Балкан
Нашиот познат зурлаџија Џељо Дестановски ќе биде специјален гостин на „TV Grand“ во Србија

Џељо Дестановски е најпознатиот зурлаџија во моментов во Македонија, кој соработува скоро со сите пејачи и групи кај нас.
Секаде каде што се слуша звукот на зурлата, го има него. Има издадено неколку свои композиции, свири на свадби, посетува фестивали, успешно момче кое чекори по вистинскиот пат на вистинскиот инструмент „зурлата“ која за него е нешто свето!
Џељо инаку е вработен и во Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ .
Како резултат на неговите успеси и надалеку познат квалитет доби официјална покана во големото шоу „Гранд Магазин“ во Србија на Гранд ТВ каде на 28-ми Мај – Понеделник ќе биде специјален гостин претставувајќи го нашиот Македонски мелост, покрај одличниот оркестар на Борко.
Неговите најнови ора можете да ги проследите подолу, уживајте! 🙂
Балкан
Ново невреме се приближува кон истиот регион кој го зафати вчерашниот воден талог, Словенија, Хрватска, БиХ и Србија

По разорното невреме кое вчера ги зафати Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и соседна Србија, и однесе неколку човечки животи, а поголем број граѓани беа повредени, во текот на утрешниот ден, а особено вечерта и ноќта према сабота во овие делови очекуваме ново разорно невреме.
Во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина како и во северните предели од соседна Србија утре очекуваме ново разорно невреме, и тоа поради повеќедневните големи горештини кои ги зафатија овие предели. Утре од Алскиот регион према овие предели ќе продре голема влажна и нестабилна воздушна маса и истата ќе го донесе ова ново страшно невреме.
Можно е ново сериозно Суперќелијско невреме, па затоа граѓаните да бидат крајно претпазливи, особено апелираме на нашите граѓани кои се наоѓаат во овие земји. Од појави се очекуваат силни поројни врнежи од дожд, опасност од поплави, разорен ветер, силни и чести електрични празнења и појава на крупен град кој може да направи многу штети.
За голема среќа, нашата Македонија нема да биде зафатена од ова ново разорно невреме кое ќе го зафати регионот утре, пишува Славчо Попоски
Балкан
(ВИДЕО) Татко на едно од девојчињата кои загинаа во ОУ „Владислав Рибникар“ на гостување зборува за фактите со кои се соочиле родителите на загинатите

Слободан Негиќ, татко на едно од девојчињата кои загинаа во престрелката на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“, вчера вечер гостуваше во „Впечаток на неделата“ или „Utisku nedelje“ на „ТВ Нова С“ бидејќи како што рече, почувствувал потреба да ја донесе сериозноста на ситуацијата во јавноста и да ја искористи можноста да зборува за фактите, и да се обиде да побара помош од јавноста и некакво разбирање.
– „Да разбудам емпатија меѓу сите околу мене. Сакав да дојдам овде, многу е тешко, но почувствував силна потреба да ја изнесам тежината на ситуацијата во јавноста. Сакам да ја искористам приликата да ги кажам фактите како поединец и граѓанин на оваа земја и да се обидам да ја разбудам свеста кај луѓето, која веќе се буди за фактот дека поделбите се нешто што не ни треба и дека проблемот е многу тежок. “, истакна Негиќ и додаде:
– „Никој нема решение и многу е тешко да се живее со него, но јас гледам искрена желба кај луѓето кога ќе ми погледнат во очи, кои се преплашени од она што го гледаат и кои реагираат на ова на човечко ниво. надвор од вообичаените теми и дневно-политички приказни. Секој што ќе најде простор во ова да објави избрзани мислења наместо тоа што навистина се случило, само му прави лоша услуга на општеството“, пренесува Нова.рс.
Во продолжение погледнете го видеото кое вирално се шири низ социјалните мрежи:
Балкан
Што се случува вечерва во Србија, неофицијално пукано од автомобил, има и мртви?

Во престрелката во Младеновац вечерва околу 23.30 часот загинаа две лица, а седуммина се ранети!
На местото на инцидентот има и силни полициски сили.
Според неофицијални информации има и повредени деца. Медиумите пишуваат и дека од автомобил во движење наводно било пукано од автоматска пушка и дека се се случило во селото Дубона.
Како што неофицијално дознава Пинк, маж од возило во движење пука неселективно со калашникови. Според непотврдени информации меѓу ранетите има и деца.
На местото на инцидентот се и припадници на полицијата, а по младиот У.М., 21 година, е распишана потерница. Откако ги испукал истрелите побегнал со мерцедес.
Ниту една од овие информации се уште не е официјално потврдена.
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (октомври 2023)
-
Временска прогноза10 часа
Месечна метео анализа за октомври, потопло и со помалку врнежи од дожд
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за понеделник (2 октомври)
-
Скопје1 ден
Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“
-
Македонија2 дена
(ФОТО) Превентивни активности на МВР за безбедна ловна сезона, заштита од пожари и безбедност во сообраќајот
-
Скопје3 часа
(ФОТО) Во машка конкуренција кенијецот Серем се закити со прво место, додека 11.000 тркачи од 45 земји беа дел од овогодинешниот „Скопски маратон 2023“
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Барселона ја совлада Севиља благодарение на автоголот на Рамоз и се врати на првото место во Примера