Спорт

Една победа го дели Голден Стејт од финале на Западот

Екипата на Голден Стејт се наоѓа на чекор до пласманот во финалето од плејофот во Западната конференција во НБА лигата откако ноќеска триумфираше на теренот на Јута со 102:91.

Јунак во победата на „воините“ беше Кевин Дурант кој натпреварот го заврши со 38 поени и 13 скока.

Моменталниот резултат е 3-0 во серијата прв до четири победи. Во другото полуфинале на Запдот, Сан Антонио води со 2-1 против Хјустон.

Слично е и во Источната конференција. Бранителот на трофејот Кливленд води со 3-0 против Торонто, додека Бостон има предност од 2-1 над Вашингтон.

Leave a Comment