Спорт
„Енфилд“ наскоро добива нов изглед
Ливерпул наскоро планира да го зголеми капацитетот на „Енфилд роуд“. Домот на „црвените“ ќе биде реновиран, а планот е капацитет на стадионот да се зголеми на 61.000 места.
Моментално стадионот има капацитет од 54.000, бројка која не го задоволува раководството на актуелниот европски првак. Сепак, се уште не се знае дали ќе почне реновирањето на стадионот бидејќи клубот се уште нема добиено дозвола за реновирање.
„Работите нема да бидат извршени ако има премногу жалби од жителите на подрачјето околу „Енфилд“. Мораме да ја консултираме заедницата“, соопштено е од Ливерпул.
Спорт
Шампионот Игор Стефановски-Иџе заборавен од државата, нула денари за него и неговиот успех во автомобилизмот
Македонскиот натпреварувач во автомобилски трки и европски шампион на ридски патеки, Игор Стефановски – Иџе ја обвини Агенцијата за млади и спорт АМС за неспортски потези, бидејќи не добил ниту денар од редовните средства од буџетот.
Во отворено писмо до јавноста тој порача дека е срамно како единствена причина поради неговата натпреварувачка пауза е тоа што бил заборавен од институцијата задолжена за развојот на спортот.
-Македонското сонце секогаш ќе го осветлува покривот на мојот болид, но со ваквите неспортски потези Агенцијата за млади и спорт (АМС) не заслужува спортска промоција во иднина од моја страна.
Наместо Агенцијата за млади и спорт да биде најголемиот сојузник на врвните спортисти, таа стана најголемата пречка за постигнување на врвни спортски резултати. Срамно е за институцијата која ме има прогласено за најдобар спортист на Македонија за 2014 година, која ми го има доделено највисокото Национално спортско признание и тоа како резултат на моите спортски успеси, оваа година и оваа натпреварувачка сезона, едноставно да ме заборави.
Во услови кога ја имам најголемата поддршка од мојот народ, отсуствува институционалната поддршка. Несвојствено е како најтрофејниот македонски автомобилист од вкупно ????милиони денари кои се доделени на Автомобилистичка федерација за 2019 година да добие 0 (нула) денари од редовните буџетски средства и од средствата од Игрите на среќа!!!
Секојдневно добивам безброј пораки од моите македонски фанови со прашањето: Зошто не се натпреварував во европскиот шампионат и дали ќе може да ме гледаат и наредната сезона на најпознатите европски трки каде пред две години бев претендент за титула?
Едноставно е срамно да се каже дека единствената причина за мојата натпреварувачка пауза е тоа што сум заборавен од единствената институција во Македонија која е задолжена за развојот на спортот и поддршка на македонските спортисти – порача Стефановски. Тој најави и прес конференција наскоро, каде ќе ги обелоденел деталите за односот кон него и неговиот тим од страна на АМС.
Спорт
ВАР ќе се користи на ЕП 2020, нова толеранција за офсајд ситуациите
Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин, зборуваше за системот ВАР на Европското првенство 2020 година и едвај забележителните офсајди.
– Ако имате долг нос, вие сте во офсајд. Покрај тоа, ВАР црта линии. Значи, ова е субјективно цртање на објективни критериуми. Затоа, нашиот предлог ќе биде да се направи толеранција за офсајд од 10-20 см, изјави Чеферин.
Тој кажа и друг примери околу толкување на судиските одлуки.
– Пред две недели во УЕФА ги имавме најдобрите тренери: Јирген Клоп, Јосеп Гвардиола, Масимилијано Алегри, Карло Анчелоти, Зинедин Зидан. Нашиот судија Роберто Розети покажа игра со рака. Тој вели: „Дали беше или не?“ Половина од собата рече да, половина не. Па кажете ми колку се јасни правилата. Ништо не знаеме! – вели Чеферин.
Првиот човек на УЕФА потврди дека ВАР ќе се користи на Европското првенство.
– Едноставно сме должни. Затоа што сите екипи ќе се жалат кога ќе се појави грешка, истакна Чеферин.
Спорт
Клиперс постигнаа 150 поени против Вашингтон
Екипата на Лос Анџелес клиперс ја забележа 15.победа оваа сезона во НБА лигата, откако ноќеска на дуелот во „Стејплс центар“ го совладаа тимот на Вашингтон визардс со убедливи 150:125.
Најефикасни во победничкиот тим беа Каваи Ленард со 34 и Пол Џорџ со 31 поен.
И на другите два натпревара играни ноќта недела кон понеделник поуспешни беа домашните екипи:
Орландо – Голден стејт 100:96
Торонто – Јута 130:110.
-
Видео4 дена
(ВИДЕО) После 3 години си го пронајде кучето, реакцијата на кучето ќе ви го разубави денот
-
Кичево5 дена
(МЕГА ГАЛЕРИЈА) Фестивал „Мелодија“ – најубавиот детски настан што некогаш му се случил на градот Кичево!
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Снег ги побеле патиштата на превој „Стража“, најава за пообилни врнежи на пониските места од утре
-
Македонија23 часа
Дури 7 лица заболени од ХИВ/СИДА жители на Кичево, ова е целосниот извештај за 2019-та година
-
Занимливости2 дена
(ВИДЕО) Поради оваа грешка во зима ги празниме акумулаторите
-
Хороскоп4 дена
Месечен Хороскоп, случувања, нова година и останати работи кои ќе ве интересираат за вашиот знак
-
Временска прогноза3 дена
Попоски: Среда на утро ќе имаме минусни температури од 6 до 11 степени под нулата
-
Случувања3 дена
Нов земјотрес ја стресе Албанија, а беше почувствуван и во нашите региони