Следете не

Спорт

ФФМ најуспешна федерација, Пандев најдобар фудбалер, популарниот „Мрме“ селектор на годината

Avatar

Објавено пред

на

Вчера вечер во организација на АМС се реализираше настан за прогласување на најдобрите арбитри за изминатата 2020-та година во спортот, според сите протоколи во СЦ „Борис Трајковски“.

Поделени беа признанија за спортистите и спортските работници.

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Горан Пандев е избран за најдобар спортист за 2020 година во изборот на Сојузот на спортови и Агенцијата за млади и спорт, покрај Македонската фудбалска репрезентација која е и најдобар национален тим за 2020 година, додека популарниот “Мрме” – Игор Ангеловски е најуспешен селектор.

Фудбалската федерација на Македонија е најуспешна федерација во годината што е зад нас.

Честитки!

ФОТО: gol.mk

Спорт

Се е спремно за реваншот помеѓу Ливерпул и Лајпциг на истиот стадион

Avatar

Објавено пред

на

УЕФА закажа уште еден натпревар помеѓу Ливерпул и Ред Бул Лајпциг на исто место – во Будимпешта. Првиот натпревар помеѓу овие два тима во осминафиналето од Лигата на шампионите се одигра на „Пушкаш“ арената на 16 февруари, Ливерпул го доби со 2:0, а Европската фудбалска унија денес донесе одлука реваншот да се игра на истиот стадион.

Домаќин ќе биде Ливерпул, а правилата остануваат исти, голот на гости е валиден, иако двата тима се вистински гости во главниот град на Унгарија.

Натпреварите се играат на неутрален терен бидејќи германската влада сè уште не им дозволува на патниците од Островот да влезат во земјата без двонеделен карантин.

– „УЕФА изразува благодарност до Ливерпул и РБ Лајпциг за поддршката и соработката во овој случај, како и до Фудбалскиот сојуз на Унгарија за помошта и согласноста за организирање на натпреварот“, стои во соопштението на УЕФА.

Арената „Пушкаш“ беше сведок на добар фудбал во последниот месец, бидејќи беше домаќин на дуелот помеѓу Менхенгладбах и Манчестер Сити, потоа Тотенхем и Волфсбергер во Лигата на Европа, а таму ќе се игра и реваншот меѓу Молде и Гранада во ЛЕ.

ФОТО: skysports

Прочитај повеќе...

Спорт

Македонската футсал репрезентација во петок гостува против Србија, три дена подоцна ќе одиграме реванш во Скопје

Avatar

Објавено пред

на

Македонската футсал репрезентација во петок против Србија во Врање ќе го одигра натпреварот од третиот круг од квалификациите за Европското првенство. Три дена подоцна во С.Ц. „Јане Сандански“ ќе го одиграме возвратниот дуел со Србија.

Нашата најдобра футсал селекција освои бод на воведните два меча. Загубивме со 2:1 против БиХ на гости, а на домашен терен одигравме 2:2 против Романија.

Селекторот Васко Скендеровски за двомечот со Србија нема да смета на Даниел Де Соуса поради повреда, а неизвесни за настап се и Ранготов и Крстевски. Во конкуренција за настап се следните играчи:

Голмани: Антонио Петровски (СК Проект Цујо), Иван Стојановски (Шкупи);

Одбрана: Реџеп Сулејмани (Шкупи), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Ферид Агуши (Шкупи), Драган Петровиќ (Шкупи), Орхан Ибиши (Приштина Мабетекс, Косово), Харис Омеровиќ (Арбен Бајрами);

Напад: Иван Крстевски (СК Проект Цико), Игор Леовски (Славија Прага, Чешка), Адријан Мицевски (Бетон бојс, Германија), Дарко Ранготов (СК Проект Цико), Мартин Калчевски (Велес), Петар Даиловски (Железарец), Еркан Сефери (Шкупи), Јакуп Рамадани (Арбен Бајрами), Џокица Арсовски (Стуттгартер, Германија); 

– Не очекуваат два исклучително тешки натпревари против петтата најдобра селекција во светот. Хендикеп за нас е отсуството на еден од нашите најдобри играчи, Даниел Де Соуса, како и повредите на Крстевски и Ранготов. Исто така, поради Ковид протоколите тимот се комплетираше пред два дена, но се додека постојат шанси нема предавање и ќе се обидеме да направиме изненадување на овие два натпревари со што би ни се отворил патот за Европското првенство.

Како што ветив и минатиот пат, продолжува трендот на подмладување. На овој собир вклучивме тројца дебитанти за да ја почувствуваат атмосферата во националниот тим. Овие натпревари се голем притисок за Србија, освоија само бод, а беа посочени како топ фаворити во групата и можеби тука е нашата шанса за изненадување, изјави селекторот Васко Скендеровски.

Прочитај повеќе...

Спорт

ФФМ: Дисквалификувана екипата на Вардар Форино од натпреварувањето во Втора МФЛ – Запад

Avatar

Објавено пред

на

Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија според член 82.  од Правилникот за натпреварување на ФФМ донесе одлука за дисквалификација на екипата на ФК Вардар с. Форино од понатамошно натпреварување во Втора МФЛ – Запад поради неоправдано непојавување на натпреварот од 17. коло на Втора МФЛ – Запад помеѓу ФК Вардар с.Форино – КФГ Гостивар закажан на 27. февруари 2021 година во Гостивар. Комисијата за натпреварување овој натпревар го регистрираше со службени 0:3 за екипата на КФГ Гостивар.

Екипата на ФК Вардар с.Форино се враќа во најнизок степен на натпреварување во Општинскиот сојуз каде што припаѓа – ОФС Гостивар.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

СветПред 48 минути

(ВИДЕО) Жителите во паника, на Нов Зеланд му се заканува „Цунами“ по земјотресот од 8,1 степен според Рихтер, во прилог снимки од серијата потреси..

Серија силни земјотреси го погодија Нов Зеланд. По земјотресот со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала во 2:27 часот...

ХороскопПред 1 час

Хороскоп за денес (5 март) петок

ОВЕН Овните денес би можеле на ум да имаат најмногу загриженост околу финансиите. Можеби сте имале повеќе трошоци во последно...

КичевоПред 10 часа

Важна информација од Кичевска Парохија

Кичевското архиерејско намесништво ги известува своите верни чеда дека на ден 05.03.2021 година (петок) ќе се изврши општ Парастос (опевање...

МакедонијаПред 11 часа

Денеска 721 нови случаи на Ковид-19, драстичен скок на новозаболени

Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 357 -Прилеп...

ЗанимливостиПред 13 часа

Сè што треба да знаете за витамин Д3

Сонце, море, плажа, витамин Д3. Ако не сте многу јасни за тоа како овие термини се меѓусебно поврзани, не грижете...

СветПред 13 часа

Тинејџер во Австралија починал откако бил каснат од медуза

Тинејџер во Австралија почина откако го касна отровна медуза, што е прв ваков случај во последните 15 години, соопштија денес...

ЗанимливостиПред 13 часа

(ФОТО) За 8-ми март женски продукти на акција само во АТВА Маркети – Кичево

Бараните женски производи по повод 8-ми март, на акциска цени само во реномираните АТВА Маркети од Кичево

СпортПред 13 часа

Се е спремно за реваншот помеѓу Ливерпул и Лајпциг на истиот стадион

УЕФА закажа уште еден натпревар помеѓу Ливерпул и Ред Бул Лајпциг на исто место – во Будимпешта. Првиот натпревар помеѓу...

Временска прогнозаПред 13 часа

До крајот на денот топло, од утре во текот на денот облачноста ќе се зголемува и температурите ќе се спуштаат, детали..

Денес времето кај нас ќе биде сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека...

СветПред 13 часа

Тим на научници најавуваат Ковид-19 вакцина во вид на спреј

Неколку научни тимови низ целиот свет работат на развој на вакцина за коронавирус, која би се давала назално во форма...

НАЈЧИТАНИ