожд – ова се најновите метео информации

За време на овој викенд бидете КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и тоа поради очекуваната нестабилност на повеќе места низ Македонија. Истата ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на ПОИЗРАЗЕНО НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд кој може да услови локални поплавувања, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град.
Во Скопје и околината исто така се очекува нестабилност, а има услови и за појава на НЕВРЕМЕ. Температурите како што веќе и претходно кажавме ќе бележат тенденција на ОПАЃАЊЕ и истите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.
НАПОМЕНА: Сето ова е поради влажната и нестабилна воздушна маса која од запад ќе ја зафати Македонија. Локално ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. Стабилизација на времето и постепен пораст на температурите ќе има од понеделник па натаму. НАПОМЕНА: Викендов во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер препорачуваме своите автомобили да не ги ставате во близина на дрвјата, со цел да не дојде до некоја несакана штета, за Еспресо вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.
Временска прогноза
Според најновите анализи летните температури продолжуваат и во следните месеци после август

Според најновите анализи кои ние ги направивме, и тоа со помош на најпрецизните метеоролошки модели во светот, истите укажуваат на тоа дека оваа година зголемени се условите за продолжување на летото и топлотните бранови во Македонија, но и пошироко во регионот, но и во Европа.
Во остатоткот на овој месец, како и во септември се очекуваат натпросечно високи температури на воздухот.
Натросечно високи температури можни се дури и во текот на есента. Врнежите ќе бидат под просекот, што значи се очекуваат помалку врнежи од вообичаеното.
Сепак повремено можни се изразени нестабилности и НЕВРЕМЕ ширум Македонија, регионот и Европа.
Сè на сè, граѓаните можат своите годишни одмори да ги искористат дури и во септември месец, и да заминат некаде во туриустичките места во Македонија, но и некаде низ морињата, вели Попоски за Еспресо
Временска прогноза
Услови за појава на невреме, еве какво време нè очекува оваа недела

До крајот на оваа недела и тоа особено во попладневните и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите ќе бележат тенденција на опаѓање и во следниот период истите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 32 степени.
Во Скопскиот регион исто така во следните денови и тоа во попладневните и во вечерните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Има услови и за локална појава на НЕВРЕМЕ.
Температурите ќе бидат нешто пониски и максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 28 и 32 степени – за Еспресо вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО) Суспектниот кичевчанец на мајмунски сипаници денес бил тестиран, неговите резултати ќе се објават во текот на вечерта
-
Хороскоп1 ден
Викенд Хороскоп -(сабота 13 август)-
-
Македонија1 ден
Заврши испитувањето на брисот земен од кичевчанецот по сомнежот дека имал „Мајмунски сипаници“
-
Хороскоп5 часа
Дневен Хороскоп (14 август) – недела
-
Lifestyle1 ден
(ВИДЕО) Теа Таировиќ се оправда и распали со нашата „Македонско девојче“ – нема поубаво од Македонче!
-
Временска прогноза15 часа
Поизразено невреме проследено со интензивен пороен дожд – ова се најновите метео информации
-
Lifestyle2 часа
(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!
-
Македонија14 часа
СВР Охрид со активности на г.п. Ќафасан – „На пат секогаш тргнувај одморен“