Македонија
Драстичен број на оздравени за разлика од новозаболени денес
Во последните 24 часа се направени 2.093 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на Ковид 19 во:
-Скопје 62
-Куманово 17
-Битола 8
-Штип 6
-Струмица, Ресен и Радовиш по 5
-Тетово и Кичево по 4
-Велес, Гостивар, Кочани, Дебар и Виница по 3
-Прилеп, Кавадарци, Охрид, Струга, Гевгелија и Делчево по 2
-Неготино, Свети Николе, Берово, Пробиштип, Кратово, Пехчево и Македонска Каменица по 1
Пријавени се вкупно 16 починати лица: 6 од Скопје (50г,62г,66г,79г,81г и 83г), и по едно лице од Куманово (54г), Велес (69г), Гостивар (70г), Штип (69г), Струмица (54г), Струга (83г), Кочани (65г), Гевгелија (72г), Радовиш (88г) и Богданци (78г).
Регистрирани се 487 оздравени пациенти од:
-Скопје 144
-Куманово 65
-Битола 33
-Прилеп и Охрид по 31
-Кавадарци 24
-Струмица 23
-Кичево 18
-Штип и Кочани по 13
-Велес и Струга по 9
-Тетово и Гостивар по 8
-Виница, Берово и Крива Паланка по 7
-Радовиш 6
-Дебар и Неготино по 5
-Пехчево 4
-Ресен и Гевгелија по 3
-Делчево, Свети Николе, Пробиштип и Валандово по 2
-Богданци, Македонски Каменица и Демир Капија по 1
Досега во земјата се направени вкупно 745.471 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.372, бројката на оздравени пациенти е 139.266, на починати е 5.151, а бројот на активни случаи изнесува 9.955.
Македонија
„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува да функционира во нормални рамки
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, денеска изјави дека е позитивно тоа што бензинските станици на „Лукоил“ можат непречено да работат во сите држави каде што се присутни. Тој потенцира дека изминатиот месец, и покрај воведените санкции, не се појавиле никакви потешкотии во работењето на „Лукоил Македонија“.
– „Снабдувањето со нафтени деривати се одвива стабилно и без застои. Причината за тоа е што Македонија, за разлика од голем дел од другите земји, не поседува рафинерија во сопственост ниту на Лукоил, ниту на Руската Федерација. Новите мерки донесени од САД дополнително ќе имаат позитивно влијание врз состојбата“, истакна Бислимоски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата.
Вчера во официјалното соопштение од „OFAC“ беше прецизирано дека роковите се пролонгирани до 29 април 2026 година.
Македонија
Сообраќај по наместа влажни коловози, намалена видливост поради магла има на превоите „Стража, Ѓавато, Плетвар и Крушево “
АМСМ и Македонија Пат известуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 м. има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.
Македонија
Тргнати блокадите на граничен премин „Евзони“ за влез и излез кон Грција
АМСМ предмалку соопшти дека од 21:00 ч. блокадите на ГП Евзони, за влез и излез кон Р.Грција се отстранети. Сообраќајот за сите видови возила е нормализиран.
-
Хороскоп1 денХороскоп за недела (7 декември)
-
Кичево9 часа„ЕВН КЕЦ Кичево“ во вторник ќе работи на терен, дел од „Ужичка“, „Мечкин Камен“ и дел од месноста „Под Крушино“ времено ќе бидат без електрична енергија
-
Временска прогноза2 денаСе менува ли климата? Најава за невообичаено топло време од следната седмица во месец декември – ова се информациите
-
Хороскоп6 часаХороскоп за понеделник (8 декември)
-
Здравје и убавина1 денКако полесно да ја издржите диетата за слабеење
-
Здравје и убавина10 часаДајте им одмор на цревата во организмот со ова овошје
