Спорт

Драма и надвор од теренот на мечот Партизан – Бешикташ… Навивач во борба за живот (ВИДЕО)

Вистинска драма се случуваше пред полувремето на натпреварот меѓу Партизан и Бешикташ во Белград во плеј-оф рундата за место во групната фаза на Лигата на Европа.

За момент и натпреварот запре откако на навивач падна во бесознание. Навивачот веднаш од трибините беше спуштен на теренот каде реагираа лекарите од двата тима, но и Брзата помош… Десетминутен обид за реанимација траеше од страна на лекарите и на самиот терен, за да потоа сепак навивачот во критична состојба итно е пренесен во Ургентниот центар во Белград. Иако непотврдени, според последните информации, во Ургентниот центар дежурните лекари само констатирале дека навивачот на Партизан починал на пат кон болницата.

Извор: Екипа.мк
Close