Следете не

Култура

Денес е Духовден, празник на Светиот дух

Објавено пред

на

Празник на Светиот дух и на основањето на Христијанската црква.

Духовден се празнува три дена, а првиот ден од празникот секогаш е во недела. Овој е единствен од 12-те големи празници што нема претпразненство. Тоа се надоместува со фактот што во текот на целиот период од Велигден до Духовден се чувствува празничното расположение. На овој празник редовно му претходи задушница што се празнува во саботата пред Духовден, кога се изведуваат повеќе обичаи што им се наменети на покојните претци. Овој ден меѓу народот е познат и под името „Мртва сабота“.Духовден се вика и Педесетница, не само затоа што се празнува педесет дена по Велигден туку и затоа што настанот што му дава печат на овој ден се случил токму на еврејскиот празник Педесетница. Овие два празника Пасха и Педесетница, заедно со Преполовение се единствените што имаат основа во Стариот завет. Евреите го празнувале Пасха како ден на излегувањето на еврејскиот народ од египетското ропство, а празникот Педесетница го празнувале во спомен на денот кога Господ му ги подарил законите на Мојсие во Синајската Гора. Во Новиот завет Пасхата станала празник на излегувањето на човекот од ропството на гревот и на смртта и на влегувањето во вечниот живот, а Педесетницата во спомен на дарувањето на светиот Дух на апостолите.

Тој ден апостолите биле на едно место во Ерусалим, биле дванаесет на број зашто испразнетото место на Јуда Искариотски, кој по предавството на Исус се обесил, го пополниле со Матеј, кого го избрале со коцка од учениците Христови, за нивниот број пак да биде дванаесет. Околу 9 часот наутро одеднаш се слушнал силен шум од небото како дување на силен ветар, се покажал Светиот Дух, ја исполнил просторијата, а потоа во форма на пламени јазици слегол врз апостолите. Овој момент е претставен и на иконите во нашите цркви каде што се насликани на едно место сите апостоли, заедно со Богородица, а над нивните глави се гледаат пламени јазици што всушност го претставуваат Светиот Дух.

По овој настан апостолите започнале да зборуваат на разни јазици, а многубројниот народ што се собрал по силниот шум помислил дека тие луѓе зборуваат неразбирливо затоа што се пијани. Тогаш се појавил светиот апостол Петар кој на собраните луѓе им објаснил дека тие луѓе не се пијани туку се исполнети со Светиот Дух што им го испратил Господ. Потоа ги поканил да се крстат, а многумина што чувствувале товар на совеста поради настаните што му се случиле на Исус Христос, веднаш прифатиле да ја примат верата Христова. Само во тој момент се крстиле околу 3.000 луѓе.

Овој настан во Светото писмо поточно во книгата „Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука“ вака е опишан: „Кога се навршија дните на Педесетницата, сите апостоли беа заедно и еднодушни. И ненадејно се чу шум од небото, како да идеше силен ветар, и ја исполни целата куќа, каде што седеа. И им се јавија разделени јазици, како огнени и застанаа по еден над секого од нив. И се исполнија со Дух Свети, и почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што им даваше Духот Свети да изговараат. (…) Сите се чудеа и во недоумение си зборуваа еден со друг: „Што ли ќе биде ова?“ А други потсмевајќи се велеа: „Се напиле со слатко вино“. Тогаш Петар стана со единаесетте, го подигна гласот свој и им рече: „Луѓе Јудејци, и вие сите што живеете во Ерусалим, знајте го ова и внимавајте на моите зборови: овие луѓе не се пијани, како што мислите вие, зашто е третиот час од денот: но тоа е претскажано преку пророкот Јоил: И ете во последните дни, рече Бог ќе излеам од Мојот Дух на секое тело и ќе пророкуваат синовите ваши и ќерките ваши, и младичите ваши ќе имаат виденија и старците ваши ќе сонуваат соништа; и во тие дни врз слугите Мои ќе излејам од Мојот Дух и тие ќе пророкуваат. И ќе покажам чудеса на небесата и знаци долу на земјата, крв и оган и чад. Сонцето ќе премине во темнина, а месечината во крв, и тоа уште пред да настапи големиот и славен ден Господов. И тогаш секој што ќе го призове името Господово, ќе се спаси.” (Дела 2/1-21)

Со ова се исполниле зборовите на Св. Јован Крстител кој подготвувајќи го народот за доаѓањето на Исус Христос, повикувајќи ги луѓето на покајание и крштевајќи им ги зборувал: „Јас ве крштевам со вода, но Оној што иде по мене е посилен од мене; јас не сум достоен да Му ги понесам ни обувките; он ќе ве крсти со Дух Свети и со оган.“ (Матеј 3/11) Ако во Стариот завет Светиот Дух бил испраќан врз одбрани личности, пророци, во Новиот завет тој според пророкот Јоил требало да биде излеан врз целиот народ. „И ете по тоа ќе излеам од Мојот Дух врз секоја плот…“ (Јоил, 2/28)

Овој празник уште се вика и Света Тројца зашто на едно место се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух. Со одобрение на Богот-таткото се исполнило ветувањето на Богот-Син дадено пред апостолите дека ќе им го испрати Светиот Дух. Со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите тие се исполниле со љубов кон Бога и со желба да го величаат. Овој чин се смета за основање на Христијанската црква.

Празникот Духовден нашиот народ го смета за голем празник. Тогаш не се работи, се оди во црква, се изведуваат некои обичаи, а во некои места попладнето се оди на оро. Во некои места се изведува и обичајот Скрсти со кој се моли за дожд и родна година.<

Во народното верување овој празник најповеќе се поврзува со душите на умрените. Се верува дека од Велигден до Духовден душите на умрените се слободни. Кога ќе се рече Ристос воскресе на Велигден се отворале вратите на рајот и пеколот и душите рисјански летнувале по небото и најповеќе застанувале по цветовите на дрвјата. Се вели уште и дека на Духовден мртвите разговарале па кој сакал да ги чуе, да го ставел увото на некој гроб ќе слушнел како шепотат како пчели кога брмчат.

А бидејќи душите на мртвите се слободни во овој период и бидејќи им е мило да се покрај своите, луѓето им приредуваат гозби. Особено тоа го прават на Задушница, саботата пред Духовден. А кога ќе дојдел овој празник, како што запишал М. Цепенков, „веќе ќе и спотераат анѓелите да и носат пак на небеси, да и затворат во рајот“. И Е. Спространов запишал дека на овој ден затоа што тогаш се затвора рајот мртвите ги мамеле со ореова гранка. Што се однесува до употребата на ореови гранки на овој ден треба да се напомене дека во народните верувања уште од претхристијански времиња оревот имал привлечна сила за душите на умрените поради што се користи во обредите на овој ден. Ставањето на ореови лисја во алиштата на овој ден има и практична цел, заштита од молци.

На Духовден се раздава „за душа“. Тоа се прави и за да се задоволат мртвите зашто пред да бидат затворени треба да бидат убаво нахранети. Поради тоа човек не смее ништо да јаде додека не раздаде нешто за „задуша“. Народот верува дека на овој ден душите на мртвите се причестувале поради што луѓето раздавале за „бог да прости“ за да имаат тие со што да се причестат. Тие меѓу себе се прашувале: „Ти се причести?“ – „Не се причестив!“ А не се причестувале зашто некој од роднините јадел пред да раздаде. Во тие случаи додека другите се гоштевале на софри, овие за кои немало раздадено седеле на страна „умилн’ти“.

Во минатото христијаните на овој ден ги кителе црквите и гробовите, но и куќите со цвеќе и зелени гранки. Со обновувањето на природата во овој период од годината тие симболично гледале и обновување на својата сила што било резултат на примањето на Светиот Дух.

Интересен обред со давање курбан на Светиот Дух е забележан во селото Лески, Неврокопско. Тамо, имено, се верувало дека полето го чува еден змев кој живеел во некоја пештера во планината.  На празникот изведувале многу обичаи за да му угодат на Светиот Дух но и на змевот за да го чува полето од градобијни облаци. Помнам, рекол еден старец, дека една година и ние не излеговме и не неправивме курбан, ама таа година се ни исчука градот, и уште малку беше тоа ами кога се зададе од кај врвот една самовила, искрши и од корен откорна до што имаше дрво нишанлија во синорот… За нас денеска и од Велигден е потешко!

На врвот од планината се колел овен и крвта му истекувала во пештерата  во која како што кажувале дека доаѓал змејот. Во таа пештера ги фрлале и роговите и другите остатоци ако јаделе таму. Ако времето било ветровито овенот го колеле на врвот, но потоа слегувале до некое место пониско и во завет го готвеле јадењето и го јаделе, но ајазмото (водосветот) и адетите ги правеле на врвот. Со чукање на железно клепало, народот се повикувал да оди кон врвот зашто црковната служба веќе била завршена. Селаните облечени во празнична носија тргнувале кон врвот. Таму жените ги ределе околу пештерата своите колаци (лебови). На една мала плоча во близина на пештерата ставале сад со вода и започнувал водосветот. По водосветот и прскањето со водата старите жени се фаќале на оро околу пештерата пеејќи ја следнава песна:

Јој ти милинки Свјати Дух,
Като грмнеш и треснеш,
Сичка са гора путриса:
И м’жку детја фаф мајќа,
И руду јагња пуд овца,
И љута змија в’гармада.
О слушај нашта мулитва,
Мирен д’ш прати пу нива,
Пу ниви и пу љуваде.
Чувај градини и лозја
От град, градушка и вјатр,
Та ша ти курбан дунисем,
И ша ти молба принесем
И ду година с’с здравја.

Орото со оваа песна се водело со такт: се тргнувало со десната нога напред и потоа се додавала и левата. Бабата ороводка се вртела кон исток, давала знак, и сите со молчење се отпуштале и молитвејќи три пати се прекрстувале. Во тој момент се молеле и се крстеле и мажите иако не играле на оро. По извршувањето на овој обред старите мажи и жени поседнувале и по раздавањето на колаците почнувале да пијат ракија, а младите и машки и женски почнувале оро под звуците на гајдата и дајрето.

Тој таканаречен врв, вели авторот на овој напис, претставува еден конус. На самиот врв на тој конус има пештера свртена малку кон запад. Таа повеќе личи на дупка отколку на пештера. Во таа пештера биле нафрлани роговите и крвта на курбаните. Општиот курбан бил еден овен, но некои си принесувале и свои курбани што можеле да бидат овци или јагниња. Кога курбаните биле сварени епитропот со чукање во железното клепало, кое за тоа го носел на врвот,  ги повикувал присутните на молитва и ручек. При тоа клепање сите се собрале околу пештерата. Свештеникот кревал леб и присутните поседнале на трпезата за ручек. Неколкумина првенци со свештеникот и учителот седнале на посебна трпеза на које биле почестени и гостите. Се точело мелничко вино донесено во мевови. Кога се завршило јадењето свештеникот благословил по што остатоците се собрале и се фрлиле во пештерата. По ручекот продолжила веселбата со ора и музика додека не дошло време за враќање. Ноќта се вратиле со селото, каде што изиграле уште едно оро иако било темница. Потоа сите меѓусебно си благословувале за празникот и неговото дочекување идната година и се разотишле по своите домови. Така се празнуваше старовремскиот празник во селото Лески, вели запишувачот на овој обичај А. Иванов, учител во село Караќој. Очигледно се работи за стари обичаи и верувања, за претхристијански митолошки претстави, помешани со понови слоеви на народната култура.

Кај нас до денес е задржан обичајот на овој ден  на гробовите да се носат дулиња (бардачиња). Во некои краишта тие се оставаат на гробовите и во текот на годината кога се оди на гробот се дополнуваат со вода, а во други места се раздаваат најчесто на поблиски роднини и пријатели, се носат дома и од нив се пие вода за душа од умрените и за споменување на нивните имиња. Има и други верувања поврзани со овој ден. Така на пр. се верува дека ако човек умрел од Цветници (Лазара) до Духовден одел право во рајот. Во некои краишта (Гевгелиско) брзале до Духовден да го дожнијат јачменот зашто потоа дувале силни ветрови и го уривале родот.

Lifestyle

Руската филмска екипа подготвена да го сними првиот филм во вселената

Објавено пред

на

Рускиот екипаж составен од двајца космонаути и двајца филмски професионалци треба да полета на Меѓународната вселенска станица (ISS) на почетокот на следниот месец за да го сними првиот филм во вселената, објавија руските филмски работници.

Четирите треба да бидат лансирани во вселената на 5 октомври од вселенското летало Сојуз МС-19, кое ќе стигне до ISS.

Лансирањето ќе дојде само три недели по испраќањето на ракетниот брод SpaceX со првиот целосно цивилен американски екипаж во тридневна приватна мисија на орбитата на Земјата.

Тоа е продолжение на децениската конкуренција меѓу Русија и САД во освојувањето на вселената.

„Во овој филм, заплетот се врти околу обичен човек, лекар кој немал никаква врска со истражување на вселената или воопшто размислувал за тоа, но му било понудено да патува до ISS. „Бидејќи е хирург, ќе мора да оперира астронаут, премногу болен за да се врати на Земјата и да му го спаси животот“, изјави режисерот и актер Клим Шипенко (37) пред новинарите пред поаѓањето на екипажот за космодромот Бајконур во Казахстан.

Во филмот ќе бидат прикажани и професионални космонаути кои ќе бидат составен дел од екипажот.

„Нема да глумам во филмот, но ќе треба да дадам се од себе за да разберам како се снима филмот на толку необично место – во вселената“, рече командантот Антон Скаплеров.

Работниот наслов на драмата е „Предизвик“. Руската вселенска агенција Роскосмос објави дека сака да го приближи просторот до поширок слој луѓе.

Главната актерка во филмот, Јулија Пресилд (36), на новинарите откри дека треба да научи како да биде шминкер и костимограф.

„Нема да биде исто како што би било на Земјата, но ние ќе дадеме се од себе. Ние сме подготвени. Малку е предоцна за страв затоа што веќе сме поминале долг пат…, Бајконур е пред нас и многу повеќе што треба да се направи и, искрено, едноставно немам време да се плашам “, рече таа на прес -конференцијата.

Режисерот Шипенко, висок 1,90 см, додава дека неговата висина не му помогнала како дел од обуката во авионот и дека неговото претстојно патување нема да биде премногу пријатно.

Но, тој вели дека во иднина ќе размислува повеќе за вселената: „Во ред, сега ќе летам во вселената како што е, но кога ќе одлучиме да снимаме продолжение – за патување на Марс, ми ветија повеќе простор. ”

Извор: n1info
Фото: Unsplash

Прочитај повеќе...

Култура

Денеска е тежок празник – Отсекување на главата на Св. Јован Крстител и се јаде посно

Објавено пред

на

Православните христијани денеска го одбележеуваат празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител. Празникот посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември (н.с.) во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за пост.

Последниот старозаветен пророк Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исус Христос во реката Јордан. Тој е наречен и Претеча што значи претходник, зашто со своето учење навистина му претходел на Исус, одел пред него, го повикувал народот на покајание и го најавувал доаѓањето на Спасителот. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“, говорел Свети Јован додека го покрстувал народот. Многумина Јудејци доаѓале кај него за да бидат крстени, а многумина го почитувале како вистинскиот Спасител.

Јован сведочел дека Исус е синот Божји. „Он треба да расте, а јас да се смалувам! Кој доаѓа одозгора, тој е над сите, а кој доаѓа од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото над сите е“. (Јован, 3/30-31)

Почитувајќи го како најголем пророк, Црквата му посветила неколку празници во годината. Во христијанскиот календар се празнува денот на неговото раѓање (Иванден, 7.VII/24.VI) денот на неговото погубување наречен Отсечение главата на Свети Јован, потоа за голем празник се смета и денот кога Св. Јован го крстил Исуса во реката Јордан, Собор на св. Јован Крстител (денот по Богојавление 20/7.I.) на 24 февруари (с.с.) се празнува Првото и Второто, а на 15 мај (с.с.) и Третото наоѓање главата на Св. Јован кога таа е пренесена во Цариград итн. Така во христијанската вера Св. Јован е една од ретките личности покрај Исус и Пресвета Богородица кому Светата црква му посветила повеќе празници. Празникот Отсечение главата на Св. Јован Крстител е еден од петнаесетте големи христијански празници, а за подостоинствено празнување и за сочувство со страдањата на Св. Јован од страна на Светата црква одреден е строг пост. Во народниот говор, согласно некои дијалекти празникот се среќава со имињата Свети Јован Сечиглав, (како што го пишува М. Цепенков), Свети Јован Отсечен, Свети Јован Опсечен, некаде едноставно само Отсечение или Опсечение.

Оттука може да се види и значењето на овој лик во христијанската вера и воопшто во верувањата на нашиот човек. Во народниот живот и во народното верување Свети Јован е значаен и по тоа што тој го има кумството и побратимството, зашто како што се кажува во преданијата и како што се пее во песните, кога светците ги делеле функциите свети Јован ги добил кумството и побратимството. „Свети Јован – кумство, побратимство“, се пее во една песна од Дебарско.

Според светото предание Св. Јован и Исус биле блиски роднини, зашто мајката на Св. Јован Елисавета и била тетка на Марија, мајката на Исус.

Јован постојано ги проповедал позитивните животни принципи и жестоко го критикувал неморалот, лагите и развратот, кои во тоа време во Римската империја го достигнале својот врв. Посебно на удар на неговите критики бил управникот на Галилеја Ирод Антипа. Тоа е синот на стариот Ирод оној што наредил да се заколат сите деца во Витлеем, во времето кога требало да се роди Исус Христос, за со нив да биде погубен и Спасителот. Ирод Антипа бил оженет со ќерката на еден арапски кнез по име Арета. Но тој, таков поган каков што бил и од погано семејство, ја истерал својата законита жена и се оженил со својата снаа Иродијада, жената на својот брат Филип кој бил жив. Иродијада со себе ја довела и својата ќерка од првиот брак Саломија. Тоа не го дозволувале ниту законите на Мојсеј, а Јован жестоко го критикувал. „Не ти личи да ја земеш жената на брат ти“, му велел на царот. Затоа Ирод решил да му се освети. Се плашел да го убие зашто целиот народ го почитувал за пророк, но го ставил во затвор за да го заплаши.

Особено лута и осветољубива била Иродијада. И таа чекала прилика да му се освети. Еднаш кога Ирод организирал прослава на својот роденден со присуство на мноштво народ, меѓу кои и највидните државни првенци, кога обилно се пиело вино, кога се играло и пеело, одеднаш се појавила Саломија, ќерката на Иродијада, која што со својата игра толку го занесла Ирод што тој и ветил дека во тој момент ќе и исполни секаква желба, ќе и даде се што ќе посака, дури да се работи за половината од царството. Саломија не знаела што да посака, па отишла да се посоветува со својата мајка. Пакосната мајка што долго го чекала овој час веднаш и рекла да ја побара главата на Свети Јован. Кога Саломија тоа му го соопштила на Ирод тој се изненадил, но ветувањето дадено пред многу народ го обврзувало и морал да го исполни. За кусо време девојката ја имала на послужавник глава на Свети Јован која ја предала на својата мајка, а оваа пак не задоволувајќи се со тоа, му го бодела со игла јазикот што зборувал за нејзиниот неморал. Телото на светителот го зеле неговите ученици и го погребале, а главата пакосната Иродијада ја закопала на некое нечисто место, во дворецот на Ирод. Се плашела дека ако главата и телото бидат на едно место можело да се служи пророкот да воскресне. Меѓутоа една благочестива жена на дворот на Ирод не можела да трпи главата на пророкот да биде закопана на нечисто место, па ја откопала тајно, ја однесла во Ерусалим и ја погребала на Елеонската Гора. Царот Ирод кога разбрал дека Исус лекува болни воскреснува мртви и прави чуда, мачен од сопствената совест, си помислил дека пророкот Јован воскреснал. Некои мислеле дека тоа е пророкот Илија други дека е некој друг пророк, а царот Ирод бил убеден дека е токму Јован кому што тој наредил да му ја пресечат главата. Народот бил сведок дека сите што биле заслужни за погубувањето на пророкот ги стигнала заслужената казна. Ирод ја загубил битката со арапскиот цар Арета, таткото на неговата прва жена кој сакал да ја измие навредата и да ја поврати честа на својата ќерка. Бил испратен на заточение заедно со Иродијада, каде што во навреди и понижувања двајцата ги завршиле животите. И Саломија не останала неказнета. Таа се удавила во реката.

Подоцна некој богаташ се замонашил во Елеонската Гора и сакал да прави ќелија. Започнал да копа и нашол еден сад и во него една глава, а по Божја промисла имал сознание дека тоа е главата на Крстителот. Откако ја бакнал повторно ја закопал на истото место, а таа подоцна шетала од една рака во друга, била заборавана и наоѓана додека во време на царицата Теодора не била пренесена во Цариград.

Денот на погубувањето на Св. Јован Крстител со строг пост црквата го празнува на 11 септември (29 август според стариот календар) под името Отсекување (или Отсечение) главата на Свети Јован Крстител. Иако Свети Јован е погубен пред Пасха празникот е поместен на овој ден зашто на овој ден е осветена црквата што над неговиот гроб во Севастија ја подигнале светите цареви, како што ги викал народот царот Константин и неговата мајка, царицата Елена.

Значењето на Свети Јован Крстител. неговиот голем култ воопшто во христијанскиот свет оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ. Па така како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни, селски или поголеми свечености, со заеднички гозби (ортии) и сл. Народот на овој пост држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку и риба и зејтин. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот.

Во Гевгелиско празникот го викале Св. Јуван Посни, го сметале за тежок празник кога не смеело да се шие и да се пере облеката на децата. Тој ден свештеникот одел по куќите и светел вода. Постарите жени тој ден додека не го бакнеле крстот и леб не јаделе. Утрото домаќинката со српот сечела трева од која одбирала три страка коприва, ги врзувала со црвен конец и ги обесувала над влезната врата. За здравје на кровот ставале црвена преѓа.

Од друга страна пак, трагичната судбина на светителот раскажана во неговото житие оставила траги и во нашата раскажувачка традиција. Така на пр. во едно предание од Охридско запишано од Ефтим Спространов се раскажува:

„Имало некој цар и сакал да се женит за снаа си. Свети Јон не го остал и многу зборвел, за да не се сторит таква страмота. Тога царот го затворил во апцаана и го држел таму. Оваа снаа му – имала една ќерка ногу лична. Цароф је викнал еднуш да му поиграт едно оро – да му се покршит како ченѓија и је рекол: Ќе ти дам што ќе сакаш- едно царство да ми посакаш и то ќе ти дам”. Момичката отишла и је казала на мајка си. Та бидеешчем била лута на Свети Јона је рекла на ќерка си: Поиграј му и ко ќе ти речит, што сакаш да ти дам, ти да му речиш: Од Свети Јона глаата.” Оваа момичкава била ногу аџамија. Ко је рекол: Шо сакаш да ти дам, та му рекла: Од Свети Јона глаата. Не знаела клетата зашчо је рекла така мајка је. Тогај царот пратил џељати и на саатот му је пресекле. Во тепчишче је клале и је занесле горе. Е ама на Свети Јон веднуш му порасла друга“.

Прочитај повеќе...

Култура

Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честит 8-ми септември, 30 години самостојна и независна Македонија!“

Објавено пред

на

На 8 септевмври 1991 година, граѓаните на оваа земја кажаа Да, за самостоја и независна Македонија.

„Нека ни е честита самостојна и независна Македонија!

Ова беа зборовите на претседателот Киро Глигоров кој на преполниот плоштад во Скопје на 8 Септември 1991 година ги официјализира резултатите од референдумот на кој македонскиот народ со огромно мнозинство од 95% се изјасни за осамостојување на Република Македонија од Федеративна Југославија во која се распламтуваше граѓанска војна.

95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

На 25 јануари истата година, првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои декларацијата за независност.

Усвојувањето пак на Уставот беше на 17 ноември 1991 година.

Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честита 30 години, самостојна и независна Македонија!“

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогнозаПред 31 минута

Топло време денес, од утре вистинска зима со можен снег на планините, во четврток стабилизација

Денес времето во Македонија ќе се задржи сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност и со умерен, повремено засилен...

На денешен денПред 7 часа

Светот на денешен ден (20 септември)

480 п.н.е – Во поморската битка кај островот Саламин во Егејското Море, Грците, под команда на атинскиот генерал Темистокле ги...

ХороскопПред 8 часа

Хороскоп за денес (20 септември) понеделник

ОВЕН Колку и да се согласува човек денес со вас и идеите што ги имате, подеднакво ќе изрази незадоволство, ќе...

СпортПред 9 часа

Женската репрезентација на Македонија до 19 години несреќно поразена од Романија на првиот контролен меч

Младата женска репрезентација на Македонија до 19 година загуби минимално со 1:0 од соодветната селекција на Романија во рамките на...

МакедонијаПред 12 часа

Денес 365 нови случаи на Ковид-19, починале 23 лица

Во последните 24 часа се направени 4.015 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 183...

СпортПред 14 часа

Шкупи во Чаир се врати на реновираниот стадион од ФФМ

Шкупи по една година повторно се врати на стадионот во Чаир. Од денес стадионот има две модерни трибини, додека свечено...

СпортПред 16 часа

(ВО ЖИВО) Следете го ракометниот натпревар на РК Кичево против РК Астраион

Моментално нашиот кичевски ракометен клуб “Кичево” игра против екипата на Астраион од првата ракометна лига. Натпреваров во живо го овозможија...

МакедонијаПред 18 часа

ДПИ затвори угостителски објект во Гостивар, додека сопственикот бил приведен – затекнати биле гости без сертификат за вакцинација

Вчерa на (18.09.2021) во 21:35 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од...

КичевоПред 20 часа

ЕВН Кичево: село Пополжани, Бржани, Свињиште, Козица, Белица, Добреноец, Подвис – Утре без електрична енергија

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа утре 20.09.2021 година – понеделник, ЕВН Кичево ќе работи на терен, така што прекини во снабдување...

Временска прогнозаПред 20 часа

Времето ќе биде променливо облачно и денес, во вторник се очекува по студено време

Во останатиот дел од викендот повторно ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. До понеделник ќе продолжи да...

НАЈЧИТАНИ