Следете не

Технологија

Facebook во борба против коронавирусот

Објавено пред

на

Kоронавирусот се шири низ светот, така и низ интернет се шират најразличните информации за него.

Информациите на социјалните мрежи не се баш најточни. Така објавите на Facebook за кои се утврдува дека се лажни ќе имаат помал опсег, а на луѓето ќе им бидат прикажувани точни информации.

Од Facebook истакнуваат дека ќе се известуваат луѓето што споделуваат лажна или неточна содржина, а доколку таа содржина би можела да им наштети на луѓето, ќе бидат отстранети,односно избришани.

Мобилни уреди

Новиот Samsung S22 ќе добие „S Pen“ како уредите на Galaxy Note, ова се протечените неколку детали околу новиот уред

Објавено пред

на

Според протечените информации, S22 Ultra ќе биде заоблен и многу ќе потсетува на Galaxy Note 20. Исто така, ќе има слот за S Pen како и сите уреди Galaxy Note. Со моделот Galaxy Note и Z Fold 3, S Pen оди во футрола, но тука ќе го има својот слот.

S22 Ultra исто така ќе има сензор што открива кога S Pen е вметнат или отстранет од телефонот. Сензорот ќе може да се прилагоди, за да може да иницира одредени дејства. Што се однесува до екранот, тој ќе има AMOLED технологија и дијагонала од 6,8 инчи, со висока стапка на освежување.

Димензиите се 163,2 x 77,9 x 8,9мм и дебелината е 10,5мм, ако ја броиме камерата.

Главната камера ќе има сензор од 108MP со 0,8 µm пиксели, ултра-широката камера ќе има сензор од 12MP и OIS (Оптичка стабилизација на слика), додека селфи камерата ќе има сензор од 40MP.

Се очекува Samsung официјално да објави во јануари 2022 година кога ќе го претстави S22 Ultra.

Извор: vesti-online.com

Прочитај повеќе...

Технологија

Популарниот „Discord“ тестира нова опција која ќе им се допадне на младите – „Watch Together“

Објавено пред

на

Иако остана без опцијата „Rythm“, Discord има нови идеи – „Watch Together“ веќе се тестира, опција која ќе им овозможи на корисниците да се поврзат понатаму.

Само неколку дена откако YouTube го прекина популарниот додаток Discord, компанијата ги презеде работите во свои раце. Услугата за разговор, која е доста популарна во заедницата за игри, сега тестира опција наречена во превод – „Гледај заедно“. Тоа е новина што ќе им овозможи на корисниците на Discord заедно да гледаат видеа на YouTube и да ги гледаат точно во исто време.

Дискорд претходно тестираше слична опција, но потоа се откажа. Откако Рајтм беше затворен, потребата повторно се појави. Со таа опција, корисниците можеа да слушаат музика на YouTube со пријателите на Discord, без вообичаените реклами. Google на крајот откри дека ова ги прекршува правилата за користење на YouTube, па дури и креаторите на Rythm во таа прилика рекоа дека очекуваат да ги укинат во одреден момент.

Дискорд сега се обидува да ја пополни празнината, и останува да видиме како ќе реагираат корисниците на „Watch Together“

ФОТО: Jakub Porzycki/NurPhoto Via Getty Images
Извор: Mashable

Прочитај повеќе...

Магазин

Европската комисија предлага единствен полнач за сите електронски уреди

Објавено пред

на

Европската комисија (ЕК) предложи USB-C да биде заеднички порт за сите електронски уреди.

Денешниот предлог предвидува USB-C да стане стандардeн порт за сите паметни телефони, таблети, камери, слушалки, преносни звучници и рачни конзоли за видео игри.

„Ова ќе им овозможи на потрошувачите да ги полнат своите уреди со ист USB-C полнач, без оглед на марката на уредот“, стои во предлогот на ЕК.

Како што е наведено во писмениот предлог на ЕК, усогласената технологија за брзо полнење ќе помогне да се спречат различни производители неоправдано да ја ограничат брзината на полнење и ќе помогне да се осигура дека брзината на полнење е иста при користење на кој било компатибилен полнач за уреди.

Европскиот комесар за внатрешен пазар, Tierry Breton (Тиери Бретон) истакна дека овој предлог ќе им овозможи на потрошувачите да немаат обврска да купуваат полнач со уредот. Според Бретон, ова „би заштедило околу 15 милиони евра годишно (за купување полначи) и илјадници тони отпад“.

„Полначите ги напојуваат сите наши најважни електронски уреди. Со сe повеќе уреди, се продаваат се повеќе полначи кои не се заменливи или не се потребни. Ние ставивме крај на тоа. Со нашиот предлог, европските потрошувачи ќе можат да користат еден полнач за целата нивна преносна електроника – важен чекор за зголемување на удобноста и намалување на отпадот “, рече еврокомесарот Тиери Бретон.

Овој предлог треба да биде усвоен од Европскиот парламент, како и земјите -членки на Европската унија (ЕУ). Се предвидува преоден период од 24 месеци од датумот на усвојување за да и се овозможи на индустријата доволно време да се прилагоди пред имплементацијата.

Доколку овој предлог биде усвоен, тоа ќе значи дека производителите на електронски уреди на заедничкиот европски пазар ќе бидат обврзани да ги имаат сите уреди со USB-C полнач.

Инаку, ЕК работи од 2009 година на изнаоѓање заедничко решение за полнење мобилни телефони и слични електронски уреди. Во 2009 година, ЕК за првпат овозможи доброволен договор помеѓу индустријата, што доведе до усвојување на првиот Меморандум за разбирање и доведе до намалување на бројот на постојните решенија за полнење мобилни телефони на пазарот од 30 на само три вида полначи.

Извор: SE
Фото: Pixabay

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен денПред 5 часа

На денешен ден (28 септември)

48 п.н.е. – Гнај Помпеј Велики, еден од најголемите римски државници и воени водачи, е убиен во Египет, кој го...

ХороскопПред 6 часа

Денешен Хороскоп (28 септември) вторник

ОВЕН Дејствувате многу претпазливо и не сакате да преземате премногу ризици во деловните и финансиските преговори. Сепак, ќе мора да...

СветПред 8 часа

„Фајзер“ објави дека започнува големо истражување кое тестира орален лек за спречување ковид инфекција на прележани од Ковид-19

Фајзер објави дека започна големо истражување во кое тестира орален антивирусен лек за да спречи инфекција со ковид кај оние...

МакедонијаПред 16 часа

РКЕ донесе одлука, од ноќеска дизелот поскапува, додека цената на бензинот се намалува

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

СкопјеПред 16 часа

МВР по распишана потерница, приведе двајца измамници од Скопје

Денеска (27.09.2021) од 09.15 до 10.20 часот на ул.„Виктор Иго” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим Потраги, по распишана...

Временска прогнозаПред 22 часа

Сончево и топло уште денес, од утре попладне и следните денови врнежи од дожд и пониски температури, ова се деталите..

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен...

На денешен денПред 23 часа

На денешен ден (27 септември)

1601.- Роден е францускиот крал Луј XIII, еден од најмоќните европски монарси. За време на неговото владеење (1610-43), тој воведе...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес (27 септември) понеделник

ОВЕН Бидете внимателни ако планирате да ги правите работите поинаку или едноставно денес одлучите да промените нешто во вашиот секојдневен...

КичевоПред 1 ден

Редици пред Крнинската икона на Пресвета Богородица во Пречиста поради нејзините чудеса

И оваа година, на празникот Рождество на Пресвета Богородица, кој воедно е манастирска слава на Манастирот Пречиста Кичевска, редици верници...

КултураПред 1 ден

Денес е Крстовден, од народните верувања се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува

Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат. На Крстовден се...

НАЈЧИТАНИ