Следете не

Спорт

ФФМ продолжува да ги покрива трошоците за патувања на сите натпреварувања од младинските категории, футсал, женските лиги, како и трошоците за службени лица

Објавено пред

на

За македонскиот фудбал и активностите кои се превземаат за унапредување на условите и квалитетот на фудбалската игра кои се одвиваат во националните натпреварување, Фудбалската федерација на Македонија за првата половина од натпреварувачката сезона 2020/21 целосно ги подмири трошоците за патувања на екипите од сите младински лиги во рамки на ФФМ, Првата и Втората футсал лига и лигата во женска конкуренција. Исто така, Фудбалската федерација на Македонија продолжи да ги покрива целосните трошоци за официјалните лица на натпреварите во сите категории.

– Во изминатиот период еден од главните приоритети на нашата федерација, согласно стратешкиот план беше вложувањето во фудбалската инфраструктура и целосна поддршка во секаква смисла за Националните репрезентации и академиите на ФФМ.

Реализацијата на низа проекти, започнувајќи од стадионите во Прилеп и Чаир кои се веќе завршени, преку „Билјанини Извори“ во Охрид и стадионот во Кавадарци кои се во завршна фаза, потоа тетовско Џепчиште и вештачкиот терен во Струмица и започнувањето со активности на стадионот во Штип ни дава за право да веруваме дека можеме да одиме чекор повеќе во создавањето квалитетна спортска инфраструктура, но исто така да бидеме од помош за лигите и развојот на младинскиот, футсал и женскиот фудбал.

Фудбалската федерација на Македонија веројатно е единствената спортска институција во нашата држава која на таков начин, со средства од свои и извори од меѓународните фудбалски институции, ги реализира своите проекти и никогаш нема да ги изневериме очекувањата на клубовите во таа смисла. Сите наведени трошоци ќе ги покриваме и во полусезоната која нѐ очекува веќе од март оваа година и се надеваме дека тоа ќе биде поттик за сите екипи од лигите да придонесуваат повеќе во развојот на нашиот фудбал, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Спорт

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 на почетокот од месец април ќе земе учество на меѓународен турнир „Истра Куп 2024“ во Хрватска

Објавено пред

на

©ФФМ

Младата македонска футсал репрезентација на Македонија во периодот од 1. до 7. април ќе земе учество на силниот меѓународен турнир „Истра Куп 2024″, кој ќе се одржи во Умаг, Хрватска. Нашите млади футсал играчи се наоѓаат во групата Б заедно со селекциите на Словенија, домаќинот Хрватска и САД до 18 години.

Во групата А од меѓународниот турнир се наоѓаат селекциите на Франција, Словачка, САД до 19 години и Црна Гора. Во првиот меч, нашата футсал репрезентација ќе се соочи со Словенија, на 2. април со почеток во 18. часот.

Во второто коло кое е на програмата на 3. април играме со домаќинот Хрватска, во 18. часот. На 5. април, со почеток во 13. часот ќе играме со САД до 18 години во рамките на третото коло од турнирот.

Селекторот на младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години, за претстојниот меѓународен турнир „Истра Куп 2024″, се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Кристијан Гавровски, Давид Тоневски, Петар Постоловски, Матеј Митровски, Марко Јанушев, Петар Каров, Драган Цветковски (голман), Убејд Бериш, Стефан Апостолоски, Илија Јанкуловски, Ивица Ангелески, Марио Јанев, Никола Стоимировски, Алек Тошевски (голман)

Прочитај повеќе...

Спорт

Денес беа извлечени паровите на полуфиналето во Купот на Македонија за младиснки категории

Објавено пред

на

©ФФМ

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, се одржа ждрепка на која беа извлечени паровите за полуфиналете во рамките на Купот на Македонија за млади категории.

Натпреварите од полуфиналето на Купот за младинци ќе бидат одиграни на 16, 17 и 18 април.

Се игра по еден меч, доколку заврши нерешено се пристапува директно кон изведување на пенали.

РАСПОРЕД:

Младинци:

Пелистер – Беласица

А.П. Брера – Македонија Ѓ.П.

Кадети:

Шкупи – Шкендија

Брегалница – Вардар

Пионери:

Пелистер – Работнички

А.П. Брера – Шкупи

Помлади пионери:

А.П. Брера – Шкендија

Пелистер – Победа

Прочитај повеќе...

Спорт

Нова победа на македонската репрезентација до 18 години на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″

Објавено пред

на

ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп 2024″.

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ, по победата над Естонија зеблежаа нов убедлив триумф со 3:0 над ФК Анталиаспор.

Нашите млади фудбалери одиграа феноменално прво полувреме надигрувајќи го противникот во секој сегмент од играта. Во првите 30. минута успеавме да постигнеме три погодоци и многу рано да го решиме прашањето на победникот на оваа средба.

На самиот старт на средбата, Силјановски постигнува гол за водство на Македонија. Три минути подоцна Гаштаров ја зголемува нашата предност. Матески во 30. минута се запишува во листата на стрелците и ги поставува конечните 3:0.

МАКЕДОНИЈА: Амар Хаџибулиќ, Андреј Љубевски, Габриел Крстевски, Нуман Ајетовиќ, Милот Синани, Адриан Незир, Давид Ристовски, Никола Манојлов, Давид Матески, Матеј Гаштаров,  Андреј Силјаноски;

Селектор: Вујадин Станојковиќ.

Во претходното коло, Македонија забележа убедлива победа над Естонија со 3:0.

Во воведното коло од силниот меѓународен турнир во турска Анталија, нашите млади фудбалери незаслужено беа поразени од Молдавија со минимални 1:0.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп54 минути

Хороскоп за петок (29 март)

ОВЕН Прилично сте дипломатични и на шармантен начин ги постигнувате деловните цели. Обожавате се кај партнерто и имате чувство дека...

Спорт1 час

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 на почетокот од месец април ќе земе учество на меѓународен турнир „Истра Куп 2024“ во Хрватска

Младата македонска футсал репрезентација на Македонија во периодот од 1. до 7. април ќе земе учество на силниот меѓународен турнир...

Спорт2 часа

Денес беа извлечени паровите на полуфиналето во Купот на Македонија за младиснки категории

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, се одржа ждрепка на која беа извлечени паровите за полуфиналете во рамките...

Кичево4 часа

Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!

На ден 05.04.2024 петок со почеток од 19:00 фолклорниот оддел на Државното Музичко училиште од Струга ќе одржи хуманитарен концерт...

Кичево11 часа

МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед

На 27.03.2024 на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси...

Магазин11 часа

Рендерите на Google Pixel 9 откриваат промени во дизајнот на претстојниот телефон

Во новите CAD-слики или рендери, Google Pixel 9 има ново, ревидирано куќиште на камерата што сега има овална форма, без...

Магазин12 часа

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI доаѓа на избрани Galaxy уреди денес

Новото ажурирање One UI 6.1 ја носи револуционерната мобилна вештачка интелигенција Galaxy AI на уште повеќе корисници на уреди Samsung...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за четврток (28 март)

ОВЕН Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем....

Кичево1 ден

„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата

Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“...

Lifestyle1 ден

Дали знаете што значи WC?

Дали некогаш сте застанале да размислите за значењето на буквите „WC“ на знакот за јавен тоалет? Иако е вообичаена глетка...

НАЈЧИТАНИ