Следете не

Патување

Exclusive: Вечерва „Feedback Band“ со настап во живо ќе не забавува до раните утрински часови

Avatar

Објавено пред

на

Магазин

ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Проверете кои се најнебезбедни авиокомпании во светот

Avatar

Објавено пред

на

Трета година по ред австралиската „Квантас“ е прогласена за најбезбедна авиокомпанија во светот

Сајтот airlineratings.com ја објави годишната листа на најбезбедни авиокомпании во светот.

Оценувани се 407 компании на кои за безбедноста им биле доделувани од 1 до 7 поени.

При оценувањето во предвид биле земени неколку фактори, како бројот на авионски несреќи, дали персоналот некогаш е казнуван поради загрозување на безбедноста на патниците како и дали компанијата го поседува сертификатот на Меѓународната асоцијација за воздушен простор (ИАТА).

Дури 148 компании го освоиле максималниот број на поени, додека повеќе од 50 имале три или помалку поени.

Еве ги резултатите:

20 најбезбедни авиокомпании во светот, распоредени по азбучен ред:

1. Air New Zealand 2. Alaska Airlines 3. All Nippon Airlines (ANA) 4. American Airlines 5. Cathay Pacific Airways 6. Emirates 7. Etihad Airways 8. EVA Air 9. Finnair 10. Hawaiian Airlines 11. Japan Airlines 12. KLM 13. Lufthansa 14. Qantas 15. Scandinavian Airline System (SAS) 16. Singapore Airlines 17. Swiss 18. United Airlines 19. Virgin Atlantic 20. Virgin Australia

10 авиокомпании кои освоиле само по еден поен, по азбучен ред:

1. Batik Air 2. Bluewing Airlines 3. Citilink 4. Kal-Star aviation 5. Lion Air 6. Sriwijaya Air 7. TransNusa 8. Trigana Air Service 9. Wings Air 10. Xpress Air

Прочитај повеќе...

Магазин

Ова мора да го знаете ако патувате со авион

Avatar

Објавено пред

на

Голем број на луѓе не ги знаат своите потрошувачки права во случај ако летот им доцни или е откажан.

Кога дојдов на аеродром, сфатив дека мојот лет е одложен. Што можам да направам?

Имате право на грижа од страна на авионската компанија. Тоа подразбира дека имате право на освежување, оброци, два бесплатни телефонски разговори, телефакс пораки или електронска пошта, сместување и превоз од аеродромот до местото за сместување ако донцењето е:

– 2 часа или повеќе за летови до 1.500 километри;

– 3 часа или повеќе за летови подолги од 1.500 километри во ЕУ или за други летови меѓу 1.500 и 3.500 километри;

– 4 часа или повеќе за летови подолги од 3.500 километри надвор од ЕУ.

Ако летот ви доцни повеќе од пет часа и вие се одлучите да го одложите патувањето, имате право на поврат на парите за билетот и лет до местото од каде што сте го почнале патувањето.

Предупредување! Ако сте стигнале до конечната дестинација со доцнење од три или повеќе часа, имате право на ист надомест како и кога летот ви е откажан, освен во случај ако авионската компанија може да докаже дека доцнењето е предизвикано од вонредни околности.

Постојат и фирми како што е refundd.com која ги средува тужбите место вас.

Бидете активни!

Веднаш контактирајте го персоналот на авиокомпанијата на аеродромот и побарајте право за заштита и надомест.

Поднесете приговор до авиокомпанијата при доаѓање дома, ако мислите дека правата ви биле нарушени.

Кои се моите права во случај ако не ми се дозволи да летам?

Авиокомпанијата е должна прво да побара доброволци кои би се откажале од резервациите во замена за одредена поволност.

Дополнително, компанијата мора да им понуди на доброволците избор меѓу целосно враќање на парите и промена на рутата.

Ако се најде доволен број на доброволци, тогаш компанијата може да ви го откаже летот против ваша волја. Во тој случај, имате право на надомест од 250 до 600 евра, додека ако превозникот ви понуди заменски лет имате право на надомест од 125 до 300 евра.

Исто така можете да се одлучите за враќање на парите за картата и летот во местото од кое сте пошле да патување или заменска рута до крајната дестинација. Имате право и на заштита од страна на авионската компанија.

Кои се моите права во случај на откажување на лет?

Имате право на ист надомест како и во случај ако не ви се дозволи да се качите во авион. Тоа право го немате ако сте известени за откажувањето најмалку 14 дена пред летот, ако ви е понудена променета рута со сличен ред на летање или ако авиокомпанијата може да докаже дека откажувањето на летот е предизвикано од вонредни околности, како што се лоши временски услови.

Предупредување! Ги имате тие права ако полетувате од кој било аеродром во ЕУ, или доаѓате во ЕУ со превозник од ЕУ или од Исланд, Норвешка или Швајцарија. Морате однапред да бидете информирани за тоа која авио компанија управува со вашиот лет.

Кои се моите права во случај на проблем со багажот?

Ако вашиот багаж е изгубен, оштетен или ви доцни, имате право на надомест до околу 1.220 евра. Меѓутоа, авиокомпанијата нема да биде одговорна ако ги презела сите разумни мерки да ја избегне штетата или ако не било можно да спроведе такви мерки.

Бидете активни! Веднаш на аеродромот пријавете изгубен или оштетен багаж.

Поднесете пишан приговор до авиокомпанијата во рок од седум дена од добивање на багажот.

За багаж доставен со задоцнување тој рок изнесува најдолго 21 ден.

Дали сум исто така заштитен кога патувам со друг вид на превоз, не само со авион?

Да, заштитени сте со закон на ЕУ и кога патувате со воз, автобус или брод. Имате право на информации и помош пред и за време на патувањето. Во случај на откажување или доцнење имате право на замена на рутата или враќање на парите и надомест.

Правата на патниците во железничкиот сообраќај се применуваат на сите услуги на меѓународниот железнички превоз во ЕУ; правата на патниците во автобускиот превоз се применуваат на поголеми далечини на пример подолги од 250 километри; правата на патниците во бродскиот сообраќај се применуваат кога се патува по морски и копнени пловни рути.

Совети за паметно патување:

  1. Барајте информации за своите права

Авиопревозникот мора да ве информира за вашите права ако нештата тргнат на лошо во аеродромот.

  1. Поднесете приговор ако вашите права се нарушени.

Прво треба да ја контактирате авиокомпанијата. Употребете образец од ЕУ за приговор за надомест или враќање на пари. Достапен е на сите европски јазици.

  1. Чувајте ги сметките

Ако имате какви било трошоци поради доцнење или откажување на летот, чувајте ги сметките и испратете нивни копии до авиокомпанијата, заедно со приговорот.

Прочитај повеќе...

Магазин

МАЛТА – ОСТРОВ НА РАЈСКИ ПЛАЖИ: Нема да сакате да го напуштите додека не го прошетате целиот (ФОТО)

Avatar

Објавено пред

на

Огномети, шарени врати, прекрасни зајдисонца и расположени луѓе. Ова се првите работи што ми доаѓаат на памет кога ќе ја споменам Малта. Иако однадвор изгледа студено и еднолично, кога ќе стапнете на нејзината почва ќе се запознаете со една разновидна и богата култура, песочни плажи и необична архитектура.

Ако до пред некоја година Малта ни се чинеше како некое далечно, непознато островче, кое веројатно никогаш нема да го посетиме, сега работите се сменија. Туристичките агенции веќе го ставаат овој медитерански бисер во својата понуда, а Малта одамна е многу популарна и за Македонците кои бараат работа во странство. Денес речиси е невозможно да не познавате некој што заминал на Малта во потрага по подобар живот.

Без разлика дали имате некој познат или не, препорачуваме да го посетите овој остров, кој има да понуди многу интересни работи. Пред да заминам таму можеби малку се преценив себеси, а го потценив островот мислејќи дека 10 дена ќе ми бидат доволни да го прошетам целиот, со оглед на тоа што се простира на површина од само 316 квадратни километри, односно 80 пати е помал од Македонија. Сепак, се вратив дома со многу недоистражени работи и места кои немав време да ги посетам.

Огномети, шарени врати, прекрасни зајдисонца и расположени луѓе

Ова се првите работи што ми доаѓаат на памет кога ќе ја споменам Малта. Секојдневно, од рано наутро, на Малта се слушаат огномети во кој било дел од островот. Ова го забележав имајќи предвид дека престојував во три различни града. Малта има долга традиција со огномети, а во текот на годината се приредуваат спектакуларни огномети синхронизирани со музика. Огнометот на Малта има долга традиција уште од времето витешкиот ред на свети Јован. Огнометот се палел како израз на радост. Оваа традиција сè уште е жива во преполниот календар на таканаречените фести, кои се одржуваат низ цела Малта.

За ведриот дух на Малтежаните зборува и шаренилото на вратите и на прозорците на речиси секоја куќа, на клупите во парковите, на чамците на рибарите. Сè е шарено.

Интересно за овој мал остров е тоа што сè е блиску, а толку далеку. Малта е со површина од 316 квадратни километри, но за да стигнете од една до друга точка со автобус ќе се изнавозите. Улиците се тесни и еднонасочни, па се случува да се возите со автобус во еден правец неколку километри, да застане на станица и повторно да се враќате по истиот пат уште неколку минути во спротивен правец.

Можеби отпрвин ќе ви изгледа збунувачки и тоа што се вози по левата страна, па од прва нема да ви текнува од која страна треба да чекате автобус. Јавниот превоз функционира совршено и воопшто не е тешко да се снајдете. На секоја автобуска постојка има знак со нејзиното име, а во сите автобуси има гласовно потсетување на која автобуска постојка ѝ се приближувате.

Единствена забелешка е тоа што автобусот може да не ви застане доколку не му кренете рака, иако ве гледа дека сте на автобуска постојка. Но возењето по тесните улички со кривини секако е авантуристички и незаборавно. Во летната туристичка сезона еднонеделна карта за возење чини 12 евра, додека останатиот дел од годината е поевтино.

Ако сакате да видите што повеќе од тоа што го нуди Малта, мора да бидете подготвени за поминување многу часови во автобус, во автомобил или, пак, во друго превозно средство.

Што се однесува до јазичната бариера, на островот може многу лесно да се снајдете затоа што голем процент од жителите зборуваат англиски, а 95 проценти од населението го сочинуваат Малтежани.

Она што мене ми беше необично е тоа што Малта е рамна како плоча: без планини, шуми и со по некој рид. Овој остров е идеален да се посети во текот на целата година затоа што според „Интернешнл ливинг“ Малта ја има најдобрата клима во светот. Просечната температура во текот на годината е 23 степени преку ден и 16 степени навечер. Во најстудениот месец јануари температурата се движи од 12 до 20 степени, а во најтоплиот месец август просечната температура е 34 степени. Освен тоа, летната сезона на Малта трае осум месеци – од средината на април до крајот на ноември.

Малта ја сочинуваат уште два многу помали острови, Гозо и Комино. Дотаму се стигнува со брод или со траект од гратчето Киркева. На Комино се наоѓа рајската плажа „Блу лагун“ до која се стигнува со бротчиња. Повратна карта чини пет евра, се стигнува за 20-ина минути, а таму ќе ве пречека тиркизно, проѕирно и топло море. Единствен недостаток е малата плажа и метежот, па наместо на лежалка ќе се сончате на карпа.

Гозо е приказна за себе. Таму со траект од Киркева се стигнува исто така за 20-ина минути. Повратна карта е четири евра. На Гозо како времето да застанало, со стари автентични градби, но куќи што чинат по стотици илјади евра. Токму на ова минијатурно островче се снимаше и популарната серија „Игра на тронови“.

Како град кој ми остави најголем впечаток на Малта е Мдина, или градот на тишината. Тесни, претесни улички, тврдина во која не се дозволени автомобили и во која со знаци ве предупредуваат да молчите за да не ги вознемирувате жителите. А таму, како што ни кажаа Малтежани, живеат најбогатите.

Главниот град Валета со само 7.650 жители е мало, топло гратче, преполно со туристи и со позитивен дух. Прошетка низ центарот со вовче, кој е мозаик од неколку тесни улички, од половина час чини пет евра. И во главниот град преовладуваат стари згради, шарени прозорци и врати и многу, многу катедрали. На површина од само неколку стотици метри, Валета има повеќе од 20 цркви и катедрали.

Под улиците на Валета се крие еден необичен витешки музеј, чии ходници ќе ве одведат неколку метри под земјата. Во Музејот на витешкиот ред болничари, неколку метри под земја се наоѓала психијатриска болница во која има морничави восочни фигури, тесни подземни ходници и минијатурни ќелии со решетки.


Интересно и необично е и работното време на Малта. Повеќето продавници на островот се отворени од 8 и 30 до 13 и 30 часот. По пауза од неколку часа, трговците отвораат во 16 и 15 часот и работат само до 19 часот.

Не се мислите да ја ставите Малта на вашата листа на места што мора да ги посетите. Однадвор изгледа досадно и еднолично, но во внатрешноста кога ќе стапнете на нејзината почва Малта дефинитивно има што да понуди: од песочни плажи, прекрасни зајдисонца, медитеранска клима до уникатни ресторани и ноќни клубови, базени, замоци…

Извор: Телеграф.MK

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 5 часа

Викенд акција на производи во АТВА Маркети – Кичево

Денес и утре продолжуваат акциите на производи по пониски цени! Посетете ги АТВА Маркетите уште веднаш!

МагазинПред 14 часа

Редовен Хороскоп (19.10) Сабота

ОВЕН Иако сакате да ја промените работата, имате впечаток дека сѐ уште не сте сосема подготвени на тој чекор. Не...

КичевоПред 15 часа

(ГАЛЕРИЈА) Вечерва во Кичево беше успешно реализиран хуманитарен концерт наменет за доизградба на црквата „Св.Атанасиј“ од с.Миокази

Денес, петок 18.10.2019 успешно се реализираше хуманитарен концерт чии финансиски средства од продадените карти директно се наменети за доизградба на...

КичевоПред 20 часа

Кичевчани спремно е се за одржување на Хуманитарен концерт, повелете

Спремно е се за реализација на Хуманитарниот концерт за доизградба на светиот храм во с.Миокази – Св.Атанасиј. Настанот ќе го...

ВидеоПред 2 дена

(ВИДЕО) На ракија проба да јава коњ, но некако не му одеше…

Кутриот „малку“ се напил и не може сега ниту да се качи на коњот. Очигледно сега се му е недостижно:

ХороскопПред 2 дена

Денешен Хороскоп (18.10) Петок

ОВЕН Може да очекувате фаза која ќе биде многу поволна за вас. Ќе успеете да остварите стабилизација на работа. Ве...

Живот и стилПред 2 дена

Обратна психологија на жените: Вака се врти маж на мал прст

Не за џабе се вели: „Мажот е главата на семејството, но жената е вратот”. Таа е таа која има способност...

КичевоПред 2 дена

(ФОТО) Конечно се започна со „асфалтирање“ магистралниот пат на излез од Кичево

После речиси месец и половина возење како „по шини“ врз огромен број концентрирани честички „прашина“ денес механизацијата започна да го...

СпортПред 2 дена

Ла Лига повторно со иницијатива да се играат првенствени натпревари надвор од Шпанија

Раководството на шпанската Ла Лига не се откажува од идејата да се игра првенствен натпревар во друга земја. Според објавеното...

БалканПред 2 дена

Малолетничка си го убила бебето – и помогнала мајка и

Уапсена е малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а во тоа и помогнала и нејзината мајка. Според неофицијални...

НАЈЧИТАНИ