Следете не

Спорт

ФФМ работи на обнова и реконструкција на фудбалската инфраструктура на повеќе стадиони во нашата држава

Објавено пред

на

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА ги продолжува проектите за обнова и реконструкција на фудбалската инфраструктура во државата.

Во овој период тековни градежни активности се одвиваат на стадионите во Чаир, Охрид, Прилеп и Битола, а за „Куќата на фудбалот“, еден од важните проекти во периодот што следува е целосна обнова со изградба на две нови трибини на градскиот стадион во Штип.

 

Спорт

Ова се 11-те лавови кои ќе стартуваат на мечот против Бугарија

Објавено пред

на

Предмалку објавени беа 11-те момчиња кои ќе бидат стартери на мечот против Бугарија на „Тодор Проески“. Што се однесува до важноста на мечот, оваа е практично директна битка за подобра позиција во групата, што носи поволности понатаму.

Напред МАКЕДОНИЈА!
Среќно!

Прочитај повеќе...

Спорт

Ѓоковиќ играше повреден, за медиумите изјави дека се надева на поголема подготвеност во Торино

Објавено пред

на

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ призна дека веќе неколку дена има проблеми со повреда на зглобот на десната рака, пренесуваат британските медиуми.

Ѓоковиќ настапуваше за „Тим Европа“ на Лејвер купот во Лондон. Тој во саботата одигра два меча, еден во сингл и еден во двојки, а претходно денеска беше поразен од Феликс Огер-Алијас со 6:3, 7:6.

„Се борев со болките на десниот зглоб во последните четири/пет дена, но го држев под контрола. Денеска не беше лесно, бидејќи не можев да сервирам брзо и прецизно како што сакав. Не играв за три месеци не го користев многу зглобот. Можеби затоа ме болеше малку, но делумно е и поради двата меча што ги одиграв вчера. Се надевам дека ќе се поправи до мојот прв натпревар во Израел. Не е истиот зглоб со кој имав проблем пред неколку години, за време на Олимпијадата во Рио де Жанеиро“, изјави Ѓоковиќ.

Тој од Лондон ќе отпатува за Израел каде следната недела ќе игра на АТП турнирот во Тел Авив.

„Мојата цел е да се пласирам на завршниот турнир во Торино. Сега сум 15-16-ти на листата за оваа година, а треба да бидам на 20-та за да се квалификувам на завршниот турнир како грен слем шампион. По тел Авив, ќе играм во Астана, а потоа и на Мастерсот во Париз и се надевам во Торино“, изјави Ѓоковиќ.

Прочитај повеќе...

Спорт

Барди: „Имаме нови играчи кои во своите клубови даваат голови, нашето време доаѓа, утре одиме на победа пред нашата публика!“

Објавено пред

на

Македонија одигра добро во Тбилиси, но загуби. Капитенот Енис Барди вели дека сепак резултатот е најважен и верува дека сега и тој аспект ќе биде многу подобар против Бугарија во Скопје. Фудбалската репрезентација утревечер го игра последниот меч од Лигата на нации.

„Заслуживме мнгу повеќе според играта, но фудбалот се игра на резултат и не е добро кога ќе загубиш. Се надеваме дека утре ќе бидеме многу подобри и дека на крајот ќе освоиме три бода. Имаме нови фудбалери, тие имаат квалитет, даваат голови во клубовите, но треба да дојде моментот да се вклопиме добро и во националниот тим. Би сакал да им дадеме и малку повеќе трпение, и Мио и Мице се одлични напаѓачи. Мислам дека имам одлична генерација и ќе направиме големи работи. Нашата цел е јасна, тоа е Европското првенство во 2024 година“, изјави капитенот Енис Барди.

Извор: makfudbal.mk

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура1 час

Денеска е Крстовден, од народните верувања се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува

Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат. На Крстовден се...

Хороскоп7 часа

Хороскоп за вторник (27 септември)

ОВЕН Полни сте со ентузијазам и со многу оптимизам се фокусирате на деловните обврски. Љубовта ви е во мислите но...

Спорт11 часа

Ова се 11-те лавови кои ќе стартуваат на мечот против Бугарија

Предмалку објавени беа 11-те момчиња кои ќе бидат стартери на мечот против Бугарија на „Тодор Проески“. Што се однесува до...

Култура13 часа

Крстовден единствениот празник што започнал да се прославува истовремено со случувањата на самиот настан

Крстовден, или Воздвижението на Чесниот Крст, како празник се јавува со самото пронаоѓање на Светиот и Животворен Христов Крст, којшто...

Свет18 часа

Полицијата во Сан Франциско може да гледа приватни камери за надзор во реално време

Полицијата во Сан Франциско доби засилување во нивните овластувања за надзор оваа недела, откако градскиот одбор на надзорници гласаше да...

Свет18 часа

ФОТО Еруптираше подводен вулкан, НАСА фотографираше нов остров во Тихиот Океан

Само единаесет часа откако вулканот почна да еруптира, нов остров се појави над површината на водата, според НАСА, која сними...

Lifestyle18 часа

Научниците открија колку мравки живеат на Земјата

Се предвидува дека човечката популација во светот ќе надмине 8 милијарди во наредните месеци. Во споредба со мравките, тоа е...

Магазин18 часа

Samsung патентирал препознавање лице со две камери под екранот

Иако новиот патент датира од март 2021 година, Samsung веќе има големо искуство со вакви камери, а серијата Fold веќе...

Магазин18 часа

Сега можете да поништите праќање порака и на iPhone

iMessage за iPhone доби можност за враќање на испраќањето, како и за уредување пораки – еве како можете и вие...

Магазин18 часа

Британската полиција го уапси наводниот хакер на „GTA VI“: Има само 17 години

Според извештаите, тоа е поврзано и со сајбер нападот врз Uber Полицијата во Велика Британија уапсила 17-годишен хакер. Според последните...

НАЈЧИТАНИ