Социјални мрежи
Фејсбук тајни кои мора да ги знаете (ВИДЕО)

Социјални мрежи
Од сега за да погледнете на „Twitter“ ќе мора да сте регистрирани

Твитер сега ќе бара од корисниците да имаат профил на таа платформа за да можат да гледаат „твитови“, а сопственикот на оваа социјална мрежа Илон Маск изјави дека тоа е „привремена итна мерка“.
– Од корисниците на Твитер, кои ќе се обидат да прегледаат содржина на таа платформа, ќе биде побарано да се регистрираат или да се логираат на нивниот профил за да видат „твитови“, пишува Ројтерс.
– Толку ни ги ограбија податоците што ја деградираа услугата за нормалните корисници – додава Маск во порака на Твитер.
Тој претходно изрази незадоволство од компаниите за вештачка интелигенција како OpenAI и други, кои користат податоци од Твитер за да ги обучуваат своите големи јазични модели, пренесува Танјуг.
Социјални мрежи
Инстаграм планира да ги санкционира „експлицитните“, односно интимните фотографии

Малку се оние кои барем еднаш не добиле фотографија која не ја посакале, бидејќи голем број корисници на социјалните мрежи праќањето „експлицитни“ кадри го сметаат за пожелна работа. Инстаграм планира да застане на патот на тоа.
Несакани фотографии со претежно интимни делови од телото пристигнуваат и од непознати испраќачи, најчесто мажи. Инстаграм тестира функција која ќе ги елиминира таквите навики, дозволувајќи им на испраќачите на пораки да испраќаат текстуални ставки само доколку не го следат примачот. Кога лицето на кое е испратена пораката ќе ја прифати, испраќачот потоа може да продолжи со испраќање фотографии и видеа. Ако се покаже дека е незгодно, блокот со опции сè уште работи.
Сè е во фаза на тестирање, така што корисниците сè уште можат да испраќаат се што ќе им текне (пораките од оние што не ги следите сè уште се во посебен дел). Има многу тролови кои секојдневно испраќаат свои интимни слики, а нова опција конечно би можела да стави крај на овие непријатни постапки.
Извор: Mashable
Социјални мрежи
„Google“ најави дека ќе ги брише регистрираните корисници кои не биле најавени најмалку две години

Google најави дека ќе започне со бришење на неактивни сметки од декември оваа година. Компанијата тврди дека ова ќе помогне да се заштитат корисниците од безбедносни закани.
Компанијата соопшти дека почнувајќи од оваа година, ќе започне со бришење на сметките на Google кои не биле користени најмалку две години.
Ова ги вклучува сите содржини во Google Workspace (Gmail, Docs, Drive, Meet, Calendar), YouTube и Google Photos.
Новата политика стапува во сила веднаш, но нема веднаш да влијае на корисниците со неактивни сметки. Google вели дека ќе преземе фазен пристап, почнувајќи со сметки кои биле креирани, но никогаш повеќе не биле користени.
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (октомври 2023)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за понеделник (2 октомври)
-
Временска прогноза20 часа
Месечна метео анализа за октомври, потопло и со помалку врнежи од дожд
-
Скопје2 дена
Посебен режим на сообраќај во недела во град Скопје поради одржување на „Скопски маратон 2023“
-
Скопје13 часа
(ФОТО) Во машка конкуренција кенијецот Серем се закити со прво место, додека 11.000 тркачи од 45 земји беа дел од овогодинешниот „Скопски маратон 2023“