Следете не

Спорт

ЕП2020 Ракомет: Нашата репрезентација против Украина без двајца стандардни играчи

Avatar

Објавено пред

на

Македонската ракометна репрезентација својот прв настап на ЕП во Австрија, Шведска и Норвешка го има утре во Виена против селекцијата на Украина.

Мечот се игра со почеток во 20.30ч а селекторот Данило Брестовац денеска го скрати списокот уште за 2 имиња Серафимов и голманот Томовски.

Овие двајца нема да бидат во комбинација само за утрешниот меч со Украина додека во зависност од потребите на селекторот може да бидат во комбинација за дуелите со Австрија и Чешка.

/СителТВ

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Спорт

ФФМ донира три амбулантни возила на Клиниката за хируршки болести

Avatar

Објавено пред

на

Соочени со последиците од коронавирусот SARS-CoV-2 и имајќи ја в предвид сериозноста на ситуацијата во која се наоѓаат граѓаните на нашата држава, но пред сѐ, нашите здравствени работници, Фудбалската федерација на Македонија набавува три нови амбулантни возила кои ќе ги предаде во трајна сопственост на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (стара Градска болница) во Скопје.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, директорот на Клиниката за хируршки болести, д-р Љубен Арсенков и економскиот директор на Клиниката за хируршки болести, Нермин Шакири во „Куќа на фудбалот“ го потпишаа договорот за отстапување на три целосно опремени амбулантни возила, марка CITROEN JUMPER кои ги набавува ФФМ за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ .

– Ова време сите нас нѐ потсетува колку е важен животот и здравјето на луѓето. Наша должност како социјално одговорна институција е да помогнеме со надеж дека ќе придонесеме во ублажување на последиците од оваа состојба.

Во ова време, ФФМ, но и сите останати институции мора да покаже одговорност, единство и солидарност. Фудбалот е моќна сила во секое општество и едноставно, мораме да го покажеме своето најдобро лице, лице на солидарност и толеранција.

Нашата општествена одговорност досега многу пати била потврдена и ги повикуваме сите останати институции и компании, секој во рамки на своите можности да помогнат онаму каде што сметаат дека има потреба.

Исто така, повикуваме во секој момент да се следат препораките поддржувајќи ги здравствените институции во борбата против коронавирусот. Бидете силни, заедно ќе победиме и на овој натпревар, истакна претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

Секоја чест!

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Спорт

Во Тотенхем веруваат дека Кејн ќе остане барем уште една сезона

Avatar

Објавено пред

на

Раководството на Тотенхем е уверено дека лидерот на тимот Хари Кејн нема да го напушти тимот барем до следната година, пренесе „Дејли стар“.

Договорот на Англичанецот е со важност до летото 2024 година.

Претходно интерес за негов трансфер пројавија Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер јунајтед.

„Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 150 милиони евра.

Кејн не игра од почетокот на јануари поради повреда. Оваа сезона, 26-годишниот фудбалер настапи на 25 натпревари, постигна 17 голови и забележа две асистенции.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Спорт

Ѕвездата на Милан на својот поранешен клуб треба да му плати оштета од 16,5 милиони евра

Avatar

Објавено пред

на

 

Спортскиот арбитражен суд во Лозана, му нареди напаѓачот на Милан, Рафаел Леао, да му плати на неговиот поранешен клуб Спортинг, 16,5 милиони евра. Казната е изречена за фактот дека во 2018 година Португалецот еднострано го раскина договорот со Спортинг.

По раскинувањето на договорот, Леао премина во Лил како слободен агент, а во 2019 година него го купи Милан за 35 милиони евра.

Првично, Спортинг бараше 45 милиони евра од 20-годишниот фудбалер, но судот му нареди да плати 16,5 милиони. Судската одлука може да биде обжалена.

За потсетување, во мај 2018 година, навивачите на Спортинг влегоа во клупската база и физички ги нападнаа играчите. Леао, како и многу други, после тоа го напушти клубот, а клубот почна да ги тужи играчите.

Клубот Спортинг бараше 45 милиони евра за „еднострано раскинување на договорот за соработка без причина“.

Од друга страна, португалскиот клуб ќе мора да му плати на Леао 40 илјади евра за мобинг (психолошко насилство, малтретирање, морален прогон). Фудбалерот бараше 100 илјади евра.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 2 часа

Важни информации од Аптеки „Бруно“ – Кичево

Почитувани, во целост ви го пренесуваме известувањето од менаџментот на Аптеки „Бруно“ – Кичево кое гласи: Започнуваме со новиот месец...

МагазинПред 8 часа

Фчерашни Новости: Што да правите со сето тоа брашно дома!?

Фчерашни новости им излезе во пресрет на домаќините и домаќинките кои се снабдија со поголемо количество на брашно по повод...

СветПред 8 часа

Турскиот голман Рушту Речбер е во критична состојба поради Коронавирус, сопругата не почитувала изолација две недели

Легендарниот турски голман Рушту Речбер се бори за живот, а турските медиуми прстот во вперија кон неговата сопруга Исил која...

ВидеоПред 21 час

(ВИДЕО) Чекаа бус се додека почна човекот со маска да кашла и погледнете до крај..

Дефинитивно видео кое стана вирално низ интернет етерот во склоп на состојбата со Коронавирусот. Погледнете за што станува збор: ©...

ХороскопПред 23 часа

Последен Хороскоп за месец Март (31.03)

ОВЕН Денешниот ден за вас е многу поволен, па може да очекувате дека ќе ги остварите своите цели. Тешко ви...

Живот и стилПред 1 ден

Верувале или не, овие хороскопски знаци мислат на сек* 24 часа

Нивните сексуални потреби и задоволства им се на прво место, без да мислат на обврските кои ги имаат. Овие 3...

МакедонијаПред 1 ден

Нови 26 заразени во Македонија со Коронавирус

Пациент на возраст од 79 години од Дебар, почина на Инфективната клиника утрово. Пред една недела добил резултати дека е...

МакедонијаПред 1 ден

Ново намалување на цената на горивата од вечерва

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 1,00 денар за литар и ќе изнесува...

МакедонијаПред 2 дена

Денес нови цени на горивата, на светска берза нафтата со драстичен пад

Денес на пладне ќе ги дознаеме новите цени на горивата во Македонија според РКЕ. На светските берзи, британската нафта од...

Временска прогнозаПред 2 дена

Времето денес ќе биде сончево со умерена облачност, попладне се очекуваат локални дождови

Времето денес во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи...

НАЈЧИТАНИ