Живот Забава

Кога дедо ти и баба ти ќе направат Фејсбук профил..

Расте бројот на стари лица во Германија кои ги откриваат социјалните мрежи на интернет. Тоа е резултат на годишната студија, која ја реализираат првата и втората програма на германската телевизија, пишува “Дојче Веле“. Голем е бројот на стари лица кои своите застарени модеми ги заменуваат со нови кои им обезбедуваат побрз интернет. 
 
Клаус Шмолц кој има 71 година, и е дел од истражувањето, на свои 65 години си купил лаптоп. На почетокот не бил многу упатен во компјутерската техника, но полека ги совладува вештините. Тој вели дека не го користи интернетот бидејќи тоа е во “тренд“, туку заради личен интерес, додавајќи дека доколку не ги следи трендовите ќе остане сам и ќе го загуби контактот со своите внуци бидејќи не го знае нивниот јазик. 
 
Шмолц е пензионер со седа коса и физички тегови, но себе не се смета за старец. Тој тврди дека мора да се навикне на денешното време, коe постојано се менува. 
 
Во Германија сениори кои ги користат социјалните мрежи и понатаму е реткост, но полека бројот се зголемува. Во 2017 година 45 отсто од интернет корисниците во Германија имале над 60 години, а оваа година тој процент е 35. Ниту една друга старосна група во последната година не забележала толку голем тренд на зголемување. 
 
Постојат и социјални мрежи кои се наменети за старите лица и нивните потреби. Но, таквите мрежи не се толку популарни кај старите лица, бидејќи ретко кој сака да се соочи со теми како што се старост, смрт или болест.
 
Во Германија постојат портали посветени на старите лица кои имаат за цел да помогнат да се пронајдат поранешните другари од училиште. Скоро 12 милиони членови ја користат таа платформа, а преку два милиони имаат над 50 години. 
 
За голем број пензионери, интернетот и социјалните мрежи се голем благослов. Тоа е начин да одржуваат редовни контакти со своите блиски кои се презафатени и можеби немаат време често пати да ги посетуваат. 
Close