Македонија
Фабриката „Кромберг и Шуберт“ која брои 6000 вработени, привремено запира со работа две недели поради Коронавирусот
Фабриката за производство на автомобилска опрема „Кромберг и Шуберт“ сместена во индустриската зона „Жабени“ во Битола, од утре времено запира со работа, информираат од Секторот за човечки ресурси на фабриката.
Заштитата на вработените е во преден план и сите се информирани за оваа одлука.
„Кромберг и Шуберт“ е германска инвестиција отворена во 2013 година, каде што работат речиси 6 000 вработени.
Ќе го следат ли ваквиот тренд „ако не е касно“ и останатите фирми кои бројат повеќе од 1000 вработени инз нашата држава, останува да видиме!
Бројот на моментално заболени од Коронавирус во Македонија изнесува 67 луѓе.
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (24 април)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево24 часа
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Временска прогноза19 часа
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Спорт2 дена
КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал
-
Спорт1 ден
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.
-
Свет1 ден
Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“
-
Автомобили2 дена
„Cupra“ ја најавува светската премиера на новиот „Cupra Formentor“ и новиот „Cupra Leon“