Следете не

Забава

Официјално познато каде ќе се одржува Евровизија 2019

Израел ќе биде домаќин на Изборот на песна за Евровизија идната година. Израелската државна телевизија КАН во последен миг ги обезбеди потребните 12 милиони евра коишто мораше  да ги уплати на швајцарска сметка како гаранција за прифаќање на организација на свеченоста.

Годинава, веднаш по победата на Израелката Нета, се појавија противења околу тоа – идниот натпревар да се одржи во Израел поради безбедносната состојба, поради израелската окупација на палестински области. Постојат и стравувања од можни протести на ортодоксните евреи заради тоа што финалето се одржува во сабота, што претставува сквернавење на еврејскиот Сабат.

Уште пред неколку месеци како алтернатива се спомнуваше главниот град на Австрија – Виена, чиј претставник го освои третото место. Овие гласини се засилија откако израелскиот министер за финансии го одби барањето на КАН.

Оттаму потоа се обратија и до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со молба – државата да ги стави на располагање потребните средства, па на крајот договорот е постигнат.

 

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Facebook

Последни објави

ЗабаваПред 4 часа

Дневен хороскоп | 21.04 Недела

Овен Денеска е особено поволен ден за сите оние кои се занимаваат со приватен бизнис. Заработувачката се зголемува. Чувството на...

ЖивотПред 5 часа

БОЖЈО ЧУДО: Јовче по четири години поминати во кома, се разбуди и ќе слави матура со своите другарчиња

Јован Колоски, струшкото детето херој, кој по четири години поминати во кома успеа да се разбуди и да ја победи...

ЗабаваПред 5 часа

(ВИДЕО) Ова нема граници на човечка издржливост, погледнете

КултураПред 8 часа

Утре е Цветници: Што треба да знаете за овој празник кој е предвесник на Велигден?

Празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и Врбица, секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во...

СпортПред 8 часа

Ериксен се поблиску до кралскиот клуб

Ѕвездата на Тотенхем, Кристиан Ериксен на лето најверојатно ќе се пресели во Реал Мадрид, ексклузивно пренесува весникот „АС“. Данскиот репрезентативец...

Временска прогнозаПред 10 часа

Утрешниот ден ни носи сонце и стабилно време

Утре преку денот ќе преовладува стабилно и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер кој...

МакедонијаПред 1 ден

МВР: Викендов ќе работат сите одделенија на Управни Служби

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите Одделенија за управни работи ќе работат во сабота и недела (20...

ЗабаваПред 1 ден

Денешен хороскоп (20.04) Сабота

Овен Во полошо расположение сте од вообичаено, и тоа може да предизвика конфликти на работа. Не се грижете околу тоа,...

ЗабаваПред 1 ден

Боксеров покажа храброст, на сред интервју ја „бакна“ новинарката.. (ВИДЕО)

Боксерот Кубрат Пулев се најде на цел на критики откако на социјалните мрежи се појави видеото на кое страсно ја...

ЗабаваПред 1 ден

Мајмунов верувале или не е на строга диета!! (ВИДЕО)

Диета држи! 😀

Популарни

Close