Спорт
Фернандо Алонсо излегува од болница, светскиот шампион доби „зелено светло“ за домашно лекување

Фернандо Алонсо ја напушти болницата четири дена откако доживеа сообраќајна несреќа, кога го удри автомобил додека возеше велосипед.
Иако првичните информации беа крајно негативни и се чинеше дека животот на Алонсо е во опасност, но Шпанецот помина со полесни повреди.
Според тимот на Алпин за кој ќе вози во новата сезона во Формула 1, му била оперирана горната вилица. Бидејќи немаше влошување на неговата состојба 48 часа по операцијата, двократниот светски шампион доби „зелено светло“ да ја напушти болницата и да продолжи со лекувањето дома.
„Фернандо беше отпуштен на домашно лекување откако беше хоспитализиран“, потврди неговиот тим и додаде дека во наредниот период целиот фокус ќе биде на одморот, со цел целосно да ги санира повредите.
Тестирањето за новата сезона е закажано за 12-14 март на патеката Сакир во Бахреин, каде што новата сезона во Формула 1 ќе започне две недели подоцна.
– „Добро сум и се радувам на новата сезона”, напиша Алонсо на Твитер во петокот.
Alpine F1 Team Statement pic.twitter.com/P2yXlpyCBj
— Alpine F1 Team (@AlpineF1Team) February 12, 2021
Во досегашната кариера има забележано 32 победи, вкупно 97 подиуми, а со Рено беше најдобар на планетата во 2005 и 2006 година. Од оваа сезона, тимот ќе го носи името Алпин по пауза од две години.
ФОТО: SkySports
Спорт
Милан со победа ја почна новата сезона во одбрана на титулата, победа оствари и Аталанта

Фудбалерите на Милан со победа ја започнаа одбраната на титулата во Серија А, кои денеска славеа против Удинезе со 4:2.
Бразилецот Родриго Бекао уште во втората минута го доведе Удинезе во водство, но Милан многу брзо го смени резултатот. Најпрвин Тео Ернандез беше сигурен од белата точка во 11. минута, а четири минути подоцна Анте Ребиќ донесе пресврт за домашните.
Во третата минута од судиското надополнување Адам Масина израмни на 2:2 и со тој резултат се замина на пауза, а во вториот дел Браим Диас во 46. минута и Ребиќ со вториот гол во 68. минута му донесоа победа на Милан.
Во следното коло фудбалерите на Удинезе ќе ја пречекаат Салернитана, додека Милан ќе и гостува на Аталанта која денеска со 2:0 славеше против Сампдорија.
Аталанта поведе со голот на Рафаел Толои во 26. минута, а победата на тимот од Бергамо ја потврди Адемола Лукман во 94. минута.
Фудбалерите на Сампдорија ги чека тешка задача во второто коло од италијанскиот шампионат бидејќи ќе го пречекаат Јувентус.
/danas.rs
Спорт
Безбедност, заштита на интегритетот на натпреварувањата како и борба против местење фудбалски натпревари тема на денешниот семинар

Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија, денеска во хотел „Хилтон”, во Скопје го одржа редовниот семинар со делегатите на натпреварите од Првата МФЛ и Втората МФЛ.
На денешниот редовен работен состанок со делегатите, главни тема беа безбедноста, заштита на интегритетот на натпреварувањето, како и промената на одредени точки во Пропозициите на натпреварите во Прва и Втора МФЛ.
Исто така на состанокот беше одржано предавање од страна на одделот за безбедност и интегритет на ФФМ на тема „Борба против местење на фудбалски натпревари”. Делегатите беа запознаени со начинот на кој треба да го штитат интегритетот на фудбалската игра на територијата на државата.
Спорт
Реализирана „Судиска анализа“ на натпреварите од првото коло во првата македонска фудбалска лига, ова се констатациите од натпреварите

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 1 коло на ПРВА МФЛ, и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот Фк.Струга Трим Лум – Фк.Победа одигран на 06.08.2022 година, анализирани се ситуациите од 3, 15 и 52 минута.
“Главен судија”: Стојан Трпчевски. Помошни судии: Драган Трпчевски и Душко Панов.
3 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (НЕ досуден удар од 11 метри)
Во шеснаесетникот на Победа, играч од нападот на Струга беше во посед на топка странично од голот на Победа и со грб свртен према голот. На него стартуваше играч од одбраната на Победа туркајки го играчот од нападот на Струга, оваа ситуација е во граница на судиското убедување, интензитетот не беше многу јак и и напаѓечот беше со грб свртен спрема голот, близу близу гол-аут линијата. Се поддржува одлуката на главниот судија играта да продолжи, контактот и ситуацијата беше недоволен за удар од 11 метри.
15. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( НЕ досуден удар од 11 метри)
Центрирана топка во шеснаесетникот (петерецот) на Победа , топката го удри одбранбениот играч на Победа во телото(колкот) а рацете му беа во природна положба. Исправна одлука на судијата играта да продолжи, немаше елементи за да се досуди удар од 11 метри.
52. минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( НЕ досуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на Победа беше во посед на топка и во напад пред самата линија на 16 сетникот на Струга, до него беше и играч од одбраната на Струга и со туркање рамо со рамо(ремплање) му ја одзема топката без прекршок.Исправна одлука на судијата играта да продолжи, дуелот беше коректен без елементи за досудувањепрекршок.
На натпреварот Фк.Силекс – Фк. Работнички одигран на 07.08.2022 година, анализирана е ситуацијата од 90+2 минута
“Главенсудија: Јован Качевски. Помошни судии: Мартин Дејаноски и Давор Цветановски.
90+2 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА СУДИЈА ( Досуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на Силекс ја имаше топката во свој посед во 16 – сетникот на Работнички, и пред да шутира кон голот, на него стартуваше со интензитет од позади грб (туркање) играч од одбраната на Работнички. Исправна одлука на главниот судија, досудено удар од 11 метри за туркање, и дисциплинска мерка жолт картон.
На натпреварот Фк.Академија Пандев – Фк. Брегалница одигран на 07.08.2022 година, анализирана е ситуацијата од 16 минута
“Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.
16 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( НЕ досудено офсајд позиција)
Центрирана топка од слободен удар за екипата на Академија во 16 сетникот на Брегалница, во момент на центаршутот играч од нападот на Академија и играч од одбраната на Брегалница беа во линија, топката дојде до играчот од нападот и постигна гол.
Многу тешка ситуација и исправна одлука на асистентот судија што не досуди офсајд позиција и дозволи играта да продолжи.Голот е регуларен.
На останатите мечеви од 1 МФЛ следи анализа по одигравањето на натпреварите.немаше предизвикувачки ситуации за судиска анализа.
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) Суспектниот кичевчанец на мајмунски сипаници денес бил тестиран, неговите резултати ќе се објават во текот на вечерта
-
Хороскоп1 ден
Викенд Хороскоп -(сабота 13 август)-
-
Македонија1 ден
Заврши испитувањето на брисот земен од кичевчанецот по сомнежот дека имал „Мајмунски сипаници“
-
Хороскоп9 часа
Дневен Хороскоп (14 август) – недела
-
Lifestyle1 ден
(ВИДЕО) Теа Таировиќ се оправда и распали со нашата „Македонско девојче“ – нема поубаво од Македонче!
-
Lifestyle6 часа
(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!
-
Временска прогноза19 часа
Поизразено невреме проследено со интензивен пороен дожд – ова се најновите метео информации
-
Македонија18 часа
СВР Охрид со активности на г.п. Ќафасан – „На пат секогаш тргнувај одморен“