Следете не

Фчерашни новости

Фчерашни: Како да се поздравуваме за време на Корона?

Објавено пред

на

Вирусот корона ги натера сите поинаку да пристапуваат кога се гледаат со роднини и пријатели. Фчерашни новости успеа да дојде до видео упатство за тоа како да се поздравувате со истите во време на пандемија. Кога здравјето е најбитната работа, мора некои навики да се променат.

Воедно, во епизодата од вчера можевте да погледнете и што прави еден Македонец кога ќе се врати од Италија и зошто да не бидете како него. Како напредува сточарството во Македонија и зошто е нонстоп во пораст!?

И на крај на барање на гледачите, се врати дежурниот експерт Путец, слушнете ги неговите совети за последните случувања во нашата држава.

Магазин

(ВИДЕО) Фчерашни Новости: Колку е тешко да се избере вистинскиот кандидат!? 

Објавено пред

на

Во последната последна епизода на „Фчерашни Новости“, за ова последно лето од 2020 година, решивме да посветиме малку време и на љубовта, со шоуто наречено „Луди за љубов“. Во шоуто ќе можете да погледнете колку е тешко да се избере некој на подолго време, кои карактеристики треба да ги има кандидатот, зошто не се седнува со секого на маса и други прашања општокорисни за меѓучовечките односи.

Македонија е земја на генијалци заборавени од државата. Еден таков пронашол нов принцип на гласање со помош на нуркачко одело. Не веруваме дека овој принцип ќе се прошири кај народот, со оглед на тоа што секој треба да си купи своја боца за кислород, но генијалците секогаш наоѓаат свој простор во Фчерашни новости да го презентираат својот изум.

Од посериозни принципи на гласања го имаме Стојанче со неговата „Обука за гласање“. Тој ќе ви демонстрира како да гласате внимателно и без страв да не го закачите оноа на „К“, а што не е пиво. Ќе дознаете зошто пенкалото за гласање не се грицка без оглед на тоа што носите маска, а ако го гризнете ќе треба да си го земете дома, освен ако не е врзано за гласачката кутија, тогаш не веруваме дека ќе ви дозволат да однесете дома и гласачка кутија.

Направивме и интервју со најозборуваната личност во Македонија во последно време, ковид – 19. Дознавме како дошол кај нас, што мајка бара тука и кога ќе си оди, ако може што поскоро би било супер. Ако треба еве и ние ќе се собереме и ќе му платиме карта во еден правец, само нека се мани веќе од кај нас.

Се врати и Путец. Најбараниот бербер кој е секогаш информиран од прва рака. Ќе ви раскаже која фризура ќе биде хит ова лето; зошто не се остава на берберот сам да одлучи како ќе ти биде патецот, зошто не се става афтершејв на глава и други берберски совети кои веруваме дека ќе ви се најдат во периодот кој следи.

Целата епизода ја имате на јутјуб.

Имајте убаво лето, а ние, здравје Боже, се гледаме од септември.

Прочитај повеќе...

Фчерашни новости

Фчерашни Новости со нов термин и квиз „Кој сака да биде Фчерашен“

Објавено пред

на

Во период кога замреа квизовите и знаењето на народот се тестира со избери бројка, отвори кутија, решивме да го вратиме популарниот квиз, „Кој сака да биде Фчерашен?“, во кој не се доделува милион, затоа што го немаме.
Мерките за седење по кафани се олабавија, а со тоа и граѓаните. После долго време, двајца другари од различен дел на градот решија да седнат во една локална биртија, чие име не се спомнува поради семејни недоразбирања. Што си кажаа тие и зашто!?
Не се само кафаните места за олабавување, исто се и куќните прослави од типот мекици, каде на големо се прави неврзан муабет до кога со коронава и зашто уште не си женет/мажена, ајде време ти е, гледај ја братучетка ти трето дете носи, без средно да заврши.
За крај имаме и таксист. Да, од оние што знаат се или најверојатно дома не им даваат да зборат, па секогаш кога ќе влезе клиент се отвараат како границите на една земја во време на корона.
Не заборавајте. Имаме нов термин. Недела, 18:30 часот, на Канал 5 телевизија.

Прочитај повеќе...

Фчерашни новости

Фчерашни Новости на ваше барање во недела емитуваат компилации од сите сезони, не пропуштајте!

Објавено пред

на

На барање на гледачите, Фчерашни Новости ги репризира најсмешните прилози од изминатите пет сезони. Во оваа епизода ќе се потсетиме до каде сме со екологијата во државата. Која е најомилена друштвена игра на политичарите? Си пишуваат ли полициските службеници казни еден на друг? И можеби најинтересниот прилог за секое домаќинство, во недела ќе дознаете како да ја намалите сметката за струја.

Недела 19:30 часот, Канал 5 телевизија.

 

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

СветПред 1 минута

Три четвртини од Европејците вакцинирани

БРИСЕЛ – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вели дека ЕУ извезла над милијарда дози вакцини против Ковид...

АвтомобилиПред 42 минути

На денешен ден започна да се произведува легендарнато „Фиќо“ (ВИДЕО)

На 18 октомври 1955 година, првиот од 923.487 автомобили „Застава 750“ излезе од фабричката линија на фабриката „Застава“ во Крагуевац....

МагазинПред 50 минути

Претставен OnePlus Watch Harry Potter Edition

OnePlus Watch Harry Potter Edition беше официјално претставен, три месеци пред дваесетгодишнината од објавувањето на првиот филм за Хари Потер....

МагазинПред 4 часа

Прелистувањето на интернет на мобилни уреди никогаш не било полесно и поточно

Се проценува дека новиот начин на прикажување на резултатите од пребарувањето ќе го зголеми просечно бројот на прегледани страници. Google...

МагазинПред 4 часа

Зошто Netflix влегува во сферата на видео игрите?

Netflix ги избра видео игрите како едно од своите најважни деловни потфати. Netflix gaming Netflix почнува да произведува видео игри,...

Временска прогнозаПред 6 часа

Уште денес променливо облачно, од утре сонце и стабилизација

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од променлив правец. Особено во...

ХороскопПред 16 часа

Денешен Хороскоп (18 октомври) понеделник

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

МакедонијаПред 24 часа

Ова се денешните Ковид бројки по градови

Во последните 24 часа направени се 3.045 тестирања, а регистрирани се 329 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 178...

МакедонијаПред 1 ден

Утрово земјотрес детектиран во северозападниот дел на Македонија

Земјотрес со магнитуда од 2,2 степени според Европската макросеизмичка скала, утрово околу 7.23 часот беше почуствуван во Маврово и околината....

Здравје и убавинаПред 1 ден

Десет намирници за спас од болки за вашето грло

Болката во грлото е чест и непријатен здравствен проблем во постудените денови. Најчестите причини се вируси или бактерии, но иритациите...

НАЈЧИТАНИ