Кичево
„Elite Collection“ во Кичево со гламурозен бутик за машка и женска облека (ГАЛЕРИЈА)
Денес 30.01.2019 после 12:00 часот на ул.Маршал Тито во самата стара чаршија, срцето на нашиот град, Кичево ќе стане побогат со уште еден гламурозен бутик за машка и женска облека „Elite Collection“
Просторот е дизајниран по светските модерни трендови, а во продавницата ќе можат да се најдат машка и женска облека, модни додатоци, како и комплетната нова колекција
од светски познатите брендови на „Tommy Hilfiger, DSQUARED, Polo, Stone Island“
Токму од денес по специјални цени на попуст бидете препознатливи и уникатни облекувајќи се во најмодерните модели на „Elite Collection“
„Елитни“ фотографии од реномираниот бутик кој сигурно нема да ве остават рамнодушни, повелете!
Кичево
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија Зајас и Осломеј кои се во негов состав.
Во рамки на посетите министерот Тошковски одржа состаноци со раководствата на организациските единици и беше запознаен со структурата, тековните активности, движењето на криминалитетот и состојбата со човечки ресурси и техничка опременост.
– „Генерално на територијата на ОВР Кичево каде живеат повеќе од 50 илјади жители има стабилна безбедносна состојба и има над 50% реализација на кривични дела и покрај фактот што има ниска пополнетост со полициски службеници и стари возила. Што се однесува до Полициските одделенија Зајас и Осломеј се забележува намалување во делот на евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, а во делот на човечки ресурси и материјално-технички средства состојбата е како и во најголемиот дел од организациските единици“, за медиумите истакна министерот Тошковски.
ФОТО:
Извор: Министерство за внатрешни работи
Кичево
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на проектот „Размислувам, избирам, учествувам, Ученикот како активен граѓанин.“
Утре петок, 19.04.2024, со почеток од 11:00 до 13:00 часот во училиштето ке се одржи „Safe Spot Festival“ со тема – Интернет безбедност, така што колегиумот упатува покануваме до сите, да присуствуваат на овој настан, ќе биде забавно.
Кичево
Вчера двајца малолетници од Кичево нарушиле јавен ред и мир со физичка пресметка
На 12.04.2024 година во 21.50 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во близина на угостителски објект на улицата „Рудничка“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од еден врз друг малолетник, двајцата од Кичево.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево1 ден
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Култура8 часа
Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Хроника1 ден
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Lifestyle8 часа
Дали витаминот Д може да го запре процесот на стареење?
-
Спорт2 дена
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“