Социјални мрежи
„Фејсбук“ ни ги отвора очите на сликите кајшто сме случајно замижани (ВИДЕО)

„Фејсбук“ објави извештаи во кои, меѓу другото, се открива и дека преку сопствена вештачка интелигенција може да менува слики, на кои изгледаме „заспано”, односно во моментот на фотографирањето, не сакајќи сме трепнале.
Компанијата, како што веќе знаеме, користи софтвер што може да ни го препознае и запомни лицето, па користејќи други фотографии, тоа ќе умее да „ни ги отвори очите“ каде што мижиме, и сето тоа да изгледа реално и природно.
Сево ова на прв поглед звучи интересно и корисно, но повторно го покренува прашањето околу можностите и контролата на новите технологии кои прибираат информации за корисниците на друштвените мрежи.
Социјални мрежи
Креаторите на Facebook ќе можат да заработуваат од видеа?

Креаторите сега ќе можат да ги монетизираат своите видеа на Facebook што користат лиценцирана музика. Споделувањето на приходи од музика е функција за монетизација каде што создавачите можат да користат лиценцирана музика од популарни изведувачи во нивните видеа на Фејсбук и да заработат од рекламирање.
Функцијата е покриена со Rights Manager, алатка за усогласување видео, аудио и фотографии развиена од Мета. Алатката ќе им помогне на креаторите на содржини да ги заштитат своите права и да управуваат со содржината на платформата.
Содржината, исто така, мора да ги исполнува стандардите на заедницата и музичките упатства на Facebook. Видео клиповите мора да бидат долги најмалку 60 секунди и мора да има визуелна компонента на видеото, така што лиценцираната музика не е примарна цел на видеото.
Мета посочува дека функцијата е овозможена преку партнерство во музичката индустрија и дека е прва од ваков вид и од ваков обем. Според Мета, функцијата ќе им користи на креаторите, партнерите, носителите на музички права и други.
Споделувањето на приходите од музика доаѓа до креаторите на видео содржини ширум светот и првично ќе биде достапно за корисниците во САД.
Социјални мрежи
Колку го чинеше Твитер познатиот Маск?

Твитер ги објави резултатите за вториот квартал од 2022 година, а бројките на технолошкиот гигант се под проценките на аналитичарите за приходите и растот на корисниците. Уште поинтересно е колку пари Твитер откри дека потрошил чекајќи да се финализира купопродажниот договор со Маск.
Илон Маск се повлече од купувањето на Твитер, иако социјалната мрежа се обидува да изнуди договор, додека судијата во Делавер минатата недела пресуди дека компанијата може да ја забрза правната постапка против милијардерот.
Твитер бара Маск да ја купи компанијата во зделка вредна 44 милијарди долари, и покрај тоа што најбогатиот човек на планетата се оддалечи од купувањето, тврдејќи дека Твитер одбива да му даде точни податоци за бројот на лажни и бот сметки на социјалната мрежа .
Сепак, потребни се најмалку неколку месеци за да се постигне договор, да се распадне или да се преземе компанијата – во зависност од конечната одлука.
Компанијата објави дека нејзините приходи во вториот квартал изнесувале 1,18 милијарди долари, што е за околу пет отсто помалку во однос на претходниот квартал и еден отсто помалку во однос на истиот период лани. Аналитичарите претходно ги процениле приходите на Twitter во вториот квартал на околу 1,32 милијарди долари.
Тоа, според Твитер, го одразува падот на рекламната индустрија поврзана со тековното економско опкружување и укажува на неизвесноста предизвикана од одлуката на Маск да се повлече од договорот. Сепак, бројот на дневни активни корисници кои можат да се монетизираат на Twitter (mDAU) се зголеми за 16,6 отсто во споредба со претходната година, на 237,8 милиони.
Социјални мрежи
Инстаграм ќе биде забранет за деца помлади од 13 години, додека внесување на датумот на раѓање за нови корисници ќе биде задолжителен

Инстаграм неодамна објави дека ќе започне подетално да ја проверува возраста на своите корисници. Апликацијата сега активно работи на тоа споделувањето датум на раѓање да биде задолжително за сите корисници.
Социјалната мрежа ќе биде забранета и за деца помлади од 13 години.
По новото ажурирање, кое најверојатно ќе се случи овој месец, нема да можете да пристапите на Instagram додека не го наведете вашиот роденден, дури и ако сметката е наменета за компанија или домашни миленици. Датумот на раѓање нема да биде јавно објавен.
Проверката на возраста на Instagram е опционална апликација која започна да се користи во 2019 година. Отсега корисниците можеа да ја игнорираат или прескокнат оваа опција, но отсега тоа нема да биде возможно.
Корисниците кои внесуваат лажен датум на раѓање ќе бидат блокирани.
А за да спречи внесување на лажен датум и да ја препознае возраста на корисникот, апликацијата ќе ги користи своите познати алгоритми. Ќе ја провери заедницата со која е во контакт корисникот, роденденските честитки, па дури и други сметки, како што се сметка на Facebook или Gmail.
Одлуката доаѓа во време на зголемени критики кон социјалната мрежа дека негативно влијае на здравјето на децата и тинејџерите, а покрај тоа, има и куп страници на Инстаграм кои споделуваат несоодветни слики од деца, за кои неодамна пишува Telegraf.rs.
Ова изгледа како потег за спречување
Извор: srbijadanas.com/telegraf
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) Суспектниот кичевчанец на мајмунски сипаници денес бил тестиран, неговите резултати ќе се објават во текот на вечерта
-
Хороскоп1 ден
Викенд Хороскоп -(сабота 13 август)-
-
Македонија1 ден
Заврши испитувањето на брисот земен од кичевчанецот по сомнежот дека имал „Мајмунски сипаници“
-
Хороскоп9 часа
Дневен Хороскоп (14 август) – недела
-
Lifestyle1 ден
(ВИДЕО) Теа Таировиќ се оправда и распали со нашата „Македонско девојче“ – нема поубаво од Македонче!
-
Lifestyle7 часа
(ВИДЕО) Лозано: Дома си е дома, „Ја излези Ѓурѓо“ од многу грла во еден глас ❤️ Кичево!
-
Временска прогноза19 часа
Поизразено невреме проследено со интензивен пороен дожд – ова се најновите метео информации
-
Македонија18 часа
СВР Охрид со активности на г.п. Ќафасан – „На пат секогаш тргнувај одморен“