Спорт

Можност за светска промоција, еве како ќе влијае Суперкупот 2017 за Македонија

Се стеснува изборот на екипи кои би настапиле во Скопје на Супер куп 2017. Најмногу се посакуваат Манчестер Јунајтед,  Реал Мадрид или Јувентус. Спортските фанови се радуваат на единствената можност да гледаат во својата родна земја врвен фудбал, сега и којзнае кога повторно. Но се радуваат и сите оние кои на некој начин би имале интерес, како хотели, угостители, продавачи на сувенири. Да бидеме реални 15.000 посетители од богати европски земји, во неколку можат да потрошат навистина многу. А бенефитот е многу поголем. Добиваме можност за светска промоција како земја, а тие што ќе дојдат ако убаво си поминат да препорачаат на свои пријатели. Можностите се безброј. На, нас самите е дали ќе ги искористиме.

Најголемата заслуга е на ФФМ и претседателот Илчо Ѓорѓиоски, сакале тоа да го признаеме или не. Не веруваме дека имало поважен и поголем настан во нашава земја. Фокусот на светската јавност барем неколку дена, по позитивна работа, ќе биде насочена кон Скопје и Македонија. Важно е да бидеме добри домаќини, добри организатори, тоа е најдобрата препорака за иднината на нашата земја.

А со доделената организација на Суперкупот во 2017 година во кој ќе настапат освојувачите на Лигата на шампиони и Лига Европа во сезоната 2016/2017, бенефитите за домашната економија се огромни.

15-20 милиони евра е прогнозираниот износ на средства што ќе се слеат од активностите на посетителите во периодот на одржување на Суперкупот кон македонските ноќевалишта, ресторани, културни знаменитости, компании што нудат транспортни услуги, шопинг центри и останати трговци.  Ова се проценките на реномираниот портал Маркетинг 365, кои велат дека износот може да варираа согласно дестинациите од каде што доаѓаат туристите, односно стандардот во нивната матична земја.  Токму затоа и најпосакувани се англичаните со Манчестер Јунајтед.

Во пресрет на историскиот настан за нашата држава, нашата анализа ги таргетираше приходите кои можат да се очекуваат од туристичката посета. Иако вкупниот капацитет на националната арена е 33.460 седишта, очекуваме најмалку 15 илјади странски фудбалски фанови кои ќе остварат по две или три ноќевања и ќе ги посетат нашите угостителски локали.

Можно е голем број од нив да имаат семејна придружба која нема да биде заинтересирана за фудбалскиот натпревар на арената „Филип Втори“ кои ќе останат во Македонија некој ден повеќе, зависно од фреквенцијата на авионите или од желбата да посетат повеќе места во нашата земја. Во следната табела пресметавме повеќе опции, зависно од тоа колку вкупно туристи ќе привлече овој настан и колкав буџет би можеле да издвојат потенцијалните гости. Од потенцијалните гости кои би барале евтино сместување во хостели, па се до оние со желба да си дозволат нешто поудобно или полуксузно, а надополнето со трошоците за исхрана, превоз и посета на натпреварот, претпоставивме дека без 200 евра по поединец не би било можно да поминат 3 дена, додека оние што ќе бараат сместување со пет ѕвездички, најдобри влезници и гурмански специјалитети, веројатно се подготвени за патување од соништата кое тука можат да го реализираат со буџет од 1.000 евра.

Буџет/гости 15.000 гости 20.000 гости 25.000 гости 30.000 гости
200 евра 3.000.000 4.000.000 5.000.000 6.000.000
500 евра 7.500.000 10.000.000 12.500.000 15.000.000
800 евра 12.000.000 16.000.000 20.000.000 24.000.000
1.000 евра 15.000.000 20.000.000 25.000.000 30.000.000

Покрај овие импозантни бројки, малку нереално звучи кога ќе се додаде дека тоа не е сè. Имено, промоцијата што како држава и дестинација ќе ја добиеме меѓу туристичките сладокусци, ќе нѝ дојде сосема бесплатно. Не смее да заборавиме дека прилозите на стотици врвни медиумски куќи кои ќе бидат присутни ќе говорат за земјата домаќин, при што вообичаено е најавните содржини секогаш да бидат во позитивна конотација. Како спортски „деликатес“ кој потекнува од евро-азиското ќоше на светот, потенцијалната публика на која би се обратиле медиумите од Велика Британија до Далечниот Исток надминува три милијарди луѓе.

На крајот претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски ја потврди шансата за афирмација на Македонија, што би донело повеќекратна корист за државата на долг рок.

-Скопје е првиот град во регионот кој добива организација на вакво престижно фудбалско натпреварување, што претставува голема чест, но и голема одговорност. Суперкупот е настан кој ќе биде голем импулс и мотивација за развој на фудбалот во нашата земја и секако во регионот,а воедно и одлична можност Македонија да се промовира и афирмира пред светската јавност. Со добивањето доверба да бидеме домаќини на настанот кој го следат милиони луѓе ширум светот, нашата организација станува чувар на националниот идентитет и горди сме што УЕФА ја препозна нашата посветеност за фудбалот и подготвеноста да бидеме одлични организатори на големиот спортски настан,  изјави Ѓорѓиоски.

Фудбалската федерација на Македонија со добиенат адоверба од УЕФА за организација на Супер купот 2017 станува еден о днајголемите амбасадори на нашата земја, промотор на фер-игра, на социјално и општествено вклучување, промотор на здравје и едукација во нашето општество. Ова признание е резултат на добрата работа на ФФМ, на почитта која ја ужива во УЕФА, на досегашните активности и пред сè во спремноста да биде сериозен партнер во реализацијата на врвно спортско натпреварување.

Суперкупот на УЕФА ќе се одржи на 8 август 2017 година.

Leave a Comment